Маханичко работење

  • Креатор на темата Креатор на темата MARCELLO
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
15 јули 2007
Мислења
16.521
Поени од реакции
8.688
Возраст
35
Дали во живото сте имале ситуации кога пример дома или на работа сте исклучиле греење сте излегле заклучиле и потоа по 5 - 6 минути по пат веќе кога си одалечен од местото самите себе се прашувате Дали јас го исклучив греењето ? Не сте свесни дека тоа сте го направиле во моментот па мора да се вратите за да проверите и испаѓа дека сте го исклучиле греењето.

Мене ова последниве неколку месеци често ми се случува. Некој викаат дека тоа е механичко работење и движење па мозокот тогаш не ги впива тие информации во себе па не си сигурен што си направил.

Ако некој мисли или знае поинаку дека се вика оваа ситуација слободно нека пише.
 
За греење не но дали сум заклучил на излегување од дома се случило повеќе пати :)
 
То не е ништо, овде едни детето вкафана си го заборавија.
 
Најчесто се случува кога си замислен во нешто друго и функционираш на ауто-пилот за работи кои ги правиш рутински без размислување како на пример дали си заклучил, дали си исклучил све по дома, дали си измил заби :D.

Мене многу пати ми се случило не само за ситници туку и за поголеми работи кои сум ги направил по автоматизам. Последно беше сега пред некој ден. Бев до банкомат и доаѓам дома, после некое време се чудам кај ми е картицата. Барам сегде, нема. А сигурен сум дека ми беше во џеб. Влегувам во спална и ја гледам на маса, значи сум влегол во собата сосем несвесно, сум испразнил џебовите и сум излегол а појма немам, како хипнотизиран :).
 
Ништо страшно. На мене ова ми се случува во последниве 10 години:D Излегувам од дома и одма ми се појавува она чувство дека сум заборавил нешто, дека сум ја заборавил чешмата да тече или дека некој електричен апарат е уште уклучен. Но кога подобро ќе размислиш, се тоа се случува, затоа што животот го живееме со едно брзо темпо, постојано брзаме негде за да стигнеме на време, а притоа ни е страв за нашиот дом, нашата професија, нашата обврска или што и да е. Тоа почнав да го контролирам со тоа што пред да излезам од дома проверувам се, па кога ќе излезам надвор колку и да ми се појавува тоа чувство, си викам дека тоа е само чувството и дека ваљда не сум таков баксуз да сум заборавил нешто дома уклучено и да настане некоја беља:D
 
Најчесто се случува кога си замислен во нешто друго и функционираш на ауто-пилот за работи кои ги правиш рутински без размислување како на пример дали си заклучил, дали си исклучил све по дома, дали си измил заби :D.

Мене многу пати ми се случило не само за ситници туку и за поголеми работи кои сум ги направил по автоматизам. Последно беше сега пред некој ден. Бев до банкомат и доаѓам дома, после некое време се чудам кај ми е картицата. Барам сегде, нема. А сигурен сум дека ми беше во џеб. Влегувам во спална и ја гледам на маса, значи сум влегол во собата сосем несвесно, сум испразнил џебовите и сум излегол а појма немам, како хипнотизиран :).
Мене ова со мобилниот и наочарите ми се случувало многу пати. Не сум свесен каде сум ги оставил а знам дека ги оставив некаде. Барај низ цел стан на крај кога ќе ги најдам одма ми се враќаат сеќавања дека на тоа место ги оставив.

Исто со вратата од дома ми се случува. Сум заклучил, ставам клучот во џеб ама не сум сигурен и се враќам до врата (пак до 5 ти спрат) да проверам.
 
Тоа е зашто си замислен на други работи и по автоматизам ги правиш овие рутинскиве. Или пак ако имаш некоја дистракција во тој момент, пример некој да ти прави муабет и слично и не обраќаш внимание на некоја рутинска работа.
Можда сега ќе звучи малце смешно, ама медитација помага во смисла што ти ги прибира мислите и помага да научиш како да си присутен секогаш во моментот а не да мислиш на 300 други работи освен на она што го правиш :).
 
Ne samo sho ne e smesno, tuku e apsolutno vistinito deka meditacijata go pribira umo. Pitanjeto e deneska na koj ne mu se desava toa - da e rasean?
 
Мене со логаут од фб. Чудното е што некогаш сум и 99% сигурен дека сум одјавен ама на моментот се сеќавам како во сон, па одам пак да видам за секој случај.
 
Одиш на испит, не ти текнува на материјата ама дали си заклучил како на чело стои. :D
 
Ништо не е ова бе, јас имам отидено да полагам испит во сабота. Испитот бил петокот. А се угинав од учење месец дена. :cool:
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom