Мене ова ми смета...

  • Креатор на темата Креатор на темата Anco
  • Време на започнување Време на започнување
Picture 518.jpg.Picture 519.jpg.Picture 523.jpg ми смета ова
што во нашава држава има лица што се хранат на овој начин а владата тоа не го гледа.
 
Ми сметаат гадните и небезбедни патишта, загадениот воздух, сиромаштијата, скапите споменици, глупавиот национализам, шовинизам, религиозниот фанатизам, ископлексираноста, кукавичлукот, лицемерието и неспособноста на моите сонародници за здаворазумско расудување ,екстремно корумпираните политичари, потплатените новинари,
мизерната програма на нашите мизерни телевизии, мизерната домашна музика, мизерните плати, претерано љубопитните комшии, гужвите по автобусите и гужвите пред шалтерите.

Исто така (ова е споредно) ми сметаат родители опседнати со своите деца, што ми го полнат news feed-от со слики и статуси за децата.
Исто така ми смета и кога истите ме дават со информации од типот што им јаделе денес децата и каков бисер кажале. Јеееј!
Ми смета кога морам да гледам филм во друштво.
Ми сметаат себични луѓе.
Тоа отприлика.
 
Ми смета тоа што има толку скржави и стиснати луѓе. На струмички, скаперници.
Па, ништо од нив да не излезе, ништо да не се даде, никому да не се помогне. Само ги гледаш како чекаат да „закачат“ нешто, како мрчат бидејќи ѓеврекот бил премногу мал за цената што ја имал, како се нервираат бидејќи другите луѓе имале „врски“ па добивале повеќе! Или пак, кога ќе ги праша човек дали ќе донираат во некоја хуманитарна акција, тие само прават еден грд израз на лицето кој означувам презир...Кога некој ќе си го збрчка лицето на тој начин, ми доаѓа да му го „скратам маките“, односно да го фрлам низ најблискиот прозорец!
Потоа, тоа што нема доволно места за паркинг може да извади од такт...Само замислете, седите во кола, лето е, испотени сте...Седите на задното седиште а татко ви вози...Кружите низ градот, но место никаде нема! Татко ви почнува да се нервира и да се дере...И на крај се наоѓа место на крајот од градот, па мора да пешачите по жешкото...
Понатаму, уличните тезги, посебно оние со рибите. Цел град смрди на риба од нив...Грдо! А не дека некој би се осмелил да купи риби од нив...Навистина, тие риби стојат на улица по цели денови, напрашени се, ги продава човек кој последен пат се туширал пред три месеци...Ајде, зеленчукот ќе го разберам некако, но рибите...е тоа не можам!
Има уште, поплавите во нашето маало после секој дожд. Бидејќи нашата улица е во низина и над нас има, како што ние ја викаме, населба „Свети 15“(затоа што има црква со истото име таму), а тоа е всушност населба населена од роми (кои не ја одржуваат многу хигиената)..секогаш кога ќе заврне дожд, кај нас „доаѓаат“ секакви „богатства“. На пример, кал, шишиња, телевизори, вреќи со пиперки, чевли, седечки гарнитури... А ПОТОА, никој не доаѓа од комуналната служба да исчисти, па ние во маалото го правиме тоа!
Доста проблеми има Стумицава...
 
Ми смета макијавелизмот, кој онака баш фино ни' ја мења вибрата. Уствари, повеќе ме натажува.
 
1900 и некоја,на некои му сметаше:Санданскизмот,Протоѓеризмот,Сарафизмот,
-
па потоа на некои му сметаше:Колишевизмот,Титоизмот па дури и Станилизмот,
-
па сега на некои им смета: Бранкоизмот, Ахметизмот,Андовизмот и Грујовизмот,
-
а на некои пак им смета. Леандризмот,Олимпијанизмот,Корунизмот,Фантонизмот,
море и Бидикоизмот,Мисирковизмот,Види фотизмот па дури и Ацидиизмот.
 
Picture 1219.jpg „анчоизам“ - до коска
очекувајте од утре кога ќе ги пуштите децата на шетање,а богами и тие 4х ножни срцки,
да дома ви остават отисоци по душемето од стапалата,патиките,шепите и копитата.
Е ова мене ми смета.........................................а вам.
Вака ќе биде со денови,па ќе очекуваме дождови и ветрови ова да го однесат далеку.
А еве и да проба некои да го очисти,нема да чуе за тоа време: Добар ден комшија...
како сте...аирлија работа. Туку само ќе го одминуваат што побрзо и што со понаведната глава ќе се бутнат во влезот. Од страв да не му се рече:
Придржија лопатава комшија.
 
Ми смета тоа што има толку скржави и стиснати луѓе. На струмички, скаперници.
Па, ништо од нив да не излезе, ништо да не се даде, никому да не се помогне. Само ги гледаш како чекаат да „закачат“ нешто, како мрчат бидејќи ѓеврекот бил премногу мал за цената што ја имал, како се нервираат бидејќи другите луѓе имале „врски“ па добивале повеќе! Или пак, кога ќе ги праша човек дали ќе донираат во некоја хуманитарна акција, тие само прават еден грд израз на лицето кој означувам презир...Кога некој ќе си го збрчка лицето на тој начин, ми доаѓа да му го „скратам маките“, односно да го фрлам низ најблискиот прозорец!
Потоа, тоа што нема доволно места за паркинг може да извади од такт...Само замислете, седите во кола, лето е, испотени сте...Седите на задното седиште а татко ви вози...Кружите низ градот, но место никаде нема! Татко ви почнува да се нервира и да се дере...И на крај се наоѓа место на крајот од градот, па мора да пешачите по жешкото...
Понатаму, уличните тезги, посебно оние со рибите. Цел град смрди на риба од нив...Грдо! А не дека некој би се осмелил да купи риби од нив...Навистина, тие риби стојат на улица по цели денови, напрашени се, ги продава човек кој последен пат се туширал пред три месеци...Ајде, зеленчукот ќе го разберам некако, но рибите...е тоа не можам!
Има уште, поплавите во нашето маало после секој дожд. Бидејќи нашата улица е во низина и над нас има, како што ние ја викаме, населба „Свети 15“(затоа што има црква со истото име таму), а тоа е всушност населба населена од роми (кои не ја одржуваат многу хигиената)..секогаш кога ќе заврне дожд, кај нас „доаѓаат“ секакви „богатства“. На пример, кал, шишиња, телевизори, вреќи со пиперки, чевли, седечки гарнитури... А ПОТОА, никој не доаѓа од комуналната служба да исчисти, па ние во маалото го правиме тоа!
Доста проблеми има Стумицава...

Па пресели се, ако ти смета :) Ако ти е проблем да живееш на долнина од Св.Петнаесет, Струмица изобилува со планини и ритчиња... Мој предлог Св.Илија, там ни живо пиле не пее, и така нема кој да те замара... Ае позз
 
Јас ја сакам Струмица и сакам да живеам во неа. Ако прозборам за проблемите тоа е за побрзо да се отстранат.
П.С Ако на секој кој не му се допаѓа нешто се исели од Струмица, таа ќе ги стигне селата на Потемкин, или за наши услови Пасквелија.
 
Picture 1220.jpg Picture 1225.jpg Picture 1221.jpg НАША РАБОТА
а вам ви смета ли ова два дена цели е вака, ајде падни снеже и покри го овој срам.
 
снег, ладно, ЗИМА!, дволични луѓе, пикуши, глупи луѓе, невкусна храна, ладна соба, гаден мирис...(n)
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom