Mercedes

  • Креатор на темата Креатор на темата mRnO
  • Време на започнување Време на започнување
Gradico BMW :)
Piacere di guidare - Задоволство да се вози би му дошло...
Како и пепеГТ, и јас сум повеќе за БМВ, Мерцедесот некако ми е не како за мојот карактер :)
Можеби на 50 и кусур години би си купил еден. Засега, наредната кола која ќе ја купам би била Алфа или БМВ, нова од салон....
Поверојатно Алфа...

heyy moj predlog kako bivsi Alfist so "Cuore Sportivo"-sportsko srce
podobro ti e "Piacere di guidare"zadovolstvo da se vozi BMW e mn.mn. mn. podobro:toe:
 
Pepе, како сакаш гледај, неможе да се речи дека Мерцедесот е “домаќинско возило“ а БМВ е спортско, кон тоа одеше мојот пост. Имаат и двете компании солидни модели кои се разлкуваат само во нијанси и пресудно за нивно купување е вкусот на чорбаџијата (оној де што јаде чорба од сабајле :helou:).

А мислам дека и за атмосверски мотор без турбо најсилен во сериско производство е V12 на Мерцедес :smir:

п.с. најновите шпекулации викаат дека Мерцедес и БМВ можно е да се спојат (нешто како што беа мерцедес и крајслер) во една компанија и да делат платформи, технологии и тн.
 
m verziite na bmw se mokni ama sega vekje ne se tolku nedostizni porano mercedes ne pravese takvi vozila ama sega so novive modeli ja mislam se izednaceni zemete primer novata C63 AMG so M3 na pravo ke ja naprai lom imase i na topgear samo m3 e pobrza okolu stazata zosto e mnogu po stabilna slusnete go zverot
 
со Б класата мерцедес дефинира нова класа на коли " Sports Tourer" нешти измеѓу compact и van, спортски изглед, комоција и простор...според просторот (волуменот) кој го нуди оваа класа се става во горната средна класа каде нормално е Е класата.

Volkswagen сака да конкурира и го извади Golf plus кој според мене само со цената може да се мери..
57418648_3f38a78d15.jpg

Mercedes_B_Klasse_2008_003.jpg

Mercedes_B_Klasse_2008_002.jpg

57418651_a36d8d2b64.jpg

http://automobil-blog.de/wp-content/uploads/Autos/Mercedes/B_Klasse/Mercedes_B_Klasse_2008_003.jpg
 
Pepе, како сакаш гледај, неможе да се речи дека Мерцедесот е “домаќинско возило“ а БМВ е спортско, кон тоа одеше мојот пост. Имаат и двете компании солидни модели кои се разлкуваат само во нијанси и пресудно за нивно купување е вкусот на чорбаџијата (оној де што јаде чорба од сабајле :helou:).

А мислам дека и за атмосверски мотор без турбо најсилен во сериско производство е V12 на Мерцедес :smir:

п.с. најновите шпекулации викаат дека Мерцедес и БМВ можно е да се спојат (нешто како што беа мерцедес и крајслер) во една компанија и да делат платформи, технологии и тн.

mercedes so atmosverski-aspirato motor S classe AMG V12 6.0L = 6208cc 525hp. ti e naj mokniot motor dokolku e potpisan AMG.........
a bez AMG potpis istiot model-motor ti e samo 451hp.

dokolku BMW M5 series e V10 5.0L= 4889cc od 507hp do 606hp.
Razlika 2 cilindri i 1400cc pomalku kaj BMW dokolku od 50 do 80 hp poveke.......:vozbud: i kvalivikuvani rezultati..:pishtoldz
 
Mercedes E500 Coupe

e_class_coupe.jpg
На промоцијата на безбедносните системи на Mercedes, која ја организираше увозникот на автомобилите на сребрената ѕвезда, МакАутоСтар, редакцијата на koli.com.mk имаше можност да седне зад воланот на новото E500 Coupe, со мускулест V8 мотор со зафатнина од 5,5 литри и 388 КС.
Нова номенклатура, нов помашки дизајн
Новото купе на Mercedes е наследник на моделот CLK. Покрај новото име, ова купе има и нов пристап кон таквиот тип на возила – многу е поелегантно, со скриена агресивност и неколку решенија кои го раздвојуваат од толпата. Дизајнот го карактеризираат поостри линии, кои придонесуваат за една доза на агресивност, придружена со префинетост во линиите, посебно во задниот дел. Целосно, E Coupe остава впечаток на прав машки автомобил.
И во внатрешноста е забележлива примената на поостри линии, во споредба со старата Е класа, чиј ентериер беше со меки и флуидни линии. Овде, предната табла повеќе изгледа како да ја нацртал некој техничар со HB молив – прецизно, но и малку ладно. Mатеријалите се на највисоко ниво, впрочем како и што прилега на автомобил од оваа класа.
И токму во внатрешноста има еден детаЛ кој го разделува ова купе од другите конкуренти –задните прозори можат да се отворат, на копче, како и во сите други лимузини, што ја намалува клаустрофобијата која се јавува кај сите купеа. На ова се надоврзува и сончевиот покрив, преку кој влегува доволно светлина во кабината. Простор, како што му прилега на едно купе, има на претек на предните седишта, додека назад, мал е просторот за главата, болка која во помала или поголема мера ја имаат сите купеа.
Што има под хаубата?
Новото E Coupe се нуди со неколку софистицирани дизелски и бензински мотори со четири, шест или осум цилиндари. Силата на моторите се движи од 204 со 388 КС. Koli.com.mk го проба токму најсилниот, V8 со 388 КС, со кој автомобилот забрзува до 100 km/h за 5,2 секунди и се до максималните, ограничени 250 km/h.
Но, бројките не можат најдобро да ја раскажат приказната.
Мускулестиот V8 се одразува со длабок, баритонски звук, нештокако грмотевици да се испуштаат со секое притискање на педалата за гас. Сепак, звукот не е воопшто гласен – доаѓа како од позадина и воопшто не смета при подолги патувања.
Перформанси и возни својства
Перформансите се пеколни – благодарејќи на моментот од 530 Nm, моторот повлекува уште од ниски вртежи и не застанува до околу 6.000 врт/мин, овозможувајќи одлични забрзувања. На ова се надоврзува и 7G-Tronic, автоматскиот менувач со седум брзини, кој брзините ги менува скоро инстантно, притоа не пренесувајќи потреси во кабината, а се прилагодува и на стилот на возачот, па одвреме навреме го менува темпераментот на менување на брзините! За F1 расположените возачи, секако тука се и палките зад воланот.
Возните својства одговараат на карактерот на моторот – E Coupe е супер стабилен автомобил, но не се однесува како спортско купе. Едноставно, платформата превземена од C класата, е задолжена што поудобно и без многу напор да ги пренесе патниците до саканата дестинација. Секако, овозможена е забава, пред се поради погонот на задните тркала, но тркачите имаат да изберат други модели на пазарот. Штета, Mercedes најави дека нема да има E63 AMG изведба на автомобилот, па изборот би требал да падне на некоја друга марка.
Нова технологија?
Да, и тоа многу. Тука секако би го споменале Pre Safe системот, кој одржува безбедно растојание од автомобилот напред. Го пробавме на дело и можеме да кажеме дека работи брилијантно – треба само да се избере посакуваната брзина и да се врти воланот – кочењето го врши самиот автомобил и тоа многу меко, дури и незабележително. За споменување се и сензорите кои ги следат очите на возачот и кои испуштаат звучен сигнал доколку погледот е надвор од патот или пак ако возачот задреме. Има и многу други интересни системи, најдобро во однос на безбедноста. Подетални за нив ќе пишуваме дополнително, во специјално подготвените прилози за новите технологии на Mercedes.
Како стои со конкуренцијата?
Иако во името му стои буквата Е, овој автомобил е базиран на платформата на C класата, заради тоа што е полесен и поагилен. Главни конкуренти му се BMW 3 Coupe и Audi A5 - и двата поспортски и позабавни за возење, но суштината е дека Mercedes E Coupe не се ни обидува да биде како нив. Бидејќи имавме можност да возиме и BMW M3, со 420 КС, оценка е дека Баварецот е многу побрутален и поспортски, наменет токму за помладите возачи, за тие кои сакаат повеќе забава и победи на сите одмерувања на семафорите.

Mercedes E Coupe е смирен и удобен, со високо ниво на префинетост. Mercedes е изборот на џентлмените...
e_class_coupe-%282%29.jpg

DALI NEKOJ ZNAE STO CENA E ZVEROV ME INTERESIRA AKO IMATE INFORMACIJA PISETE :nesum:
 
Mercedes Classe E 500 Avantgarde, SAMO: 72.720 euro.
 
Го донесоа во Скопје. Бел. Го возат.

Во Скопје од новите ги има точно следните модели ( и по боја ќе ви ги погодам ):
2010-mercedes-e-class-coupe-1-450x337.jpg

mercedes_benz_s_class_s63_amg_2009_exterior_angularrear.jpg

0,,5529059,00.jpg

mercedes_m_amg_06.jpg
 
S63 ја видов позади Веро Аеродром. CL кај Тедико во Ново Лисиче.
 
CL има во Неготино, на наши таблички, а во Кавадарци возат еден на бугарски... Звукот не се опишува :) И двата се мислам 600.
 
Maшала кризава удира :pos2:
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom