Медиумско прикривање на злосторниците

  • Креатор на темата Креатор на темата Nemiseverue
  • Време на започнување Време на започнување
Кај нас при самото апсење на човекот, одма се кажува дека е виновен. Направил ова, направил она. Што ако после излезе невин? Ништо, ќе се заташка работата и толку.
 
Сите добро знаеме како изгледа една вест за престапник во медиумите. “Лицето Ц. С. од Пи*че си материне, сексуално го злоставувал малолетниот М. Ф. и потоа бла бла... “

Пред некој ден на ТВ начекав една вест за директорот на Бетон, кој во Охрид украл милионски суми но, пред јавноста беше прикажан како “Директорот на А.Д Бетон - М.Н.“ (не знам точно иницијали)

Вистинското прашање кое сакам да го поставам е... дали сметате дека јавното понижување на криминалците треба да биде форсирано а не затскриено, односно, нивните вистински имиња како и фотографии од личностите да бидат прикажани на ТВ, весници, интернет, секаде?!
Кој и да е вашиот став, образложете го...
Мислења со да и не ќе се бришат и ќе има банови

Јавното понижување е нешто што се користело во средниот век кога ги палеле вештиците на клада пред народот за да се задоволи и нахрани со „информации“ јавното мнение.
Искрено, се надевам и мислам дека човекот барем малку пораснал во однос на својата желба за крв, зошто ова не е дебата само за тоа дали треба да ги криеме криминалците, туку и сите оние кои што ние ги сметаме достојни за понижување.
Парадоксално е да се кажува за напредок на човештвото и системот, а да се бара јавно линчување на оние кои што го прекршиле законот.:jaj:
 
Но не се работи за нахранување на интересот на народот, ниту за јавно линчување. Затоа и дадов конкретен пример. Некои на темава се направија и паметни со тоа што кажаа дека неосудени е нефер да се кажуваат во јавност бла бла...

Типов е јасно дека е криминалец, да не се правиме луди и да тераме фикции во глава за да се покажеме дека знаеме да дебатираме. Моето прашање е... Зошто по ѓаволите треба да го сокриеме од јавноста оној кој украл, убил, направил тежок криминал?

Не е никакво понижување околината да знае кој е тој што направил злодело, за кога ќе си ја отслужи казната сите да знаат со каков човек си имаат работа, бидејќи проневерување на милионски суми не се случува по грешка или од незнаење. Тоа е намерно крадење и за тоа и заслужува човек да се спали на клада, коа веќе го спомна тој филмски момент. :)

Сите ние за постапките кои ги правиме во животот си поднесуваме сметка.
 
Токму така, тој со одењето во затвор ја поднесува својата сметка пред законот, со тоа треба да доживее и морален линч од страна на пречистата јавност?
Нема потреба од паднатите ангели и нивното јавно покажување со прст, зошто бројот на криминалци е огромен, според тебе треба да земеме список и сите по ред да ги запишеме за да знаеме со какви луѓе си имаме работа.

Патем, криењето на идентитетот, не е нешто за кое што треба да одлучеме јас или ти.
 
Но токму јас и ти треба да одлучиме за тоа, бидејќи “ние“ сме општеството. И секако има разлика од криминалец до криминалец, бидејќи и оној кој не поминува на пешачки пред законот е ист како и оној кој краде од “нас“ милиони и со тоа ни овозможува полош живот.

Општеството и тоа како мора да знае кој е убиец, силувач, лопов, бидејќи неговите деца подоцна можат да застанат на автобуска станица со него и да мислат дека тој човек е во ред.

Со одењето во затвор ја извршува законската обврска, со медиумското покажување ја извршува моралната обврска и дава пример за останатите да не го прават тоа што и тој, бидејќи ќе ги снајде истата беља, истата мака. А верувам не знаеш како навистина изгледа кога светот те отфрла и немаш кому да му се обратиш. Не верувам дека било кој на форумот го има почувствувано тоа. Е тоа е казна за почит.
 
Со одењето во затвор ја извршува законската обврска, со медиумското покажување ја извршува моралната обврска и дава пример за останатите да не го прават тоа што и тој, бидејќи ќе ги снајде истата беља, истата мака.
Сум за јавно откривање на злосторниците од овие причини.

Викторгг напиша:
А верувам не знаеш како навистина изгледа кога светот те отфрла и немаш кому да му се обратиш.
Само најчесто, за жал, ова го трпат и членовите на семејството.
 
не си никако ,на пример оние спектакуларните апсења кои беа на медиумите беа пропаганда со која владата сакаше да се докаже дека ете апси(како не) ,од друга страна ме зачудува како воопшто стигнало веста за некој кој проневерил милиони со оглед дека во последно време во македонија се може да се купи за малце пари па и молчење на родители на кои детеот се отруло или на новинар

друго што ме загрижува е тоа што само колку ни е корумпирано судството и никој не се труди да направи нешто во врска со тоа.

Од една страна ако има вакви објавувања на имиња,презимињз,адреси ќе се применува и на луѓе кои се жртви на политички игри и пропаганди,а друга страна каде е правдата?

Мислам тој што проневерил ќе се извлече без да биде казнет,без никаква ама баш никаква казна .

Јас сметам дека треба неофицијален блог или здружение на граѓани да објавуваат и лепат плакати на таквите луѓе со име,презиме и адреса.
а се прашувам кој ќе има муда да му отиде на копилето откако ќе ги добие податоците и што ќе му направи?
 
А верувам не знаеш како навистина изгледа кога светот те отфрла и немаш кому да му се обратиш. Не верувам дека било кој на форумот го има почувствувано тоа. Е тоа е казна за почит.

Значи ова треба да го постигнеме?
Да го фрлиме првиот камен?
Да не дадеме можност за поправање на грешката?
Да не веруваме во човекот?

Да, е веројатно, ЗА ТЕБЕ, казна за почит, за мене е уште еден доказ дека човек има уште многу додека каже за себе дека е вистински човек.
 
Тоа не е фрлање камен, напротив, тоа е осигурување дека по првиот фрлен камен нема да ни фрлат уште еден. Не се работи за озборување или навредување, се работи за одземање храна од уста, за непростив грев, ако сакаш религиски да гледаме.

Не може да има прошка или занемарување на криминалот на некој човек особено кога е тој толку голем (криминалот). Тоа значи дека му е дозволено да прави што сака и да се извлече неказнет.
 
Викторе, тој не се извлекува неказнет со тоа што го направил, служи затворска казна која што правосудниот систем му ја одредува и со тоа неговата грешка-криминал е подложна на санкција.
Јас сум сепак убедена дека не треба да се развлекуваат луѓето низ весниците, да, кога станува збор за нарко-дилери, педофили и убијци, но не и за проневера на пари или некој друг тип на криминал.

Освен тоа, ако веќе гледаме религиски, иако не сакав тоа да го потенцирам со постот, Исус рекол да се сврти и другиот образ а не да се осудува.
Далеку од тоа дека треба да дозволиме повторно да бидеме крадени и понижувани за сопствените пари, но, тоа не значи дека треба со некој фиктивен морален суд да правиме личнови со исклучување од комуната.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom