Јавното понижување е нешто што се користело во средниот век кога ги палеле вештиците на клада пред народот за да се задоволи и нахрани со „информации“ јавното мнение.Сите добро знаеме како изгледа една вест за престапник во медиумите. “Лицето Ц. С. од Пи*че си материне, сексуално го злоставувал малолетниот М. Ф. и потоа бла бла... “
Пред некој ден на ТВ начекав една вест за директорот на Бетон, кој во Охрид украл милионски суми но, пред јавноста беше прикажан како “Директорот на А.Д Бетон - М.Н.“ (не знам точно иницијали)
Вистинското прашање кое сакам да го поставам е... дали сметате дека јавното понижување на криминалците треба да биде форсирано а не затскриено, односно, нивните вистински имиња како и фотографии од личностите да бидат прикажани на ТВ, весници, интернет, секаде?!
Кој и да е вашиот став, образложете го...
Мислења со да и не ќе се бришат и ќе има банови
Но не се работи за нахранување на интересот на народот, ниту за јавно линчување. Затоа и дадов конкретен пример. Некои на темава се направија и паметни со тоа што кажаа дека неосудени е нефер да се кажуваат во јавност бла бла...Јавното понижување е нешто што се користело во средниот век кога ги палеле вештиците на клада пред народот за да се задоволи и нахрани со „информации“ јавното мнение.
Искрено, се надевам и мислам дека човекот барем малку пораснал во однос на својата желба за крв, зошто ова не е дебата само за тоа дали треба да ги криеме криминалците, туку и сите оние кои што ние ги сметаме достојни за понижување.
Парадоксално е да се кажува за напредок на човештвото и системот, а да се бара јавно линчување на оние кои што го прекршиле законот.:jaj:
Токму така, тој со одењето во затвор ја поднесува својата сметка пред законот, со тоа треба да доживее и морален линч од страна на пречистата јавност?Типов е јасно дека е криминалец, да не се правиме луди и да тераме фикции во глава за да се покажеме дека знаеме да дебатираме. Моето прашање е... Зошто по ѓаволите треба да го сокриеме од јавноста оној кој украл, убил, направил тежок криминал?
Не е никакво понижување околината да знае кој е тој што направил злодело, за кога ќе си ја отслужи казната сите да знаат со каков човек си имаат работа, бидејќи проневерување на милионски суми не се случува по грешка или од незнаење. Тоа е намерно крадење и за тоа и заслужува човек да се спали на клада, коа веќе го спомна тој филмски момент.
Сите ние за постапките кои ги правиме во животот си поднесуваме сметка.
Но токму јас и ти треба да одлучиме за тоа, бидејќи “ние“ сме општеството. И секако има разлика од криминалец до криминалец, бидејќи и оној кој не поминува на пешачки пред законот е ист како и оној кој краде од “нас“ милиони и со тоа ни овозможува полош живот.Токму така, тој со одењето во затвор ја поднесува својата сметка пред законот, со тоа треба да доживее и морален линч од страна на пречистата јавност?
Нема потреба од паднатите ангели и нивното јавно покажување со прст, зошто бројот на криминалци е огромен, според тебе треба да земеме список и сите по ред да ги запишеме за да знаеме со какви луѓе си имаме работа.
Патем, криењето на идентитетот, не е нешто за кое што треба да одлучеме јас или ти.
Сум за јавно откривање на злосторниците од овие причини.Со одењето во затвор ја извршува законската обврска, со медиумското покажување ја извршува моралната обврска и дава пример за останатите да не го прават тоа што и тој, бидејќи ќе ги снајде истата беља, истата мака.
Само најчесто, за жал, ова го трпат и членовите на семејството.Викторгг напиша:А верувам не знаеш како навистина изгледа кога светот те отфрла и немаш кому да му се обратиш.
Значи ова треба да го постигнеме?А верувам не знаеш како навистина изгледа кога светот те отфрла и немаш кому да му се обратиш. Не верувам дека било кој на форумот го има почувствувано тоа. Е тоа е казна за почит.
Тоа не е фрлање камен, напротив, тоа е осигурување дека по првиот фрлен камен нема да ни фрлат уште еден. Не се работи за озборување или навредување, се работи за одземање храна од уста, за непростив грев, ако сакаш религиски да гледаме.Значи ова треба да го постигнеме?
Да го фрлиме првиот камен?
Да не дадеме можност за поправање на грешката?
Да не веруваме во човекот?
Да, е веројатно, ЗА ТЕБЕ, казна за почит, за мене е уште еден доказ дека човек има уште многу додека каже за себе дека е вистински човек.
Викторе, тој не се извлекува неказнет со тоа што го направил, служи затворска казна која што правосудниот систем му ја одредува и со тоа неговата грешка-криминал е подложна на санкција.Тоа не е фрлање камен, напротив, тоа е осигурување дека по првиот фрлен камен нема да ни фрлат уште еден. Не се работи за озборување или навредување, се работи за одземање храна од уста, за непростив грев, ако сакаш религиски да гледаме.
Не може да има прошка или занемарување на криминалот на некој човек особено кога е тој толку голем (криминалот). Тоа значи дека му е дозволено да прави што сака и да се извлече неказнет.