што мислите за оваа вест? Мене лично фино ми звучи
Германија потпиша билатерален договор со Македонија под уставно име
Германија индиректно, но официјално ја признава Македонија под уставното име. Неодамна во германскиот службен весник излезе договорот за избегнување на двојното оданочување меѓу Македонија и Германија.
Овој пат, во законот беше отстранета референцата ФИРОМ, што досега ја користеа Германците и на нејзино место стои уставното име на Македонија. Во законот, објавен на 7 јуни во службениот весник, пишува дека Договорот е склучен помеѓу германската и македонската влада, а не владата на ФИРОМ.
Грчките блогери сметаат дека ова е еден чекор кон признавање на Македонија под уставното име од страна на Германија. Тие коментираат дека после Сирија, и документот од Германија, грчките позиции најверојатно започнуваат да слабеат.