Па, гледај вака: Грција нè ветоизираше за влез во НАТО. Тоа отвори слободен простор Русија ако сака да се инсталира на овие простори (преку интерес, нели).
Е сега, ако Грција ќења и се коси со плановите на Америка, ќе добие лекција. Оваа посета на МекДугал е токму поводот што им требаше на Американците, за да направат што и да е во Грција. Со други зборови, сега Америка има *право* да ја притисне Грција.
Овде е клучниот момент: Америка не сака да ни помогне нам, туку да нè вклучи во НАТО. Баш и` чуе како ќе се викаме и дали има Македонско малцинство во Грција и јазик и што ли не; нејзе и` значи да влеземе во НАТО, по секоја цена.
Е сега, ако сме паметни, ќе инсистираме тоа да се случи така што ќе бидеме признаени како Република Македонија и никако инаку. Посебно затоа што сега имаме право тоа да го бараме, просто зашто Грција е во криво.
Дали тоа што МекДугал го кажала го имаме како материјал? Треба да се зачува, зашто да не и` се случи некоја „несреќа“ и случајно и` се урне авионот или нешто... Мораме од наша страна да ги имаме собрано тие информации и во секој поглед да го помогнеме тој процес кој ќе го признае Македонското малцинство во Грција и начелно ќе ги зајакне нашите ставови.