Медиум со најголема моќ во креирање на јавното мислење

  • Креатор на темата Креатор на темата Јован
  • Време на започнување Време на започнување

Медиум со најголема моќ во креирање на јавното мислење е:


  • Вкупно гласачи
    75
Kреатор на јавното мислење во Македонијава? Дефинитивно А1! Да можат уште малку и да ти кажат што да јадеш денес! :toe:
Причината за тоа пред се е што имаат многу неофицијални информации, дознаваме од...(што би се рекло, чаршиски муабети) што сепак го зголемува рејтингот на телевизијата и вниманието на гледачот. Веројатно се водат од правилото - подобро некакви информации отколку негледаност!
А1 има силно влијание врз креирањето на јавното мислење, наместо објективност, непристрасност и професионалност тие наметнуваат свои ставови и претпоставки во вестите.
Но...истражувачките емисии (од типот на Код) се добар пример за тоа како би требало да изгледа едно истражувачко новинарство, професионално, официјално, објективно со сите етички принципи!
 
Гласав за печатениве медиуми, не ја сфатив поентата, поспана сум. Инаку и покрај тоа што ја утнав анкетата би кажала дека според мене, од печатените медиуми најголема моќ има Дневник, а од електронските А1. На мене лично, најголемо влијание во врска со креирањето на моето мислење имплицира Алфа.
 
Не сте ја разбрале анкетава штом вака мислите...

Не прашувам кој е најобјективен... не е ни важно тоа, објективен ил не, гледан ил не, читан ил не, факт е дека медиумите имаат влијание и најмногу допринесуваат за градење на јавното мислење по х прашања.

Тоа ве прашувам, што мислите, кој најмногу влијае врз јавноста, без оглед на (не)објективноста.

Сакаш да прашаш со други зборови кој е најголем испирач на мозоци?

А1 и Сител делат прво место!

*со оглед на структура на населението...
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom