Сега истестирав кај мене дома на оптика.
Сите 4 ресивери пуштени на ист HD канал (Eurosport 1), на резолуција 1080i работи одлично. Во исто време пуштање speedtest, од повеќе уреди истовремено, нема никаква отстапка во брзина на интернет.
Кај пријател на бакар (ADSL) со два ресивери УЖАС! Интернет во исто време, едвааај! Човеков не може веќе да користи два ресивери, едниот едвај му работи во HD.
Требаше Телеком малку поинаку да го осмислат сето ова, да дадеа SD опција како алтернатива. Го водев по телефон симна на 720p како така, некако му функционира со поткочување.