Малку офф, темава не е за тоа.
Иритира тоа што многу малку се вложува во подобрување на инфраструктурата кај сите оператори.
Структурата или скелетот на оптика го има од 2008 година. Македонски Железници имаат оптика со најголема пропусна моќ во Македонија, не е искористена ниту 1%. Уредот за преспојување на оптичкиот кабел чини 3000 евра. Стручен кадар има, не верувам дека сите интернет оператори заедно имаат кадар кој е постручен од оној во МЖ.
Поврзаност од Табановци до Гевгелија со крак Скопје - Кичево и Велес - Битола. Од искористеност е само ИП телефонија (локална мрежа на МЖ) со ваков уред:
Кој е воедно и модем. Звукот односно гласот на соговорникот е кристално чист и можност на групно поврзување со неколку соговорници.
Требаше МЖ да стане и оператор во фиксна телефонија, а многу лесно и интернет провајдер, но... Како и се во државата така и ова, замешана политика и наши интернет моќници, ништо од тоа. Бадијала толку големи вложувања, но кога политиката се вмешува во работата тогаш работа нема. Барем да земат нашиве интернет провајдери и да ја искористат оптиката на МЖ. Не сакаат, треба да се плати за користење на инфраструктурата. Тоа беше концепт за самофинансирање и остана само концепт.
Сите провајдери на куп у три лепе нака одат, единствено ги интересира само профит и ништо друго, а крајната штета е на нас корисниците. Уште многу години ќе тапкаме во место.