Мексиканска храна

  • Креатор на темата Креатор на темата wallbanger
  • Време на започнување Време на започнување
Конечно го најдов тој мексиканскиот ресторан во Ск и денес бев на ручек.Супер беше храната,јадев тортиљи со некој лут сос, и пилешко месо со тортиљи мммм...пак ќе одам дефинитивно.
 
Мноогу сакам да пробамм !!
 
ubava vkusna nezamenliva ama ima eden problem dva pati lut i na vlez i na izlez
 
За тие што не знаат-во Скопје шпански ресторан Амигос, кај кафичот Барцелона веднаш до него ке му дојде. Дефинитивно топ место! Редовно го посетувам.
 
Obozavam meksikanska hrana!!! Shteta shto e mnogu zachineta pa mi smeta na stomakot i nemozam chesto da ja jadam :toe:
 
Мене мексиканската храна многу ми се допаѓа затоа што обожавам зачинети јадења,и баш ми одговара.Штета што не можам почесто да го посетувам мексиканскиот ресторан,затоа што цените им се многу високи.
 
Баш јадев бурито во Амигос, и не бев ич задоволна. Па, внатре имаше само ориз и говедско!А, мексиканско вистинско бурито се полни со лут сос, месо, домати и сирење, а може и кромид. Таму немаше таков избор. Така што, за мене тоа е аут.Пробав енчилада, и тое е некоја варијација, а ми се допадна само салатата со грав:toe:Јебига, од македонштина не се бега!
 
За НЕвегетаријанците -МЕДИА ТОПОС. Јас се заебав зашо сум веге со тоа ама убаво изгледаше :toe:
 
Еднаш имам пробано, во Скопје, во оној ресторан во центарот. Но затоа што не сум љубител на многу лути зачини, всушност и не јадам луто, некако не се импресионирав.
 
Оргиналниот рецепт за приготвување на бурито мислам дека е малку поинаков од оној што се користи во Македонија. Бурито се прави со тортиља што многу наликува на нашата кора за палачинки и врз неа се ставаат како основни додатоци варен ориз и бел или кафеав грав по избор....понатаму изборот е до муштеријата што ќе одбре да има во буритото, дали пилешко или телешко месо (за вегетаријанците без месо),варена пченка, салатка, павлака, ссирење или кашкавал, и секако трите видови на сосови, кои варираат од најмалку лут до најлут. изборот е ваш...така да љубителите на зачинета храна можат да го одберат најлутиот, а тие што имаат проблем при варењето на храната го одбираат оној што е најмалку лут.
Буритото е природна но и калорична храна, и барем за мене едно бурито е доволен оброк за цел ден. Просто го обожавам и го конзумирам најмалку еднаш неделно!
 
Да не знае некој кај да најдам оригинал чили?? Баш онакво ко што користат мексиканците.
 
Леле МРАЗАМ мексиканска храна.. Едноставно одвратна ми е..
Еднаш бев у Мексикански ресторан и повраќав 2 дена после.. Можда е премногу зачинето за мој вкус што знам..
 
Да не знае некој кај да најдам оригинал чили?? Баш онакво ко што користат мексиканците.

Можеш да најдеш кај мене во фрижидер. На втората полица, одма до сенфот. А да купиш, можеш во сите поголеми супермаркети. Ќе ти речев во Веро ама поради актуелната ситуација... види, растрчај се-побарај.
 
Прв пат пробав во Америка пред околу 6-7 години, и првата импресија не ми беше баш нај нај...ама тоа беше затоа што пробав домашно, од аматер направено Tako. :uvo:
Потоа кога дојде на ред да го пробам она вистинското...’The Real Stuff’ ...е тогаш пред мене се отвоија нови светови! :cuc:
Дури и пред да си одам, на пат накај аеродром, последна желба ми беше да одам во Мексикански ресторан и вкусам едно убаво, сочно и пикантно Барито ...мммм.:wub:
Ама после тоа, кај нас немаше Мексикански ресторан...па долго време срце не издржа и ме натера да ископам рецепти од нет и на крај почнав и дома да ги спремам...:aplauz:
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom