@Dexter26 Што дека на другиве ресивери има хард диск кога не можам да си ги вадам снимките да може да ги гледам на компјутер.
Секако јас ретко кога и нешто снимам а и тоа што ќе го снимам го бришам или го оставам после некој период МаxTV ресиверот сам ќе ја избрише снимката зошто не сум наместил да е зачувано засекогаш.
Исто така ако нешто не ви чини ресиверот и ако ви го сменат со нов не префрлаат снимки од ресивер на друг ресивер така да кога сега ќе смениш од MaxTV на MagentaTV ако имаш нешто важно снимено збогувај се со снимката.
Тоа со префрлувањето на снимките го имаш кај буквално секој телекомуникациски оператор, со делумен исклучок кај А1 и кај Телекабел.
Кај А1 можеш да си ги префрлуваш снимките од буквално секој дигитален ТВ канал, но само снимките од дигиталните ТВ канали кои не се кодирани можеш да ги гледаш на компјутер, а кај А1 не се кодирани само каналите на МРТВ.
Иста е ситуацијата и кај Телекабел, така што кај нивната дигитална телевизија сите дигитални ТВ канали кои не спаѓаат во посебни пакети не се кодирани, па со тоа по автоматизам можеш да си снимаш на надворешна USB меморија или екстерен хард диск преку кабелски рисивер или на телевизор кој поддржува самостојно снимање. И кај нив секако дека можеш да ги префрлуваш и снимките од кодираните дигитални ТВ канали, но нема да можеш да ги гледаш на компјутер.
Инаку јас не работам за Македонски Телеком, а користам оптички Интернет и телевизија од Неотел - преку оптичката телекомуникациска мрежа на Македонски Телеком, се разбира - кои исто така нудат телевизија преку Андроид ИПТВ рисивер. Неотел се далеку бетер од Македонски Телеком во поглед на снимањето бидејќи дозволуваат снимање на максимум 6 (ШЕСТ) часа, без никаква опција за доплата за снимање на повеќе.
Кога сме кај постоечките MaxTV услуги, како поранешен корисник на 3 Max пакет од поранешен Ти-Хоум, лично мислам дека никогаш не ни планираа да воведат опција за префрлување на снимките од еден рисивер на друг, а уште помалку па да дозволат снимање или префрлување на снимките на USB меморија или на екстерен хард диск.
Тоа што е позитивно кај Нео ТВ на Неотел, а можеби ќе биде позитивно и кај Магента ТВ на Македонски Телеком, е тоа што ТВ каналите и снимките може да се гледаат преку веб сајтот на телекомуникацискиот оператор - со најавување со корисничко име и лозинка, се разбира - па ако знаеш како да превземеш видео снимка објавена на веб сајт или видео снимка што се емитува во директен пренос на веб сајт - не е никаква филозофија, постојат програми за тоа, само треба да се потрудиш да најдеш - изводливо е истата снимка да ја симнеш на компјутер и решен ти е проблемот.