Славјански
Антички Словен
- Член од
- 2 мај 2008
- Мислења
- 5.644
- Поени од реакции
- 1.346
Со нашиве домашни експерти вистината е многу релативна работа, да не кажам исфабрикувана.
Follow along with the video below to see how to install our site as a web app on your home screen.
Забелешка: This feature may not be available in some browsers.
Вчера беше објавена оваа вест:
Македонија ја загуби дипломатската битка во Советот на Европа
А денес ова:
Македонија на СЕ ќе претседава под логото „Македонско претседателство“
[/RIGHT]
Вчера беше објавена оваа вест:
Македонија ја загуби дипломатската битка во Советот на Европа
А денес ова:
Македонија на СЕ ќе претседава под логото „Македонско претседателство“
Тања Милевска
http://www.a1.com.mk/vesti/default.aspx?VestID=122846
Со нашиве домашни експерти вистината е многу релативна работа, да не кажам исфабрикувана.
Извор“Република Северна Македонија“ – предлог на Барак Обама.Ова вчера во Вашингтон на трибина за трансформацијата на Балканот го изјави Џери Карајанис, еден од двајцата официјални претставници на американската администрација. Бидејќи обидите на властите во Скопје и Атина да дојдат до решение пропаѓале низ годините, Америка решила да понуди помош. Офицерот во американската армија, кој порано работел и во амбасадата на САД во Атина, тврди дека откако двете земји ќе се договорат за него Америка и ОН веднаш ќе го прифатат.
- Со намера да понуди рака за помош, актуелната администрација во Вашингтон и предложи решение на администрацијата во Атина водена од Јоргос Папандреу. Вашингтон неодамна предложи “Северна Македонија“ и подвлече дека Атина и Скопје требаат да постигнат договор, кој САД веднаш би го признале и би ги охрабриле ОН да го направат истото. Треба да нагласам дека “Северна Македонија“ се провлекува одредено време и беше одбрано како едно од решенијата со можност за успех, изјави Џери Карајанис, офицер во американската армија.
Обама чека решение за името до летово – тврди Стујард Џонс, заменик-помошник државен секретар на Америка. Потенцира дека ОН треба да останат место за барање договор, но во исто време потврдува дека се водат многу разговори надвор од оваа институција за да се дојде до договор.
- Бевме многу охрабрени од посетата на премиерот Папандреу на почетокот од пролетва каде се сретна со Претседателот Обама и прашањето за името се покрена и се разговараше. Охрабрени сме дека минатата година премиерот Папандреу призна дека ова прашање мора да се реши, признавајќи дека тоа трае предолго. Го поддржуваме решението на прашањето за кое двете страни ќе се договорат. Се надеваме дека во претстојниве недели и месеци ова прашање Македонија и Грција, Скопје и Атина ќе можат да го решат, изјави Стујард Џонс, заменик-помошник државен секретар на Америка.
Џонс потенцира дека мора да и се дозволи на Македонија да напредува во евроинтеграциите, бидејќи ги има исполнето условите за тоа. Сепак проценува дека во моментов по Хрватска најподготвена за прием во ЕУ од политички и економски аспект е Србија, а не Македонија.
Се е тоа фино,но некаде слушнав дека на Македонија и одговара името „Македонско претседателство“ за широка употреба.Како што беше предлогот „Северна Македонија“. Па ме интересира дали е ова повторно нешто извадено од контекс или нашиороко за зборува за овој предлог?
Се е тоа фино,но некаде слушнав дека на Македонија и одговара името „Македонско претседателство“ за широка употреба.Како што беше предлогот „Северна Македонија“. Па ме интересира дали е ова повторно нешто извадено од контекс или нашиороко за зборува за овој предлог?
Македонско претседателство одгова.
Северна Македонија не одговара
Мене повеќе ми одговара „Македонија земја на пациенти“ може ќе го прифатат како предлог.
Иначе каран јас мислам само на Република Македонија,но ме интересираше што мислат останатите по повод новите предлози за нашето име.Претседателство?Можеби и кралство може да се вметне,нели еди.
Благодарам што се грижиш и за лекарите да има работа
Македонско претседателство е сосема коректно и онака како што треба да биде. Со придавка. Досега колку што знам и претседателствувањето на другите земји беше означувано со придавка (шпанско, белгиско, италијанско ... претседателство)
Кралство во никој случај ќе се испокараме кој да биде кралот
На кои нови предози мислиш?
Пред некој ден на твитер СДСМ посакаа да ја видат Република Македонија како европска земја, па им предложив да му достават на Нимиц предлог ново име: Европска Република Македонија за севкупна употреба.
Мислиш ќе прифатат Грците? Ем сложено име, ем има географска одредница.