Мед

  • Креатор на темата Креатор на темата rossonerka
  • Време на започнување Време на започнување
Мед -благодарам да :). Скоро секојдневно пред школо по 1 лажица конзумирам, а највкусен ми е на палачинки со оревчиња одозгора ,јебига малце калории али за една се прави исклучок.
 
Мноооогу сакам мед.Уште како дете го засакав, моите ми купуваа во едни шишенца како мече со цуцла и по цели денови само мед мед мед...:) башка здраво ем вкусно
 
Го обожавам медот намачкан на лебче со маргарин. Многу често ме спасил од настинки и болки во грлото. Знам дека кога ќе купиме мед од продавница ич не е убав, за 1 месец се собира и како шеќер станува бел, а има еден цветен тој е милина, кога се иде кон Охрид таков се наоѓа :)
 
Секое сабајле по една лажичка мед измешан со семе од коприва и ореви. Најубаво нешто.
А вака ретко си мачкам на леб, неам навика некако. :confused:
 
Знам дека кога ќе купиме мед од продавница ич не е убав, за 1 месец се собира и како шеќер станува бел

Секој мед го прави тоа, т.е. скоро секој, и не е знак дека не чини ако се случи тоа...
 
Секој мед го прави тоа, т.е. скоро секој, и не е знак дека не чини ако се случи тоа...
Не сум знаел, ама тој еден мед што го земаме за пат на Охрид милина, не се прави како шеќер, цела година си стои таков, незнам зошто :)
 
медот што не шеќердисува е вештачки,т.е. гликоза
Тоа и го зборам, кога се шекердисува нема веќе вкус на мед, а оној мед кога идеш на пат кон некој град и на патот има човек што продава мед, има многу поинаков вкус, каков си го купил таков ти останува, тоа е дека е природен :)
 
Мед што шеќердисува е природен мед, оној кој останува ист и не шеќердисува е ваштачки.
 
Мед што шеќердисува е природен мед, оној кој останува ист и не шеќердисува е ваштачки.
Навистина не сум знаел, мислев дека е обратно, али нема врска... фала што ми кажа, ама кога е шекердисан не е вкусен :)
 
Навистина не сум знаел, мислев дека е обратно, али нема врска... фала што ми кажа, ама кога е шекердисан не е вкусен :)

Кога е шекердисан ќе ја ставиш теглата во топла вода да се растопи и немаш гајле ;)
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom