MaxTV IPTV телевизија (Македонски Телеком) генерална дискусија (новости, прашања, проблеми)

Член од
24 октомври 2021
Мислења
846
Поени од реакции
505
Pink ne dozvoluva emituvanje bez da im platat, zatoa se vo poseben paket... Toj paket sodrzi eden kup shund kanali na koj se nastavani stari gluposti, ima nad 20 muzicki, 10 porno... se toa vo losh kvalitet. Samo Pink e HD, ona Pink Plus e SD.
Автоматски споено мислење:

Se logira nekoj na Magenta TV? Kakvo e iskustvoto?

Leopeo

SpaceTe
Член од
12 септември 2021
Мислења
87
Поени од реакции
21
Имате инфо до каде се со андроид боксот?
Тестинг фаза беше ,требаа да го пуштат ама имале “Bugs” и требало да го средат ама било добро.

Sent from my iPhone using Tapatalk
 
Член од
21 ноември 2005
Мислења
5.121
Поени од реакции
830
Pink ne dozvoluva emituvanje bez da im platat, zatoa se vo poseben paket... Toj paket sodrzi eden kup shund kanali na koj se nastavani stari gluposti, ima nad 20 muzicki, 10 porno... se toa vo losh kvalitet. Samo Pink e HD, ona Pink Plus e SD.
Нема порно бе у Pink пакетот. :LOL:
Инаку да, програмата не е нешто посебно ама одлична е за љубители на турбофолк, а такви реално има многу.
 
Член од
27 октомври 2020
Мислења
108
Поени од реакции
101
Започнаа со можноста кога го бираш тв каналот содржината да може да ја гледаш од почеток веднаш. Веќе функционира на National Geographic и на STAR CHANNEL.
 
Член од
15 јули 2007
Мислења
14.980
Поени од реакции
7.619
Se logira nekoj na Magenta TV? Kakvo e iskustvoto?

Исто како на MaxTV GO засега. Кога ќе го пуштат со сите функции ќе биде подобро, само ќе биде супер ако не им текне да наплаќаат посебно тв пакети, снимање..
Автоматски споено мислење:

Нема порно бе у Pink пакетот. :LOL:
Инаку да, програмата не е нешто посебно ама одлична е за љубители на турбофолк, а такви реално има многу.
За љубители на Задруга, глупи фори во Ами Џи, гости пластични/силиконски девојки, репризи на емисии од 16 до можеби 20 и повеќе години.
 
Член од
24 април 2008
Мислења
10.594
Поени од реакции
11.755
Исто како на MaxTV GO засега. Кога ќе го пуштат со сите функции ќе биде подобро, само ќе биде супер ако не им текне да наплаќаат посебно тв пакети, снимање..
Со Магента ТВ доаѓа збогувањето со снимањето на ТВ содржини на хард диск кој на некои MaxTV рисивери доаѓаше со капацитет од 300 гигабајти, а на некои MaxTV рисивери доаѓаше со капацитет од 500 гигабајти.

На Магента ТВ ќе бидат дозволени 20 (ДВАЕСЕТ) часови снимање директно на Магента ТВ корисничката сметка, а кој сака повеќе од 20 (ДВАЕСЕТ) часови снимање ќе си плаќа за повеќе часови. На секој корисник на Магента ТВ ќе му биде даден истиот Андроид ИПТВ рисивер за секој телевизор, а тој рисивер доаѓа без хард диск и нема да поддржува снимање на надворешен мемориски уред за складирање на податоци од типот на USB меморија или екстерен хард диск.

Можеби ќе даваат повеќе од 20 (ДВАЕСЕТ) часови снимање за корисниците кои ќе се претплатат на поскапи ТВ пакети, но тоа останува непозната променлива, можеби и за нив ќе важи правилото ако сакаат повеќе да си платат за повеќе.
 
Последно уредено:
Член од
15 јули 2007
Мислења
14.980
Поени од реакции
7.619
@Dexter26 Што дека на другиве ресивери има хард диск кога не можам да си ги вадам снимките да може да ги гледам на компјутер.
Секако јас ретко кога и нешто снимам а и тоа што ќе го снимам го бришам или го оставам после некој период МаxTV ресиверот сам ќе ја избрише снимката зошто не сум наместил да е зачувано засекогаш.

Исто така ако нешто не ви чини ресиверот и ако ви го сменат со нов не префрлаат снимки од ресивер на друг ресивер така да кога сега ќе смениш од MaxTV на MagentaTV ако имаш нешто важно снимено збогувај се со снимката.
 
Тоа со префрлувањето на снимките го имаш кај буквално секој телекомуникациски оператор, со делумен исклучок кај А1 и кај Телекабел.

Кај А1 можеш да си ги префрлуваш снимките од буквално секој дигитален ТВ канал, но само снимките од дигиталните ТВ канали кои не се кодирани можеш да ги гледаш на компјутер, а кај А1 не се кодирани само каналите на МРТВ.

Иста е ситуацијата и кај Телекабел, така што кај нивната дигитална телевизија сите дигитални ТВ канали кои не спаѓаат во посебни пакети не се кодирани, па со тоа по автоматизам можеш да си снимаш на надворешна USB меморија или екстерен хард диск преку кабелски рисивер или на телевизор кој поддржува самостојно снимање. И кај нив секако дека можеш да ги префрлуваш и снимките од кодираните дигитални ТВ канали, но нема да можеш да ги гледаш на компјутер.

Инаку јас не работам за Македонски Телеком, а користам оптички Интернет и телевизија од Неотел - преку оптичката телекомуникациска мрежа на Македонски Телеком, се разбира - кои исто така нудат телевизија преку Андроид ИПТВ рисивер. Неотел се далеку бетер од Македонски Телеком во поглед на снимањето бидејќи дозволуваат снимање на максимум 6 (ШЕСТ) часа, без никаква опција за доплата за снимање на повеќе.

Кога сме кај постоечките MaxTV услуги, како поранешен корисник на 3 Max пакет од поранешен Ти-Хоум, лично мислам дека никогаш не ни планираа да воведат опција за префрлување на снимките од еден рисивер на друг, а уште помалку па да дозволат снимање или префрлување на снимките на USB меморија или на екстерен хард диск.

Тоа што е позитивно кај Нео ТВ на Неотел, а можеби ќе биде позитивно и кај Магента ТВ на Македонски Телеком, е тоа што ТВ каналите и снимките може да се гледаат преку веб сајтот на телекомуникацискиот оператор - со најавување со корисничко име и лозинка, се разбира - па ако знаеш како да превземеш видео снимка објавена на веб сајт или видео снимка што се емитува во директен пренос на веб сајт - не е никаква филозофија, постојат програми за тоа, само треба да се потрудиш да најдеш - изводливо е истата снимка да ја симнеш на компјутер и решен ти е проблемот.
 
Член од
21 јануари 2019
Мислења
149
Поени од реакции
96
Na telekom gledas utakmica koja kasni od 20-30 sekundi od realnoto vreme. Slusas galama kaj komsijata i znaes deka padnal gol na utakmicata a ti ke pocekas 20-30 sekundi dodeka stigne kaj tie na telekom. Strasna rabota. Dali toa planiraat da go sredat nekogas ? Vo denesno vreme da gledas natprevar koj kasni 30 sekundi e katastrofa !!!
 
Член од
9 јануари 2021
Мислења
721
Поени од реакции
749

Ко ќе биди сегде ип тв тогаш секаде ќе биди усогласено, а ако сакаш во реално време тогаш коаксијална телевизија.
 
Член од
21 ноември 2005
Мислења
5.121
Поени од реакции
830
Член од
8 јуни 2014
Мислења
703
Поени од реакции
157
Na telekom gledas utakmica koja kasni od 20-30 sekundi od realnoto vreme. Slusas galama kaj komsijata i znaes deka padnal gol na utakmicata a ti ke pocekas 20-30 sekundi dodeka stigne kaj tie na telekom. Strasna rabota. Dali toa planiraat da go sredat nekogas ? Vo denesno vreme da gledas natprevar koj kasni 30 sekundi e katastrofa !!!
Ова е многу добро,највероватно ќе пуштат на сите канали
 
Kajgana Shop

На врв Bottom