За време на аџилакот исто така се посетува и планината Арафат која уште е и позната како планина на милосрдието. На таа планина се сретнале Адем а.с. (Адам) и Ава а.с. (Ева) откако биле истерани од рајот. На таа планина последниот божји пратеник Мухаммед а.с.в.с. ја одржал својата последна проповед (опроштајниот хаџ)
Читајте добро што рекол оној кој е нај омилен кај Господ од цело човештво на овој опроштаен хаџ:
„Луѓе! Слушајте ги внимателно моите зборови и разберете ги, бидејќи не сум сигурен дали ќе се сретнам повторно со вас на истово место, следната година.
Луѓе! Вашата крв, имот и чест е света како и овој ден, во овој свет месец и на ова свето место, додека не го сретнете вашиот Бог! Вие сигурно ќе се сретнете со Бога и Тој ќе ве праша за вашите дела. Затоа бидете внимателни! Дали ви ја доставив пораката целосно? Бог нека ми е сведок!
Оној кој ќе земе нешто, во поверение, треба да му го врати на оној кој во поверение му го дал. Не земајте никаква камата од позајмувањето на парите, како што правевте во оној период на незнаење, но имате целосно право на главнината; не бидете како поттиснувачите, ниту како поттиснатите... Како сè од периодот на незнаењето, така и правото за одмазада поништено е и смртта не може да се одмазди....
Луѓе! Ѓаволот (шејтанот) изгубил секаква надеж дека ќе биде обожуван во вашата земја . Поради тоа, тој ќе се обиде да ве измами, дури и во малите работи. За ова бидете внимателни во корист на вашата вера! Дали ви ја доставив пораката веродостојно? Бог нека ми е сведок!
Навистина времето се врати на својата почетна фаза, во која Бог го создал денот, кога ги создал небото и Земјата. Бројот на месеци, според Бог, се дванаесет; четири од нив се свети, во кои војните и битките се забранети....
Луѓе, вашите жени имаат права кај вас, како и вие кај нив... Однесувајте се кон жените со љубезност! Тие се вашиот внимателен партнер и поддржувач... Вие сте ги зеле со благослов Божји и односот со нив допуштен ви е само со дозвола од Бога. Бидете богобојазни што се однесува до жените, дајте им го она што им припаѓа. Дали ви ја објаснив пораката? Бог нека ми е сведок!
Луѓе! Јас ви оставив нешто, до кое ако цврсто се држите, никогаш нема да се раздвоите – Божјата Книга (Куранот) и мојата традиција (Суннетот).
Луѓе! Секој верник нека му биде вистински брат на другиот верник. Иметокот на братот е забранет, освен кога тој доброволно ќе ти даде. Не лажете се меѓусебно.“
Пратеникот го подигна својот показалец, и тогаш извика: „Бог нека е сведок! Бог нека е сведок!“
И додаде: „Присутните нека ја пренесат оваа порака на отсутните!“
Тогаш, Аллах (единствениот бог) на пратеникот Мухаммед с.а.в.с. му ги објави некои од последните Курански стихови:
„Денес ви ја усовршив верата ваша и го исполнив благодетот Мој кон вас, и задоволен Сум исламот да ви биде вера.“ (5: 3)