А
Антоние
Гостин
Не негирам ништо од твојов пост, тоа си е твое дихотомско поимање на светот кој те опкружува. Постои и духовен хедонизам, некои и страдањето го прифаќаат ко задоволство. Муабетот е дека вредностите отсекогаш постоеле, ти само го одбираш тоа што ти се допаѓа. Се додека некој не ти наложува како да живееш (освен нели ако самиот тоа не го побараш) не гледам никаков проблем, па макар задоволството да си го наоѓаш и во секојдневно пијанчење по кафани, соништа да направиш милиони, гледање турски серии итн. За некои луѓе гледањето фудбалски утакмици и опседнатост со фудбал и со својот фудбалски клуб претставува духовна исполнетост, ја на пример можам да кажам дека тој начин на живот не ми се свиѓа, ама да ги карактеризирам или стреотипизирам ко вакви или онакви само поради тоа што сакале или не сакале фудбал ми е претерано, заради тоа и се надоврзав на твојот пост, ако едните кои според тебе се проста маса или луѓе кои тежнеат да се сообразат со масата, тогаш оние помалубројните кои се сметаат себе си за просветлени се сигурно псеудо-интелектуалци.
Можеби некои луѓе сакаат да бидат окарактеризирани или стереотипизирани, или пак сакаат да бидат водени од псеудо-интелектуалци. Кој си ти да кажеш поинаку?
(во обид да поставиш медиокритетен, општо прифатен став, самиот се сопињаш)
--- надополнето: 19 јануари 2014 во 13:36 ---
Антоние, сине Тони, ја имам многу проблеми да ги сврзам овие два твои поста, иако бев личен духовен советник на Шабан Трстена на олимписките игри во Л.А кога освои злато.
Имено:
Што е този "целосно подлабоко духовно постоење"?
Како истото се вклопува во утилитаризмот? Ако не се вклопува, да не се вклопува во хедонизам на некој начин?
Како активното спортување придонесува кон унапредувањето на општеството?
Што е потрага по духовно постоење, и како тоа придонесува кон општеството?
Што би рекол Мил за духовниот напредок и утилитаризмот?
--- надополнето: 19 јануари 2014 во 07:02 ---
Дух е Каспер. И носферату мислам дека беше дух, ама снимката е крш, не се гледа добро.
Духовен советник на Шабан и Шемса, кога пишувам за духовно постоење во суштина мислам на медитација. Намерно не го употребив тој збор затоа што зборот сам по себе влече семантички товар на една слика од жена во тесни јога панталони како седи во лотус позиција итн... медитацијата е многу повеќе од тоа и многу помалку од тоа. Ако не си ја прочитал до сега, побарај ја "Meditations" од Маркус Аврелиј. Фантастична книга.