Мексиканска храна

  • Креатор на темата Креатор на темата wallbanger
  • Време на започнување Време на започнување
Бев пред едно 2-3 недели во Амигос... мислам дека така се вика, на ул. Македонија.
Јадевме од тој чипсот (како се викаше... начо?) со 4-5 соса и халапењо со barbeque сос.
Искрено очекував повеќе... сосовите ми беа тапа, некако немаа свежина (освен салсата, која беше прилично добра)... а и чипсот некако, слаб/блед вкус.
Халапењото (за тие што незнаат тоа е прилично лута пиперка) беше интересно во комбинација со чипс мацнат во barbeque сос или салса.
Се на се, не ми направи мерак. Али некогаш здравје, пак ке отидам... на едно асално јадење,
не на мезе... мислам дека мексичката кујна ке ми се засвиѓа од втор обид.
 
Можеш да најдеш кај мене во фрижидер. На втората полица, одма до сенфот. А да купиш, можеш во сите поголеми супермаркети. Ќе ти речев во Веро ама поради актуелната ситуација... види, растрчај се-побарај.

Фала.. Баш ќе побарам:)
 
Unknown Artist :smir: абе јас мислам дека ако и чипсот има јак вкус ке се меша со вкусот на сосот..па затоа даваат таков чипс.
 
Оргиналниот рецепт за приготвување на бурито мислам дека е малку поинаков од оној што се користи во Македонија. Бурито се прави со тортиља што многу наликува на нашата кора за палачинки и врз неа се ставаат како основни додатоци варен ориз и бел или кафеав грав по избор....понатаму изборот е до муштеријата што ќе одбре да има во буритото, дали пилешко или телешко месо (за вегетаријанците без месо),варена пченка, салатка, павлака, ссирење или кашкавал, и секако трите видови на сосови, кои варираат од најмалку лут до најлут. изборот е ваш...така да љубителите на зачинета храна можат да го одберат најлутиот, а тие што имаат проблем при варењето на храната го одбираат оној што е најмалку лут.
Буритото е природна но и калорична храна, и барем за мене едно бурито е доволен оброк за цел ден. Просто го обожавам и го конзумирам најмалку еднаш неделно!


Од каде ги купуваш тортиљите? И кој грав го користиш, готов во лименка или го вариш дома?
 
Chili con carne специјалитет со мелено месо,грав,чили и домати прсти да излижеш:vozbud:
Burrito се состои од мека tortilla,мелено месо,грав,ориз,авокадо и кашкавал мх мх мх... ја обожавам мексиканската кујна лута и плус јас си ја зачинувам со tabasco:vozbud: нос тече,јазик пече,очите солзат...мераци!
 
Немам пробано но би сакала да пробам...
 
Под Македонска храна спаѓа ајварот!
Македонците го измислиле ајварот кој е највкусен на цел свет!!!!!!
 
Освен Амигос, има некои други добри мексикански ресторани по Скопјево?
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom