MaxTV IPTV телевизија (Македонски Телеком) генерална дискусија (новости, прашања, проблеми)

  • Креатор на темата Креатор на темата Princ
  • Време на започнување Време на започнување
Бесплатни се засекогаш или ова промотивно ќе се неколку месеци вака додека не одлучат за нелпка цена ?

Па од кај да знам... ги рекламираат како безплатни, па ќе видиме понатаму :D. Инаку сега го ресетирав ресиверот, фалат РТЛ2, РТЛ Ливинг, Југотон, Елта, Коперникус и Атлас 1 :unsure:
 
Па од кај да знам... ги рекламираат како безплатни, па ќе видиме понатаму :D. Инаку сега го ресетирав ресиверот, фалат РТЛ2, РТЛ Ливинг, Југотон, Елта, Коперникус и Атлас 1 :unsure:
Eве на сајтот вака пишува за пакетов канали

Најпопуларните и најгледаните 10 регионални канали во еден пакет - MAX BALKAN пакет. Во овој ТВ пакет се вклучени добро познатите канали: RTL и RTL2, RTL Living, RTL Kockica, Jugoton TV (Хрватска); ELTA HD и TV 1 (Босна); RTRS (Република Српска); Kopernikus 1 (Србија) и Atlas TV (Црна Гора).

Ексклузивно за сите MaxTV корисници, десетте нови канали од пакетот MAX BALKAN ќе бидат достапни бесплатно и без дополнително активирање од 1 јули до 31 август 2015 година!

По истекувањето на бесплатниот промотивен период, пакетот MAX BALKAN можете повторно да го активирате и да го гледате за само 99 денари месечно.

http://www.t-home.mk/mk/246/MaxTV/Paketi/TV_paketi.html#balkan

Не е скап пакетов, ајде некако да се плаќа за РТЛ разбирам ама глупо е да се дава пари за Коперникус, Атлас, Југотон...
 
Епа тури му пепел, ќе уживаме додека се бесплатни :/
 
Епа тури му пепел, ќе уживаме додека се бесплатни :/

Aко се нафати татко ми да ги активираме од септември ќе биде ОК.
Јас сум повеќе љубител на балкански канали,
 
Добро ова со каналиве коначно и овие да стават нешто поасално, ама зошто ставаат Living, а Crime и Passion каналот ги пропуштаат. Елта каналите се ѓубре, унапред ви кажувам, ги имам и на близу и на стрим, никогаш не сум ги гледал. Од RTL каналиве, само првиот канал и Crime(којшто не го регистрирале) вредат. RTL 2, Living,Passion се безвезе канали. RTRS пренесува спорт(сепак е национален сервис) али не верувам дека ке го остават така незатемнет.
 
RTL и РТРС пренесуваа X Factor сега RTL ќе прикажуваат Veliki brat кој не верувам дека ќе го остават каналот тие термини да е не затемнет бидејќи истото оди и на Сител.
 
До кога ќе ставаат HD канали, што не се HD!?

Sent from my C5303 using Tapatalk
 
А дали би можел ресиверот од 3 макс да работа без хард дискот ? (Media Receiver 300)
Пошто пред некое време ми имаја нешто спомнато у врска со ова, па ми текна да прашам овде. Имал некој такво искуство или не ? :D
 
Tој ресивер оди со хард диск, и не постои без хард диск. Хард дискот е заштитен и да го вадиш мислам дека ќе платиш како за оштета затоа што по раскинување на договорот го враќаш на нив.

Бидејќи спомнав дека ресиверот по раскинување договор треба да се врати ме интересира дали може да го вратам со скршено далинско?

Многу пати ми има паднато далинското и ми е скршено делот кај батериите а и е целиот испоизгребан, со копчиња избришани.
 
Ќе ти го наплатат ,не бери гајле за тоа.
 
Дали тоа Макс ТВ ни во најскапиот пакет не ги нуди сите канали бесплатно?
 
Кога ќе го пуштат новиот софтвер? Дали ќе додадат уште нови канали? И дај боже со новиот софтвер да го средат редоследот на каналите и со тоа да се намали големиот број на инфо канали кои се непотребни. Треба наместо толку многу инфо канали да направат еден уреден инфо канал кој ќе ги содржи сите потребни информации за услугите на T-Home и редовно да го ажурираат. Редно би било и да ги додадат логоата на сите ТВ канали во MaxTV водичот. Треба и да додадат повеќе апликации пример како YouTube и да ја профункционираат USB портата. Па така да заличи на нормално и уредно IPTV.

Sent from my GT-I9505 using Tapatalk
 
Ednas gi prasav na Facebook za noviot softver i mi rekoja be bile zapoznaeni deka treba da ima nov softver.

Tuku redno e da sredat so nov softver.
 
Многу битно, софтверот...
Нови канали нека стават, сиромашна им е понудата
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom