Мекдугал ги најде Македонците, Грција не ги признава

Мекдугал се пожали дека за време на нејзиниот престој била злоупотребена од неколку грчки медиуми, кои се обиделе погрешно да ги интерпретираат нејзините изјави, вадејќи ги од контекст.

Претставник на грчкиот Хелсиншки монитор вчера информира дека грчките медиуми на „екстремно непријателски начин“ известувале за посетата на независниот експерт на ОН. Според Панајот Димитрас, не само што тие пишувале во негативен контекст за мисијата, туку упатиле и лични навреди до експертот, особено затоа што е таа Американка.

Ете, излегува на виделина целата Грчка „култура“: аргументите не се на нивната страна и веднаш сè прават лично.

Мислам дека МекДугал треба да земе часови кај Воскопулос, како да се справува со кретените. А мислам дека Воскопулос и нам треба да ни држи часови, за да знаеме сите ние, во секој момент, да им се спротивставуваме на сите нивни провокации како што треба.



По мисијата на Мекдугал, во наредната недела во Грција доаѓа во посета делегација на Европската комисија за борба против расизмот и нетолеранцијата (ЕКРИ).

:vozbud: :pehar: :aplauz: :zver: :oeoeoe: :je: :olee:

А така! Да видат дека не смеат да се занесуваат повеќе.

Вистината за Македонија и Македонците веќе излегува на виделина јавно. Треба сите за ова да знаат, сите агенции да ја добијат оваа вест.

Па да види ЕУ дека нема да смее веќе да ја толерира Грција и нејзините срања.
 
Атињаните никогаш,дури ни под закана за нулеарно бомбардирање, нема да признаат постоење на македонски јазик и етнос.Никогаш.
Така цврсти треба да бидиме и ние во однос на името Македонија.
 
Жални ГЕЈЦИ, ги преплавија форумите.Видете ја фотографијава со објаснување кој е кој.БЕДНИ ТИЕ.
macedonia_greece.jpg


И во продолжение еден куп прашања: Ништо не е случајно, па ни средбата, зошто обезбедувањето било „скопско„ зошто средбата била во тајност, зошто не се придржувала Мекдугал до точната програмата што гејците ја подготвиле, што кажале македонците, што открила таа......сигурно р платена од македонската дијаспора,сигурно ова ќе се прикаже како голем успех на Виножито .......
 
Жални ГЕЈЦИ, ги преплавија форумите.Видете ја фотографијава со објаснување кој е кој.БЕДНИ ТИЕ.
macedonia_greece.jpg


И во продолжение еден куп прашања: Ништо не е случајно, па ни средбата, зошто обезбедувањето било „скопско„ зошто средбата била во тајност, зошто не се придржувала Мекдугал до точната програмата што гејците ја подготвиле, што кажале македонците, што открила таа......сигурно р платена од македонската дијаспора,сигурно ова ќе се прикаже како голем успех на Виножито .......

да да обезбедувањето било од Скопска пивара
 
Ајде ајде..Ова се надевам дека ќе заврши позитивно на нас..Ама не би ме зачудило и ОН ако се направат слепи на реалноста што ни се случува!:toe:

ИЗВЕШТАЈ НА ОН

Грција да се откаже од оспорување на македонското малцинство



Скопје 5 март 2009
Грција треба да се откаже од оспорувањето на постоењето македонско и турско малцинство на нејзина територија и да се фокусира на заштита на правата на самоопределување, слободата на изразување и на здружување на овие заедници.

Тоа се препорачува во Извештајот на независниот експерт за малцински прашања на Обединетите нации Геј МекДугал, изготвен од посетата на Грција од 8 до 16 септември 2008 година, посветена на промовирање на имплементацијата на Декларацијата за правата на човекот.

Според МекДугал, правото на заштита на овие заедници како малцинства мора да биде почитувано во согласност со Декларацијата за малцинства и основните меѓународни договори за човекови права. Од Грција се бара и целосно да ги спроведе одлуките на Европскиот суд за човекови права особено оние со кои на здруженијата треба да им се овозможи употреба на зборовите „македонски“ и „турски“ во нивните имиња, како и за слободно изразување на нивниот етнички идентитет.


Посебен дел од Извештајот се однесува на малцинставта во регионот на Лерин. МекДугал наведува дека грчката Влада не признава постоење на македонско етничко малцинство во тој дел на Грција, ниту постоење на македонски јазик иако кај тамошното население се забележливи лингвистички варијации различни од грчкиот јазик.

Став на официјалната грчка политика е дека митот за македонската нација е создаден во времето на Тито поради експанзионистички причини кон грчкиот дел на Македонија. Владата не дозволува никаква употреба на македонскиот јазик и на културни активности кои се идентификуваат како македонски. Во последно време се забележува попуштање на тврдата политика што ја применуваа грчките власти кон оние што се идентификуваа како етнички Македонци, но се уште постојат такви случаи. Луѓето во тој дел на Грција кои се идентификуваат како Македонци инсистираат да биде признаен нивниот етнички и јазичен идентитет, стои во Извештајот.

МекДугал забележува и дека во 20-30 години од минатиот век биле менувани негрчките имиња на градовите, селата и планините, како и семејните имиња на луѓето кои зборувале македонски. Старите семејни имиња сепак не се исчезнати и многу често денес, се наведува, луѓето ги користат паралелно со грчките имиња.

Претставници на македонското малцинство се жалат, стои во Извештајот, дека немаат право на здружување и политичка активност, а се жалат и на дискриминаторските грчки закони кои се однесуваат на илјадниците луѓе кои ја напуштија Грција за време на Граѓанската војна и на кои им беа одземени државјанствата и имотите. Посебно се акцентира Законот од 1982 година во кој е наведено дека „право да се вратат во Грција имаат само Грците по род кои ја напуштиле земјата за време на Граѓанската војна како политички бегалци“. Овој закон не им ги дава истите права на луѓето кои се идентификуваат како етнички Македонци. Луѓето кои се изјаснуваат како Македонци не можат ниту да ги посетат своите некогашни домови во Грција. МекДугал во Извештајот пишува и дека имала средби со луѓе кои се декларираат за Македонци и кои зборуваат македонски. Тие генерално искажувале страв јавно да го искажат својот идентитет иако признаваат дека ситуацијата е подобрена, но се уште има „мека дискриминација“.

Во извештајот на независнот експерт се наведува дека Грција признава само муслиманско религиозно малцинство во Северна Тракија, но оти таков статус не им се признава и на другите заедници во државата, бидејќи, како што се посочува, Владата е убедена дека тврдењата за постоење на други малцинства се неосновани и политички мотивирани. Грција признава само дека мал број луѓе зборуваат словенски дијалект кој е сличен со јазикот што се зборува кај северниот сосед.

За време на престојот во Грција МекДугал посетила различни региони и разговарала со високи владини претставници и јавни службеници на национално и регионално ниво, а остварила средби и со претставници на цивилното општество, религиозни лидери, академици и претставници на заедниците. Независниот експерт ги разгледува прашањата исклучиво поврзани со домашното законодваство во однос на третманот на малцинствата и групите во земјата. Нејзиното внимание е фокусирано на степенот на кој легислативата, политиката и практиката се во согласност со обврските произлезени од меѓународните човекови права, вклучувајќи ги малцинските права кои се регулирани и со билатерални спогодби и договори.

Во Извештајот се нотира и дискриминацијата кон Ромите во Грција. Независниот експерт на ОН констатира недостиг од основни услови за домување кај ромската заедница и постоење на сегрегацијата на ромските деца во образованието. На Владата во Атина и се препорачува засилени напори за спроведување на Акциска програма за Ромите во општините кои подложни на локалните предрасуди, ги игнорираат и не ги спроведуваат.
 
Не е џабе, координирана активност е на ЦИА.
На канал 5 спомнаа и бројка 2 милиони Македонци во Грција.
Имаште такво нешто во извештајот ?
Мала е таа бројка.
 
da ima, se zboruva za "grchkite" Makedonci

Sepak vo izveshtajot otvoreno se zboruva za makedoncite i kako nivnite prava se zabranuvani, kako ne se dozvoluva registracija na makedonski organizacii, itn.
 
и врапчињата знаат дека има македонци....
 
Se e djabe se dodeka ne se soberat vo eden golem broj i na ulica..e sega ke izedesh malce kjotek no dali togash nekoj ke go negira Makedonskiot narod tamu?
Treba da se DOKAZHE i samo na toj nachin ke im ja zatnesh ustata na site.
 
Има оклу 10.000 другите се само Гејцизирани македонци кои по други форуми не пцујата на српско-македонски јазик и имаат грчки имиња.Може ова звучи негативно и доаѓа како јас да ја мразам Македонија но спорем мене тоа е стварноста.:smir:
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom