MaxTV IPTV телевизија (Македонски Телеком) генерална дискусија (новости, прашања, проблеми)

  • Креатор на темата Креатор на темата Princ
  • Време на започнување Време на започнување
Кога сме веќе кај СК и Уефа: СК ги откупи правата за ЛШ и ЛЕ за територијата на Црна Гора. Дали е можно и за МК да го направат ова? :D http://www.sportklub.rs/liga-sampiona-i-liga-evrope-u-crnoj-gori-ekskluzivno-na-sport-klubu

EDIT: Наверојатно од 2018/2019 ЛШ и ЛЕ на српскиот СК.
Откупиле ист пакет како МРТ, еден меч во среда и еден меч во четврток, така да сеедно е дали на СК или на МРТ, главните тв права за балканот ги има Арена Спорт.
 
Кога сме веќе кај СК и Уефа: СК ги откупи правата за ЛШ и ЛЕ за територијата на Црна Гора. Дали е можно и за МК да го направат ова? :D http://www.sportklub.rs/liga-sampiona-i-liga-evrope-u-crnoj-gori-ekskluzivno-na-sport-klubu

EDIT: Наверојатно од 2018/2019 ЛШ и ЛЕ на српскиот СК.

Дај боже, да не фрламе пари за овие Арениве. :vozbud::cuc:[DOUBLEPOST=1439370276][/DOUBLEPOST]Абе дечки, далинсково нешто ми откажа, му сменив батерии и па нејќе. Му се јавувам на тој у Инфо и ми вика далинското не е под гаранција и оди во салон таму нека го видат и најверојатно треба ново да си купиш. Го прашав колку пари е и тоа не знае. :confused:
Да не знае некој дали можеби бесплатно ќе го сменат или поправат или пак колку пари е да се купи ново? o_O
 
Последно уредено:
Во ОНЕ да купиш ново далинско е 500 ден. Ваљда и кај овие е толку.
 
Дај боже, да не фрламе пари за овие Арениве. :vozbud::cuc:[DOUBLEPOST=1439370276][/DOUBLEPOST]Абе дечки, далинсково нешто ми откажа, му сменив батерии и па нејќе. Му се јавувам на тој у Инфо и ми вика далинското не е под гаранција и оди во салон таму нека го видат и најверојатно треба ново да си купиш. Го прашав колку пари е и тоа не знае. :confused:
Да не знае некој дали можеби бесплатно ќе го сменат или поправат или пак колку пари е да се купи ново? o_O
http://t-home.mk/mk/107/93/64/Korisnichki_uredi/Televizori/Dalechinski_upravuvach_MR300.html
889 денари или 79 на телефонска сметка на 12 рати
 
Дали некој знае што се случува со Фејсбук апликацијата. Откако ставија Метео ја избришаа Фејсбук апликацијата и не ни пишаа зошто ја избришаа.

Истото е и со мозаикот, приметив вчера го нема воопшто.
 
Последниов месец многу кочи макс тв дали го има некој друг истиот проблем ?
 
Зависи од кој дел на МК си... Ако си од југоистокот, тогаш да, меѓутоа мислам дека веќе е среден тој проблем.
 
Што канал е ова Конпани 21? Гледам е регистриран за на Макс тв како канал на државно ниво и е македонско - албански

Да не е оној RTV 21 за кој тука на форумов се пишуваше дека ќе отвараат тв канал во Македонија ?
http://forum.kajgana.com/threads/rtv21-нов-тв-канал-во-Македонија.77830/
 
Па сигурно е тој.
 
MaxTV приметив дека ќе ја понудат и видеотеката Pickbox како кај хрватите. Приметив дека е во тест фаза ова и има само еден наслов на серија од BBC ставено но не може да се пристапи до неа нити па има цена ставено.

Друга новост е што фејсбук страните МаxTV и T- Mobile ги споија во една страна Telekom MK.
 
Фала богу нешто ново. А тие сериите и филмовите од Pickbox ќе бидат преведени на македонски?
 
Сите филмови и серии на Pickbox се преведени на македонски јазик.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom