Medival II : Total War Kingdoms

  • Креатор на темата Креатор на темата LaChupacabraLoca
  • Време на започнување Време на започнување

LaChupacabraLoca

jedi master
Член од
13 октомври 2011
Мислења
3.531
Поени од реакции
5.063
Локација
Штипсбург
db6a6bf97f11.jpg



Една од моите најомилени стратешки игри.
Kingdoms е експанзија на Medival: Total War II и е пуштена во продажба 2007 година.
Преставува turn-based стратегија со real-time битки.
Новитетот во Kingdoms е тоа што има 4 индивидуални кампањи за разлика од првата верзија каде што сеиграше само една кампања на иста мапа, па така тука може да се игра кампања за Третата и Четвртата Крстоносна војна каде имате 5 фракции за избор : Кралството на Ерусалим ( католици ), Принципиатот на Антиох ( католици) , Египет ( муслимани ) , Турците Селџуци ( муслимани ) и Византија ( православни ). Во текот на кампањата ќе налетате на Монголците и кралството на Венеција ( двете фракции не можат да се играт ко кампања ). Секоја од овие фракции си има главни градови кои доколку бидат освоени од друга фракција , би значело огромен удар на тоа царство и би значело дека нема да можат да се регрутираат специјални војнци , пример : Greek Fire кој можат да се регрутираат само во Константинопол.

Наредна кампања е Британската кампања која се одвива во 13ти век и во неа се присутни следниве фракции : Англија, Велс , Шкотска , Ирска и Норвешка. Доколку се одлучите да играте со Англија тогаш кампањата ќе ја почнете со голем број на населби и градови , но тие брзо ќе бидат поделени понеѓу англиските барони кои имаат различен поглед од Англиското Царство, па така рано во играта ќе се загубат овој голем број на населби. Ирска, има предност од тоа што е изолирана на само еден остров и мали се шансите да биде нападната рано во играта , Велс е нација со најмал број на населби , додека Шкотска е во најголема опасност од норвешките напаѓачи кои кампањата ја почнуваат со голем број на оствори во Северна Англија.

Трета кампања е Американската кампања која се одвива за време на цутот на америчките племиња Ацтеките и Маите и времето на конквистадорите. Исто така во оваа кампања е вклученаи кампања за северните амерички племиња , Апачи индијанците. Цивилизации кои ги имате на избор овде се : Ацтеките, Маите, Нова Шпанија и Апачи индијанците. Исто така можат да се отклучат и следниве фракции : Чичимека индијанци, Тарасканците и Тлакскаланците. Во оваа кампања исто ќе налетате и на Нова Франција и Англиските колонојалци со кои не може да се игра кампања.

И последна кампања е Теутонската кампања , во која може да бирате помеѓу : Теутонците ( католици, потекнуваат од старите германски племиња и се во блиска врска со Светото Римското Царство) , Данците ( кои се типични Викинзи ), Литванија ( паганска нација со која во подоцнежниот тек од играта ќе може да бирате дали да остане паганска или да стане христијанска земја ) , Новгородската Република ( практички Русија ), а присутни се и : Светото Римско Царство, Монголците, Норвешка и Полска.

Ова е gameplay-от :

Па која нација и кампања ви се најомилени ? :)

Лично тешко ми е да се одлучам , бидејќи секоја од овие кампањи е уникатна , но доколку би морал да бирам би одел со Данска од Теутонската кампања, со Ацтеките од Америчката , со Селџуците од Крстоносната и со Норвешка од Британската кампања.

Ќе гледам кога ќе имам слободно време да ги објасна и подетелно кампањите и нациите , како и начинот на кој играм со одредена нација :)
 
Од серијалов наваму искочија 4-5 нови :D Оваа веќе скоро и да не се игра но сепак е добра .. играј од поновиве нешто :)
 
Од серијалов наваму искочија 4-5 нови :D Оваа веќе скоро и да не се игра но сепак е добра .. играј од поновиве нешто :)
Medieval II e подобра од новите игри, со исклучок на Shogun 2, која според мене е најдобрата игра во цел серијал.

Empire беше полна со багови и лош AI. Имаа некои добри концепти, како промена на државно уредување преку бунтовите и изборите, но мислам дека не се покажаа како многу добри во пракса. Единствената иновација што ми се допадна беа поморските битки, но за жал и тие страдаа од лош AI, а бродовите беа особено тешки за контролирање.

Napoleon е помалку или повеќе исполирана копија на Empire во која се отстранети многу од баговите. Не заслужуваше да е цела нова игра, бидејќи не донесе ништо ново со себе. Како експанзија би била интересна, но пуштањето како сама игра беше лош потег за Creative Assembly.

Инаку, едвај чекам да ја заиграм Rome II. Графички изгледа супер, со солиден АI, подобрен гејмплеј, повеќе фракции и најважно, амфибиски напади.


Meне најповеќе ми се допаѓа Крстоносната кампања во која најчесто играм со Ерусалим, а понекогаш и Византија.

Ако го немаш досега играно, ти препорачувам да го инсталираш модот Stainless Steel. Се игра на целата карта на Европа, исто како Меdieval II, но гејмплејот и целото искуство е подобрено. Имаш нови единици, пореални битки, подобрена интелегенција, дипломатија и се останато. Види го, според мене вистина вреди да се игра.
 
Па и затоа што Наполеон е исполирана верзија на Empire ја чекав попуст и ја купив за 10 евра наместо 50(кога излезе толку беше) хахах .. сега со срце ја чекам и јас Рим и најверојатно ке ја купувам оригиналка ... зашто според видеата оваа ке вреди .. ке си играм со Македонија фала богу xD
 
Моментално ја играм Крстоносната кампања со фракцијата Египет.
Препочитам да играм со муслиманските фракции поради 3 работи , ми се допаѓаат стрелците на коњ ( Mamluk archers кај Египет ) , фрлачите на огнени топки ( Naffatun ) и специјалната војска ко шо се Хашашим ( нешто слично ко убијците од Assasin's Creed и специјална моќ им е тоа шо можеш да ги скриеш на било која позиција од мапата и да го начекаш непријателот неспремен), Табардарија ( силна и добро опренема пешадија која може да се гради само во најразвиените метрополи опремена со голема секира која пробија секаков оклоп ).

Едноставна стратегија имам за добивање битки.
Обично комбинирам армии кои имаат 4 групи на коњаница опремена со стрели или копја за фрлање ( обично Dessert Cavalry или Mamluk Archers ). 6 единици на пешадија од кои 4 стандар се копјаници и 2-3 единици на мечувалци или пешадија со секири. Исто ставам у тешка коњаница најчесто 2-3 единици кои чекаат во позадина. Стрелци на нога не користам , освен за одбрана на градови кога ги поставувам на ѕидовите од тврдините.
Значи почнува со напад на Dessert Cavalry која е прилично добра за редчење на противничките редови пред почетокот на главната битка , бидејќи се опремени со копја кои се фрлаат од далечина и кои пробиваат секаков штит. Штом се потрошат копјата преминувам на Mamluk Archers кои ги поставувам латерално од непријателската војска , бидејќи стрелите полесно го пробиваат штитот тогаш. После неколку вакви почетни напади ја пуштам пешадијата со копја во целосен напад при што се вклештува со непријателската војска во клич и ги остава во многу ранлива позицја за напад од позади со тешка коњаница, бидејчи коњаницата во налет има екстра бонус при нанесување максимална штета. И потоа следува нападот со тешката пешадија и непрјателската војска која ќе го преживее ова ја дотолчувам со Dessert Cavalry и Mamluk Archers , кои секако предходно ја потрошиле залихата на стрели и копја за фрлање.

Чат пат користам и тешка артилерија ко топови и магнотели, но ретко тоа премногу се ранливи на било каков напад од коњаница.

Кај Египет ми се допаѓа тоа што единствено можеш да биде нападнат од 2 страни. Од североисток може да бидеш нападнат од страна на Кралството на Ерусалим додека од север можеш да бидеш нападнат од Византија , но само преку морски пат. Со други зборови географската позиција на Египет е перфектна.
Каиро и Александрија се економски велесили , ако се развијат добро. Јас пример од Александрија земам 10.000 флорини на круг , само од тој град.
Целта е брзо да се освои Ерусалим и Антиох и по можност да се завземе и Кипар. Тогаш биимале 4 големи економски бази ( Каиро, Александрија, Антиох и Ерусалим ) и Кипар од каде може да се вршат напади во Анатолија и Визинтија и конечен напад врз Константинопол.

Откако ќе завршам со Египет , ќе почнам со Кралството Данска во Теутонската кампања, посебно имам желба да играм со нив поради изобилието на викиншки единици :)
 
Откако ќе завршам со Египет , ќе почнам со Кралството Данска во Теутонската кампања, посебно имам желба да играм со нив поради изобилието на викиншки единици :)
Не заборавај да направиш Union of Kalmar ако играш со нив, ќе ти даде три нови единици обединети со Норвешка...
 
Back
На врв Bottom