LaChupacabraLoca
jedi master
Една од моите најомилени стратешки игри.
Kingdoms е експанзија на Medival: Total War II и е пуштена во продажба 2007 година.
Преставува turn-based стратегија со real-time битки.
Новитетот во Kingdoms е тоа што има 4 индивидуални кампањи за разлика од првата верзија каде што сеиграше само една кампања на иста мапа, па така тука може да се игра кампања за Третата и Четвртата Крстоносна војна каде имате 5 фракции за избор : Кралството на Ерусалим ( католици ), Принципиатот на Антиох ( католици) , Египет ( муслимани ) , Турците Селџуци ( муслимани ) и Византија ( православни ). Во текот на кампањата ќе налетате на Монголците и кралството на Венеција ( двете фракции не можат да се играт ко кампања ). Секоја од овие фракции си има главни градови кои доколку бидат освоени од друга фракција , би значело огромен удар на тоа царство и би значело дека нема да можат да се регрутираат специјални војнци , пример : Greek Fire кој можат да се регрутираат само во Константинопол.
Наредна кампања е Британската кампања која се одвива во 13ти век и во неа се присутни следниве фракции : Англија, Велс , Шкотска , Ирска и Норвешка. Доколку се одлучите да играте со Англија тогаш кампањата ќе ја почнете со голем број на населби и градови , но тие брзо ќе бидат поделени понеѓу англиските барони кои имаат различен поглед од Англиското Царство, па така рано во играта ќе се загубат овој голем број на населби. Ирска, има предност од тоа што е изолирана на само еден остров и мали се шансите да биде нападната рано во играта , Велс е нација со најмал број на населби , додека Шкотска е во најголема опасност од норвешките напаѓачи кои кампањата ја почнуваат со голем број на оствори во Северна Англија.
Трета кампања е Американската кампања која се одвива за време на цутот на америчките племиња Ацтеките и Маите и времето на конквистадорите. Исто така во оваа кампања е вклученаи кампања за северните амерички племиња , Апачи индијанците. Цивилизации кои ги имате на избор овде се : Ацтеките, Маите, Нова Шпанија и Апачи индијанците. Исто така можат да се отклучат и следниве фракции : Чичимека индијанци, Тарасканците и Тлакскаланците. Во оваа кампања исто ќе налетате и на Нова Франција и Англиските колонојалци со кои не може да се игра кампања.
И последна кампања е Теутонската кампања , во која може да бирате помеѓу : Теутонците ( католици, потекнуваат од старите германски племиња и се во блиска врска со Светото Римското Царство) , Данците ( кои се типични Викинзи ), Литванија ( паганска нација со која во подоцнежниот тек од играта ќе може да бирате дали да остане паганска или да стане христијанска земја ) , Новгородската Република ( практички Русија ), а присутни се и : Светото Римско Царство, Монголците, Норвешка и Полска.
Ова е gameplay-от :
Па која нација и кампања ви се најомилени ?

Лично тешко ми е да се одлучам , бидејќи секоја од овие кампањи е уникатна , но доколку би морал да бирам би одел со Данска од Теутонската кампања, со Ацтеките од Америчката , со Селџуците од Крстоносната и со Норвешка од Британската кампања.
Ќе гледам кога ќе имам слободно време да ги објасна и подетелно кампањите и нациите , како и начинот на кој играм со одредена нација

Оваа веќе скоро и да не се игра но сепак е добра .. играј од поновиве нешто