Медиум со најголема моќ во креирање на јавното мислење

  • Креатор на темата Креатор на темата Јован
  • Време на започнување Време на започнување

Медиум со најголема моќ во креирање на јавното мислење е:


  • Вкупно гласачи
    75

Јован

дежурен сеирџија
Член од
16 октомври 2005
Мислења
4.892
Поени од реакции
266
Би ве замолил темава и анкетава да ги сфатите објективно.

Значи, кој медиум според вас го носи приматот - креатор на јавното мислење во државава?

Кој со своите написи/прилози може најмногу да допринесе некое прашање да се отвори, да се појават многу реакции и нешто да се смени?

Одговорете на темава според вашата оценка за реалното влијание, не според тоа кој медиум најмногу ви се допаѓа. Еве мене на пример воопшто не ми се допаѓа начинот на кој работи Латас но сепак не можам да го негирам влијанието кое го има врз јавноста.
 
За жал во последно време луѓево почнаа да веруваат во еден медиум во кој неутралните граѓани не се ни сомневаат дали е под влијание на партиски луѓе. Убаво сите го знаат за кој медиум се работи. А ако е под партија сигурно и симпатизерите на таа партија ке го гледаат тој медиум и просто ке веруваат во сите информации објавени на незе. А ако се знае дека таа партија освојува се што може на избори сигурно има премногу симпатизери и ако на нив им прави некој мислење во која било област, таа пропорционално со бројот на симпатизерите покажува бројка која е најголема како креатор на јавно мислење а и со тоа добива и на моќ.
 
a1 по мое.нај стално се случува некој да ја спомне а1 дека слушнал или видел нешто таму.па..така.
 
дефинитивно А1 мислам дека е најгледана телевизија моментално во мк
 
А1 дефинитивно - најгледана е:tv:
 
Ниеден од овие :helou:
Сите се под нечие влијание , така да ...
 
Кога ќе се помисли дека зад сите нив стои некој исполитизиран уредник кој медиумот го завлекува во една од двете насоки... никој.

А за некои "медиуми" поим немам ни што бараат во анкетата, одамна се мртви.
 
Ниеден од овие :helou:
Сите се под нечие влијание , така да ...

Кога ќе се помисли дека зад сите нив стои некој исполитизиран уредник кој медиумот го завлекува во една од двете насоки... никој.
Не сте ја разбрале анкетава штом вака мислите...

Не прашувам кој е најобјективен... не е ни важно тоа, објективен ил не, гледан ил не, читан ил не, факт е дека медиумите имаат влијание и најмногу допринесуваат за градење на јавното мислење по х прашања.

Тоа ве прашувам, што мислите, кој најмногу влијае врз јавноста, без оглед на (не)објективноста.
 
Епа во тој случај тешка е битката меѓу А1 и Сител.
 
Мислам дека тоа е А1. Најгледана телевизија, нормално дека на поголем број граѓани ке им влијае.
 
Највлијателен според мене е А1 повеќе луѓево го гледаат него, а и го нема Латас така да....:pipi:
 
Гласав за А1 плус најгледана телевизија е.
Мтв ретко кој гледа..
а за Сител, па неможам Латас да го поднесам. Само нешто коментира и од километар ќе познајш дека е партиски определен.
А, другиве Телма и Канал5 не гледам баш...
А и веснициве скоро сите влијаат.. така да..:toe:
 
Па како најстара приватна тв, на времето направи бум во Македонија. Отпрвин локално за после да добие целосна покриеност. Освен МТВ народот немаше што друго да гледа, доста од нив значи по навика, доста од нив и заради содржините што ги нуди (први со шпански серии, први со милионери...). едноставно потфатија под свое голем број гледачи. А истовремено, иако газдата е еден од најголемите манипулатори и неплаќачи на даноци во сите влади досега, важеше за најнезависна тв со најнезависни вести. А ова е поврзано со добро одбрани луѓе и емисии за тивко миење мозок и уверување во нивната објективност (земјоделската емисија каде постојано се напаѓа власта наместо да се дадат совети и теми за земјоделците, емисијата Код-откривање на '"вистината", ексклузив... и ред слични емисии со сепак добри новинари и водители кои постигнаа соодветна гледаност). Следствено на тоа и соодветно влијание. Налик на мас-хипноза.

Сител е доста далеку од нив, тој е отворена книга и најверојатно со неговата отворена политичка ориентираност и груб однос и цинизам во изјавите и вестите, мислам дека не влијае многу на мислењето на народот. Всушност тие и не презентираат вести туку даваат анализа на состојбите и случувањата. Очигледно гледачите тоа не го примаат позитивно-повеќето од нив.
 
Според мене А1 и Канал 5, па после е Сител. Иако Латас знае како треба да се каже некоја вест.:toe:
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom