МЕ ВАДИ ОД ПАТИКИ !

  • Креатор на темата Креатор на темата bibika
  • Време на започнување Време на започнување
-Ама,ова со компјутеров не одит веќе вака,онај модемон ќе го земам и од земја ќе го треснам.
-Облечи се Емилијаа,ко ке ми грофташ навечер јас немат да те носам по болници на инфузии
-Седни учи сеа, зш немате многу за учење ( :pos: ) ,за после да ти се одмалит.
-Само ако не се сите петки компјутерон не го гледаш.
-Во колку ке се вратиш? ( и секако, прашањето поставено сабајлето: Кога се врати,зш не те сетив ко дојде )
-Легви ајде,види колку е сатот.( кај и да е требит да дојт да ме потсетит да си легнам )
-Шо и да прајш,со умот в гла.
-Шо мислиш ти,со 15 години мене ќе ми презбореваш? Јас на 15 не можев да зуцнам ( е ова,ова најмногу ме нервират,ко ке споредвет работи како било во нивно време :nerv: )


Овие најчесто :)
 
Татко ми-Кај ги најде овие Јувентус па за нив да навиваш!Ова не да ме од патики!
Мајка ми-Навечер скиташ,преку ден спиеш!
И двајцата-Фати книга детееее,види ја сестра ти учи.
Во средно од родителска коа ќе се вратеше мајка ми....Драми ејјј.Се срамела таму од оцените и од изостаноците!
 
Книга не фаќаш! (не знаа дека учим од периодот 1-3 саат навечер)
Не пиј. (ок ова xD )
Дрогираш! (у живот кокаин не сум видел)
Среди собата. (i do my best)
Цел ден баскет играш (па шо кур да праем на распуст?)

Друго немам проблеми :))
 
Не учеш доволно! -> А јас главата не знам кај ми е.
Многу си наивен -> качува ми се адреналин од тоа.
Стандардни заповеди, донеси, земи...
Порано, кога пиев повеќе од што е пропишано :) сакаа да ме праќат на лечење, ненормални ниедни!
А, во последно време, во студентската менза има највеќе грав, пире и шпагети, и кога се приберам дома, дочека ме некое од овие три јадења. денеска беше грав, макар што за 5 дена 3 пати грав зобав
 
-Добро,незнајш да го наместиш креветон?Незнајш малце да подзачистиш?(во моменти на преголема мрза..:toe:)
-Шо напрај нашколо? Немате за учење или само ти немаш?(Е тек ова,со самово шо го пишам се нервирам. Нешто што стварно ме вади од патики)
-Поголем е братти,тој шо ќе ти кажит ќе го слушаш, несмејш да му презборвиш. И да те удри убо ти прајт,пак да ти текни да презборвиш.(Добро што е ова дискриминација? Несмеам да имам исти права ко него? Несмеам ништо во однос на него)
-"Мамо сакам да ми купиш..бла,бла бла." Мама : Шо да ти купам? Јас на твои години мислиш имав такво нешто?
-Пази шо прајш..немој да ти текнало да пушиш или да пијаш. Пази дан посегниш по дрога!Порано идај си.(пред секое излегвење)
-Кај си ти досега? Не го гледаш сатон колку е?(после секое излегвење)
-Прекини да штракаш по тастатурата на нерви ми одиш.
-Утре други ден ќе се мажиш,а знајш само три јадења да напрајш!(оригинален цитат од мама)
-Немате никакво поштовајне спрема родител!
-Ко ќе пуштам погласна музика или ко ќе сум на копјутер после 2 сатот,тато доаѓа во соба со коментарот: Ти си за Демир Хисар(или Бардовци,свеисто е ). Ој лечи се!
Можда имам лоша навика за викенди пред да излезам се пробувам и се фрлам во спалнана и ко ќе се вратам алиштата таму. И сабалјето осеќам некоја тежина на нозеве и секој викенд истото: алиштата ми се фрлени на креветот т.е. на мене додека спијам. Ова страшно ме нервира.
 
-Еееј седна на работно место а? (компјутер)
- Како помина у школо ? Влезе од една врата, излезе од друга, така ?
-Ајде легињај, утре школски ден е(од ова станувам црвен од нервоза) :)
-Ќе видиме дали ќе ти го платам интернетот нареден месец
-Намести го креветот, замисли дојде некој, што ќе рече. (па добро бе, шо кур ако не ми е наместен креветот).
-Никаква почит немаш спрема нас, све ти угодуваме, и ти пак ни носиш тројчиња.


И многу други.
 
- Среди ја малце собава на што личи ова
- Седни да учиш по цел ден или на компјутер седиш или свириш
- Легни, утре на школо си
.......

:toe:
 
-уште ли се кајганосуваш???!!очите ти истечеа у таа кајганата...
-е шо ми кажуваш сеа такви оговарања,јас не сум ти другарка.
-секогаш кога си ставам кока кола ,ми ја испива...
-е сеа кафе ке ти варам,свари си сама.
-за фамилија нејкам збор да чујам:zid:(а јас сакам да кажам шо ме мачи)
Ова се најчесто работи шо ме нервираат од мојот сакан и најубав маж:back:
 
- Само гледи да ти се истите оценки од полугодието од дома ќе леташ, тај пат татко ти не те спасува (:pos:)
- Не дај боже да си ставаш обица на десното уше, право дома не си иди.
- Научи ли, шо имате за учене (тоа 10 пати во денот)
- Абе седни учи, глупчо еден, не цел ден на компјутеро си седнал, преку главата си ми качан.
 
- учиш некогаш бе?какви ти се оценките?
- Ајде бе легнувај ќе неможеш да станеш сабајле 2 е сатот
-Ништо не фати денеска на кладилница чим си ноервозен а?
-седи дома малце бе не сме те виделе ич
-ич не не слушаш кога ќе те пратиме некаде,а некој друг да те прати одма трчаш
-ајде јади немаш јадено денеска бе&&& ова по 10 пати дневно
-Кога се избори дома не си идеш неможе вака цел ден си по штабови само за спиење си дома
-стани од компјутер очите ќе те болат
има и мн други на ова сеа ми текна
 
Eдно нешто само:

Јас оптегнат си спијам, а то недела дошло и мајка ми врп врп низ цела куќа со таа правосмукалката шо вади од памет:)
И си лежам јас и слушам едно време...СТАНУВААААЈ! Јас на Тошо се правам, ми се спие уште бе, после пак уште едно СТАНУВАААЈ, треба да чистам в детска! Јас пак игнорирам, и тогаш ми иди в соба и ми го крева јорганот.Од цела вечер што сум се тегнел и топло ми било и наеднаш ладно, шок прав:)
После тоа се тепаме кој да го земе јорганот, дали да оди тој на перење или да си го земам јас да се покријам пак, и на крај ќе изгубам и ќе повика малце и тоа:)
 
-пак не си ја раздигнал собата
-земи фати книга малце не цел ден пред компјутер
-земи јади(најмногу шо мразам)
-земи легни наспиј се ајде касно е ... :tapp:
 
-Јади нешто види колку си слаба...Шо сакаш тато да ми ти напрајт?
-Стани од тој компјутерот ќе ти го пресечам кабелот,ќе го заџидалам преку пенџере!
-Лелел колку се облекла слабо.....Облечи се одма Кристина ќе настиниш.
 
Legnii porano zos utre ke te viknam rano sabajle da dojdes u firma!!
 
Земи учи!
Земи јади ништо не јадеш
Стани веќе од таа кајгана, по цел ден дремеш на неа...
Облечи се ладно е...
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom