Па...не ми трубат многу со некои чести фрази,али сепак:
1. Ме нервираат највеќе кога се неправедни.
Примери:
- Јас сум била крива шо сум купила супа со ѕвезди,место со обично фиде и зато била ретка супата. (а таа му дотури уште 3 чаши вода,ебате беља ебате,па јас не ни јадам супа.)
- Газот ќе ми станел ко папуџиско тезѓе од седење пред компјутер.(А јас само е-меил седнав да си проверам.)
- Книга не сум имала отворено цел распуст. (А јас сите лектири ги прочитав.)
- Сум се понашала ко пензионер,во прва година гимназија.(А тие петките на школо дедо Милисав ги заслужи,а???!!)
- Колку сме биле егоисти,само на себе сме мислеле и на своите потреби,никој дома рака не ставал( да исчисти се мисли).(а 10000 години купатило нема изрибано,усисивач нема пуштено,нема ништо испеглано,оти се јас правам!!)
2. Од патики ме вади ко ќе го изрибам цело купатило,ќе светни се, и ќе влези да се искапи и влакната од решетката не стигнала да си ги собери оти многу и било ладно и не и текнало на тоа, или ги извадила од решетката ги оставила на работ од кадата(уште погадно).
- Ту да му се сневиди,прави што ќе правиш,остави чисто зад себе!
3. Ме нервира ко ќе ги најдам на татко ми чорапите зад врата или в чевли кај него. Е тогаш одам и под перница му ги ставам.
- Е такви мити глупости од патики ме корнат.
