Мендух Тачи на ТВ Клан

  • Креатор на темата Креатор на темата Ајсшутер
  • Време на започнување Време на започнување
Дечко, албанците од Струга, Кичево, Дебар, Тетово, Гостивар, Куманово, Арачиново, верувал или не, не ги интересираат Македонските проблеми.
Видиш, тргнуваш пак од македонски и албански проблеми. Нели ова е заедничка држава или не е? Всушност сосем би отишле вон тема доколку дискутираме за кој за кого има интерес.
Економијата е заедничка, колку што знам. Јас тоа го мислам и тоа го кажувам.
Ако пак муабетов тргне у друга насока, не би ни коментирал повеќе, пошто не е тоа тема, тема е државата напред како што прочитав во воведниот пост, како политичар од Македонија да работи за државата да иде напред кон ЕУ, според одредени економски параметри, граѓанско општество, социјално подобрување (ова пак би било како резултат на економијата). Моето мислење е ирелевантно за тоа погоре, па не би ни коментирал, нема потреба ниту ќе има некој резултат.

Еве не се за Голема Албанија, туку не ги интересираат тие општествени и духовни елементи кои ги интересираат Македонците.
Со ова што да следи? Тема која требаше да се однесува на социоекономско подобрување? Ако си во една држава, следствено треба да те интересира подобра индустрија, занаетчиство, земјоделство...за да имаш подобар живот, без оглед на нацоналност.

Но зошто секогаш е националноста за некого да е детерминирачка и доминантна?
 
Видиш, тргнуваш пак од македонски и албански проблеми. Нели ова е заедничка држава или не е? Всушност сосем би отишле вон тема доколку дискутираме за кој за кого има интерес.
Економијата е заедничка, колку што знам. Јас тоа го мислам и тоа го кажувам.
Ако пак муабетов тргне у друга насока, не би ни коментирал повеќе, пошто не е тоа тема, тема е државата напред како што прочитав во воведниот пост, како политичар од Македонија да работи за државата да иде напред кон ЕУ, според одредени економски параметри, граѓанско општество, социјално подобрување (ова пак би било како резултат на економијата). Моето мислење е ирелевантно за тоа пгоре, па не би ни коментирал, нема потреба ниту ќе има некој резултат.

На темава ликот кој го озборуваме е Мендух Тачи. Тачи учествуваше во една дебата, каде луѓе кои не ги познаваат работите тука во Македонија и Албано-Македонските односи рипнаа и го обвинуваа Тачи за Националист.

Кога сакаа Албанците да бидат Македонци и пред 1993 и по 1993, некој им викаше "НЕ ВИЕ СТЕ Албанци И ВИЕ НИКОГАШ НЕ МОЖЕТЕ ДА БИДЕТЕ МАКЕДОНЦИ"(што е и вистина нели). Што кур сега некој кој не ни пробал на врвот на јазикот што значи да си Албанец во Македонија особено во Прилеп и Битола и Велес и некои населби во Скопје, коментира и дури и обвинува. Јас сум тој што јавно сум кажал и ќе кажам, ЈАС СУМ МАКЕДОНЕЦ! Ама едно два-три пати во живо ми било оспорено тоа, дека јас носат албански гени!

Тачи е сосема во право, дека доколку денес албанците имаат накакви идеи за некаква кантонизација на Македонија, тоа е само последица на несакањето соживот на Македонците пред 2001 година. Изживувањето на Македонците врз албанците, нешто што и Македонци го признаваат, пријатели мои.
Ја не викам дека Албанците се поарни. Ама ваквите инстинктивни реакции, се само последица на нешто што некој не го прател, а на форум некои се 15 годишњаци, па не ни знаат што било во 1993 и 1994 година, пошо не ни биле родени тогаш.
 
Еве не се за Голема Албанија, туку не ги интересираат тие општествени и духовни елементи кои ги интересираат Македонците.

И сега? Што праиме? Можеби треба сами да си ги администрираат тие места. Или не ?
Или не.
Сакале или не,Албанците од тие области се во границите на МК.Ако МК не влезе во НАТО и ЕУ тоа влијае и на нив,ако има општа сиромаштија и тоа влијае на нив...заедно сме во иста држава која е со унитарно уредување.Не може Албанците во МК да условуваат брзо да го решиме спорот со јужниве цигоси.Не може секогаш кога нешто не ви е по мерак да се заканувате со војни и сл.:toe:
 
Или не.
Сакале или не,Албанците од тие области се во границите на МК.Ако МК не влезе во НАТО и ЕУ тоа влијае и на нив,ако има општа сиромаштија и тоа влијае на нив...заедно сме во иста држава која е со унитарно уредување.Не може Албанците во МК да условуваат брзо да го решиме спорот со јужниве цигоси.Не може секогаш кога нешто не ви е по мерак да се заканувате со војни и сл.:toe:

Прво не знам на кого му се обраќаш?!

Не може секогаш кога нешто не ви е по мерак да се заканувате со војни и сл

Мене ли?

Као второ оние кои инсистираат на решавање на спор со Грција, се самите етнички Македонци, еве пример Фрчковски, Бучковски, Геровски итн., а тоа не се албанците. А ако се чека уште, и не се дојде до решение, ваљда и албанците би скокнале.
Дечкото што ги куди тие муслимани на видеото, не знае дека истите тие муслимани се за НАТО и ЕУ, додека христијаните не се!(официјално така е без разлика на фаталистичките и препирања на судбината во врска со оваа земја)
 
Се обраќам општо,на политичари од типот на Али кои за секоја мала искра се заканува со војна.
И еве де,и јас сум за решавање на спорот,ама не по секоја цена.Во ЕУ и НАТО само како Македонија и Македонци.:toe:
Ако не може така тогаш ништо не ни значи влезот таму.И Албанците нека го почитуваат тоа.:wink:
 
Еве не се за Голема Албанија, туку не ги интересираат тие општествени и духовни елементи кои ги интересираат Македонците.

И сега? Што праиме? Можеби треба сами да си ги администрираат тие места. Или не ?


Во Струга се знае како се зголеми бројноста на албанците со територијалната,ВЕШТАЧКА,поделба.Јас сум од Струга и знам точно што се случи.Се додаде Велешта,а се тргна Вевчани,за да може да се прикаже толку посакуваниот процент за рамковниот договор.Сите знаеме дека албанците ги купија потписите на голем дел од македонците со муслиманска вероисповест(торбеши),и пак за истата цел,да станат албанците мнозинство во Струга,се разбира ВЕШТАЧКИ.
Не ми се зборува многу на овие осетливи теми искрено,ама морам кога ќе видам ваков пост да реагирам.

Немој да мислиш дека така лесно се остваруваат високи цели како Голема Албанија и слично.Во западна Македонија,а посебно во Струга,живеат многу македонци кои без разлика на се се тука,и ќе бидат тука,и ќе си го бранат своето.Прозирен си во погледите,сваќањата како и многу други твој истомисленици од албанска националност.Кажи бар отворено дека е така,дека во се се залагате за отцепување,за федерализација,за се само не за економски развој и благосостојба на државата во која живеете.
 
Вевчани од 96-та е самостојна општина.Некој кретен пред 5 год. сакаше да ги спојт со Струга.
 
Се обраќам општо,на политичари од типот на Али кои за секоја мала искра се заканува со војна.
И еве де,и јас сум за решавање на спорот,ама не по секоја цена.Во ЕУ и НАТО само како Македонија и Македонци.:toe:
Ако не може така тогаш ништо не ни значи влезот таму.И Албанците нека го почитуваат тоа.:wink:

Кој Али ? Каква врска има Али со Тачи и со цела оваа хаварија на дискусија што се разви на Тв Клан?

Малку да пратиш ситуација, ќе знаеш дека Али Ахмети повеќе дури и од Груевски се залага за соживот. Секој втор збор, му е, соживот та соживот, облеан со многу реторика, каде простиот аудиториум не го разбира.

Во Струга се знае како се зголеми бројноста на албанците со територијалната,ВЕШТАЧКА,поделба.Јас сум од Струга и знам точно што се случи.Се додаде Велешта,а се тргна Вевчани,за да може да се прикаже толку посакуваниот процент за рамковниот договор.Сите знаеме дека албанците ги купија потписите на голем дел од македонците со муслиманска вероисповест(торбеши),и пак за истата цел,да станат албанците мнозинство во Струга,се разбира ВЕШТАЧКИ.
Не ми се зборува многу на овие осетливи теми искрено,ама морам кога ќе видам ваков пост да реагирам.

Немој да мислиш дека така лесно се остваруваат високи цели како Голема Албанија и слично.Во западна Македонија,а посебно во Струга,живеат многу македонци кои без разлика на се се тука,и ќе бидат тука,и ќе си го бранат своето.Прозирен си во погледите,сваќањата како и многу други твој истомисленици од албанска националност.Кажи бар отворено дека е така,дека во се се залагате за отцепување,за федерализација,за се само не за економски развој и благосостојба на државата во која живеете.

Никој не бара Голема Албанија. Имате скриен страв, фобија од таа фраза, а сами ја ставате на репеција цело време.
Геополитиката, онаа светската, не и одговараше таков тек, па не го ни наметна. Да беше за Голема Албанија, ќе беше и во 2001, и пред 2001.

Другото е само лупање на празно, не го ни читам.
 
Сега имав прилика да го видам и видеото.
Се надевам збориме за сегашно време, инаку порано имаше и кревање палец во Гостивар во салата од еден сега бивш претседател, имаше написи за бесилки, војни...но сега се надевам е поинаква состојбата. Тие нешта не постојат денеска па за видеото...малку ќе делува како прераскажување, но еве што од видеото извлеков во неколку ставки

- Енциклопедијата да, нечија игра-на раздор, но и газење на многу националности, не само на албанската, според сите написи во медиумите и извадоци овде на форумов, а и други извори. Ова води кон двоење.
- Вие и тие...тоа се често омилените зборови на Тачи, посебно кога е во опозиција. Ова води кон двоење.
(Ќе ги прескокнеме убиствата и кревањето во сопствената држава оти тоа беше, ваљда нема да го има повеќе, барем јас се надевам).
- Две албански партии се јадат меѓу себе. И тоа е факт, пред избори во Гостивар се испотепаа две групи. Ова води исто така кон двоење, иако делува дека не е така.
- Македонците се јадат меѓу себе. И тоа води кон двоење, како и претходното.
- Исламски екстремизам, за писателот потешко да го сфати ради приликите во Албанија каде не видов ниеден знак што не значи дека луѓето не се муслимани и тоа добри муслимани. Во контекст на ова имав прилика да отседнам пола месец во едно муслиманско село каде имаше 2 џамии (инаку не големо село), а без водовод и канализација. Селаните негодуваа, но секогаш тивко и без многу сведоци. Сепак не им беше сеедно што сопругите и децата им носеа вода од извор, а со парите за едната џамија (ова е според нивно кажување) можеа малку да си го средат животот во селото, плус да имаат во другата каде да се молат и да ја поштоваат верата.
- Градење на граѓанско општество, нешто на кое г-динот Тачи одобрувачки климаше со глава.
- На споменување на поимот Голема Албанија, Тачи одрекува што нормално добра реакција за една јавна личност во политиката. Сепак писателот Фатос се грижи повеќе за интересот на веќе европски ориентираната Албанија која би имала можеби и проблем со ваков пристап на некои политичари...
- Хм, ова е тоа што го спомена? Да се идентификува Тачи како македонец (извинете ама искрено ме насмеа ликот на Тачи при споменување на оваа теорија)...малку невкусно или малку повеќе. Јас кога би бил во Бугарија или Албанија пак би бил македонец, но албански или бугарски државјанин. Така најверојатно би било и со албанецот во Македонија.
- Скратено е видеото за на крај пак да се споменат минариња, при што накратко Тачи споменува и kishe (црква), интересна реплика во секој случај.
- Крајот на видеото делото го краси-Накратко културно и економско ниво да се зголеми, но би рекол кај цело население во Македонија, не праам овде разлики, сите сме во некој стисок и гето, грч.

Од она што видов, видеото беше кратено, но воглавно не беа изнесени ставовите на г-дин Тачи туку на писателите од Албанија.
Најбитно сепак (ако занемариме луцкастите идеи за обезличување на националноста) е поентата дека социоекономско издигнување над гетото многу ќе помогне да се доближиме кон другите вон балканот, но со истовремено задржување на националната и религиозната припадност како неприкосновено право на секој човек. Но тоа право да не го користи за пораст на омразата пошто и јас како и ти, како и другите се мачиме секојдневно да нараниме фамилија, не сме ништо поразлични во секојдневниот живот.
Тоа е моето мислење Пикасо кое го застапувам, посебно кога гледам дека со таков граѓански-нормален пристап може многу добро да се живее во многу мешана средина кај што живеам и да се работи исто така во мешана средина.
Малку се заборавив, но да прашам...дали ако Тачи одобрува граѓанско општество и ако адхок отфрла некоја голема држава, дали тогаш оние говори каде едните се угнетени...и слично, ги користи (како и другите на нашата политичка сцена) за поени и членство?
 
Па добро му рекле луѓето. Не се оди напред со постојана омраза и говори само за една цел. Ниеден збор (колку се сеќавам) немам слушнато од тој човек за економски проблеми и нивно решение...премногу е преокупиран со нацонализам на сметка на сиромаштијата која не бира нит вера нит нација. Но така збира поени ваљда.

окупиран за политички поени ете тоа е.
така му одговора не е на власт работава е кристално јасна.

. Да беше за Голема Албанија, ќе беше и во 2001, и пред 2001.

Другото е само лупање на празно, не го ни читам.

беше кои беа првобитните барања??

третина од македонија??

памтиш видеото,киднапираните новинари јасно си кажаа што сакаат-но секако тоа не го земаме здраво за готово поточно не е став на сите албанци во никој случај,но тие кои беа со пушка.....затоа се бореа:toe:
 
Кој Али ? Каква врска има Али со Тачи и со цела оваа хаварија на дискусија што се разви на Тв Клан?

Малку да пратиш ситуација, ќе знаеш дека Али Ахмети повеќе дури и од Груевски се залага за соживот. Секој втор збор, му е, соживот та соживот, облеан со многу реторика, каде простиот аудиториум не го разбира.
Еј,еј,еј...полека.Ние зборуваме за Али Ахмети 2001-денес,а не за нешто што се случило пред 500,1000,2000 г.Додека не го видам јас Али на прес позади него да има и македонско знаме,пред седиштето да има исто така мак. знаме,на секој нивни конгрес да се пее македонска химна,јас Али го сметам дека е против соживот.И немој со муабети дека знамето и химната Албанците не ги чуствувале за свои.Тие се симболите сакале или не.
 
Кој Али ? Каква врска има Али со Тачи и со цела оваа хаварија на дискусија што се разви на Тв Клан?

Малку да пратиш ситуација, ќе знаеш дека Али Ахмети повеќе дури и од Груевски се залага за соживот. Секој втор збор, му е, соживот та соживот, облеан со многу реторика, каде простиот аудиториум не го разбира.



Никој не бара Голема Албанија. Имате скриен страв, фобија од таа фраза, а сами ја ставате на репеција цело време.
Геополитиката, онаа светската, не и одговараше таков тек, па не го ни наметна. Да беше за Голема Албанија, ќе беше и во 2001, и пред 2001.

Другото е само лупање на празно, не го ни читам.
Али се залага за соживот додека е во позиција, кога ќе треба да собира пак поени кај рајата ќе го сврти пак добропознатиот став, истото што сега го прави Тачи. Само за потсетување, кога доби Вмро и требаше да коалицира со ДПА(барем така си планираше ДПА) нивните симпатизери и покрај поразот од ДУИ скандираа ВМРО-ДПМНЕ низ улиците на Тетово, што значи се се сведува на собирање поени и политики и на никого не му чуе за народот.
Втора работа, да не се навраќам погоре да те цитирам околу читањето исклучиво албанска литература од локалните албанци и индиферентноста према македонската, како е можно после толку прочитана литература истите да не си го знаат сопствениот литературен јазик и да се чудат за што се збори на предавањата кога доаѓа професор од Албанија да им предава на идните академски граѓани?
Можеби тука е причината поради која г-нот што го нагрдил Тачи за создавање меѓуетничка нетрпеливост или како веќ, зошто овие албанци што живеат на оваа територија не ги чувствува како свои браќа? :smir:
 
Еј,еј,еј...полека.Ние зборуваме за Али Ахмети 2001-денес,а не за нешто што се случило пред 500,1000,2000 г.Додека не го видам јас Али на прес позади него да има и македонско знаме,пред седиштето да има исто така мак. знаме,на секој нивни конгрес да се пее македонска химна,јас Али го сметам дека е против соживот.И немој со муабети дека знамето и химната Албанците не ги чуствувале за свои.Тие се симболите сакале или не.

Прво никој не те прашува тебе, што мислисш или кој има право да се залага за соживот, потоа тие услови што ти ги спомена погоре, ни македонците во македонија кои се многу многу во помал број не ги имплементират. Али сватил или поточно знае дека мора да има соживот помеѓу албанците и македонците, и дека заедно треба да се залагаме за ЕУ и НАТО.
Потоа што се однесува на соживот, јас мислам дека тој соживот функционира супер, јас на пример живеам во мешана населба во скопје со македонци и албанци и никогаш не паметам да сме имале некои недоразбирања или пцовки меѓу себе на етнички план или друго. Соживот неможе да функционира само меѓу тие кои живеаат во некое етничко чисто македонско село со тие од некое етничко албанско село, тие ко прво не знаат како е да имаш другар македонец или контра македонец да има другар албанец, и секогаш за нив ке има предрасуди, некои ке те нарекуваат Албанци други каури.
 
КАКО ГЛЕН НАЈ ГИ СПАСУВАЛ АМЕРИКАНЦИТЕ ОД АРАЧИНОВО
46CD25951E43AE4DADCC299A8E72D954.jpg

Изборната програма на конгресниот кандидат од, Вирџинија се темели, мегу другото, и на неговата мисија за време на воениот конфликт во Македонија во 2001 година
пишува БОРИС ГЕОРГИЕВСКИ
Гласајте за Глен Нај за американскиот Конгрес! Тој е човекот кој спаси 27 американски животи за време на војната во Македонија!

ДЕБАТА Интересна дебата се води деновиве во американската сојузна држава Вирџинија. Поточно во нејзиниот втор дистрикт. На почетокот на ноември годинава, паралелно со претседателските избори во земјата, ќе се бираат и конгресмени од неколку држави. Во Вирџинија, републиканката Телма Дрејк, долгогодишен конгресмен од оваа држава, се соочува со Демократот Глен Нај, младиот и агресивен, 33-годишен, поранешен службеник во Стејт департментот и во УСАИД.

Битката во Вирџинија е карактеристична по тоа што огромно мнозинство од гласачите во оваа држава се воен персонал, дел пензионирани, а дел активни војници од шесте големи воени бази во Хамптон, Норфолк и Вирџинија бич. За политичките аспиранти од оваа држава има само еден пат до срцата на гласачите, или се освојуваат со славно воено минато или со херојски дела, во служба на државата. За да стигнете до Капитол Хил од вториот дистрикт во Вирџинија, како што тоа деновиве сликовито го објасни воениот ветеран и поддржувач на госпоѓа Дрејк, Грег Робинет не е доволно да сте службувале во УСАИД, затоа што таа работа „не смее да се изедначува со воена служба“.

Ваквиот табиет на гласачите во Вирџинија мораше на виделина да го изнесе најдоброто од Нај, кој очигледно е цврсто решен да не и дозволи на Дрејк да го добие и третиот мандат едноподруго во Конгресот. За таа цел, Глен Нај го извади и последниот адут од ракавот- наградата за особени заслуги која Стејт департментот му ја додели во 2001 година. Наградата не е за било што, туку за спасување на животите на 27 Американци од крвавиот конфликт во далечната
E051A1173BFF1243801224E24F3AD193.jpg
Македонија. Нај, уште кога ја објави кандидатурата се фалеше дека лично тој спасувал Американци по македонските планини во 2001 година, но недовербата и обвинувањата од спротивниот табор дека лаже, го натераа на оној последен, решавачки чекор- да ја покаже и наградата. И во неа, како што вели и Нај, црно на бело пишува, „за организирање на спасувањето на американски државјани заглавени зад востаничките линии за време на граѓанскиот конфликт во Македонија и за обезбедување на ослободувањето на еден американски државјанин кој бил држен како заложник од востаниците“. Се' на се', 27 на број.

За лицето кое било држено како заложник од „востаниците“ се знае дека станува збор за Војислав Михајловиќ, пензионер кој бил киднапиран во јуни 2001 година, најверојатно во околината на Липково, а бил ослободен 8 недели подоцна, на 26 август, неколку часа по убиството на тројцата Македонци во мотелот „Бриони“ во Челопек. Но, кои се останатите 26 американски државјани кои пожртвуваниот Нај ги спасил од зад воените линии на ОНА?

ПРИКАЗНА „Голема група Американците беше блокирана меѓу две села во северозападна Македонија. Амбасадата знаеше дека се таму, но сите телефонски врски беа прекинати. Глен (Нај) сметаше дека има шанси да контактира со Американците преку локални политички контакти... Добивме телефонски број на еден политички активист кој живееше во кризниот регион. Користејќи ја таа врска и проширувајќи ја со други броеви од мобилни телефони, Глен успеа да ја организира идентификацијата на сите Американци кои требаше да бидат евакуирани. Потоа Глен разговараше со координаторот за бегалци на Амбасадата за да се обезбеди шофер на автобус кој ќе сака да влезе во областа и ќе ги земе Американците“.

Ова е приказната на Глен Нај објавена во гласилото на американскиот сервис за надворешна политика, која денес ги краси и плакатите од неговата политичка кампања. Во меѓувреме, истите наводи тој ќе ги потврди и во уште неколку интервјуа во локалните медиуми во Вирџинија, особено откако пред неколку недели се засилија критиките од неговите политички противници, дека ја измислил целата приказна.

Глен Нај навистина во 2001 година работел во Американската амбасада во Скопје, а потоа добил позиција на советник во амбасадата на САД во Сингапур, каде ги штител американските интелектуални права за време на преговорите за договорот за слободна трговија меѓу САД и Сингапур. Отаму продолжил и во Израел, Авганистан и во Ирак. Активен бил и дома, во САД, каде бил задолжен за регистрирање на квалификуваните гласачи за новоформираниот парламент во Ирак.

Иако од Амбасадата во Скопје потврдуваат дека Нај им бил колега во 2001 година, не сакаат да ги коментираат неговите наводи, ниту пак, да објаснат кои се Американските државјани кои тој ги спасувал во конфликтот, и од каде биле спасувани. „Не коментираме изјави на приватни лица“, кусо ни одговорија од Амбасадата во Скопје. Ниту штабот на кандидатот Нај нема време да даде објаснување за херојските акти на нивниот шеф во Македонија во 2001 година.
277CE9082E51BD4FB879A44C729B1D15.jpg


АРАЧИНОВО - Настанот кој го опишуваат Нај и новинарите кои го опеваат, многу потсеќа на случувањата во Арачиново во јуни 2001 година. Приказната за спасувањето на инструкторите на американската агенција МПРИ од селото, иако официјално никогаш не беше потврдена од САД, сепак и до денес остана да кружи во јавноста. За потсетување, на 8 јуни 2001 година Арачиново го зазедоа припадниците на ОНА, а на 26 јуни тие си заминаа со автобуси од селото, по иницијатива на меѓународната заедница, заедно со инструкторите на МПРИ. Ноќта, револтираните демонстранти го сардисаа Собранието, а беа каменувани и неколку амбасади на западните држави, настани кои делумно ги опишува и Нај во своите изјави.

Иако приказната на Нај има многу нејаснотии и „дупки“, факт е дека тој за делото кое го сторил добил пофалба од Стејт департментот. Но, Нај никогаш не дава точна временска одредница за периодот кога ги спасувал „заскитаните“ сонародници, иако во едно интервју го споменува месец јули, а за имиња на луѓе или на места, со исклучок на споменатиот Михајловиќ, нема ниту збор.

Поранешниот Директор за јавна безбедност во МВР, Горан Митевски вели дека не чул за Нај, а неговата приказна ја поврзува со случувањата во Арачиново. Според Митевски, Амбасадата на САД била против извлекувањето на припадниците на МПРИ од Арачиново, а тоа не сакала да го стори ниту ЦИА, бидејќи сметале дека со тоа само ќе се испровоцира реакцијата на Македонците. Негова проценка е дека тоа би можела единствено да го стори воено-разузнавачката агенција на САД, а целиот бекграунд на Нај, говори дека тој работел за неа.

Процена на Митевски е дека е можно Нај да си придава и поголемо значење од вистинското. „Тоа што тој кажува различни датуми за настанот и за местоположбата и други бројки на луѓе, веројатно е обид да се прикрие вистинскиот настан, и сигурно така и го советувале“, вели Митевски,

МПРИ - Дали Глен Нај ги спасувал претставниците на МПРИ од Македонија или други цивили кои случајно се нашле на линијата на фронтот, и дали воопшто некого спасувал, ќе остане мистерија. Фактите велат дека и Нај и МПРИ, биле во Македонија во 2001 година. Во соопштение до медиумите, испратено во 2002 година, точно една година по настаните во Арачиново и неколку дена откако медиумите во Холандија, во Грција и во земјава ја објавија веста за присуството на МПРИ во Арачиново, Амбасадата на САД во Скопје тврдеше дека „во Арачиново не биле присутни претставници на МПРИ, ниту, пак, друг американски персонал, освен воениот контингент на НАТО, кој бил испратен во тој крај по барање на македонската Влада“.

„Американци не беа вклучени во обучување или помагање на ОНА во Македонија“, тврдеше Амбасадата.

Наспроти ова, угледниот „Њујорк тајмс“ на 13 октомври 2002 година ќе објави опширна анализа за ангажманот на приватните воени компании- контрактори, низ воените зони во светот, со посебен акцент на МПРИ, за која забележува дека била присутна во Македонија.

„Контракторите и' овозможуваат на администрацијата да ги реализира своите надворешно – политички цели во конфликтите од ниско ниво низ светот- кои често се поттикнати од етничка омраза или вишок оружје од студената војна – без да стравува од медиумското внимание доколку Американски војници се вратат дома во пластични вреќи“, пишуваше „Њујорк тајмс“.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom