јас малце касно приметувам, ама вечерва ми беше досадно па решив детално да ја разгледам темава
Има повеќе причини за ова, во друга прилика можеби ќе ги наведам и другите, но главната е дека на ваквите насоки најлесно се млати празна слама.
како дојде до заклучок дека најлесно се млати празна слама?
менаџментот е дел од економијата, која технички е најнезависна наука од вежби за кои треба апаратура, пациенти, увоз на хемикалии со посебни дозволи, бла-бла. затоа и најлесно е да се отвори факултет/школа на која ќе се изучува тоа поле. за медицина мора за секој предмет да има клиника на која студентите ќе вежбаат, ама еве сега со приватните болници се спрема и приватен медицински факултет. машински требаат машини (логично, нели?) кои се прилично скапи, не знам колку еден инвеститор би можел да ги купи сите потребни апарати, а интересот на студентите е премал за да се врати инвестицијата. електро појма немам што треба, ама веќе има два или три приватни факултет за информатика колку што знам. приватниот сектор секогаш оди таму кај што има најголем интерес, нормално.
менаџментот во нашава земја за жал е веќе можам да кажам и вулгаризиран. повеќето од тие што се запишаа на менаџмент на приватните факултети, отидоа зашто немаа појма каде да се запишат, го завршија ради реда (секој што се запишал не значи дека воопшто завршил, уште има вечни студенти, а има и голем број на оние што завршиле ради реда и после држат гранапче или нешто подработуваат во семејните фирми колку да не седат дома, чест на исклучоците).
во суштина менаџментот не е факултет кој е лесен и едноставен. можда лесно може да се "набубаат" работите, но она што те прави добар менаџер не е бубањето, него е праксата и талентот. ако немаш многу талент, добра селекција на работите на кои треба да се обрати внимание и правилно насочување на времето и ресурсите (од кој вид и да се ресурсите-време, пари, труд...).
добар менаџер е основа за добро работење на некоја фирма. жалосно е што во македонија е потценето нивното значење (од страна на широката народна маса, нели, добрите фирми се борат за добрите менаџери, ниеден менаџер кој го бива не останува без работа).
Деца, изборот на факултет можеби ви е една од најважните работи. Запишете се на факултет кој ќе ви овозможи поголем избор на работни места. Мој фаворити се:
1. Правен
2. Економски
3. Електро
4. Медицина
баш со медицина па ќе имаат голем избор на работни места, го погоди факултетов! прво што има милион доктори, второ да влезеш во некоја од клиниките треба или да имаш некој свој и тоа некој што добро стои, или... па нема друго, само тоа е. многу добро сум запознаена со работењето и начинот на примање доктори на клиниките. друга опција е да отвориш приватна ординација по општа медицина што чини добра сум пари или да се оди на специјализација што исто така не е бесплатно. а и со правен е нешто слично, треба да стажираат, па да полагаат правосуден, па пак да инвестираат пари во отварање адвокатска канцеларија, тоа се години и години работа и не така мало купче пари кои мора да се инвестираат.
зошто ако може едноставно да го решат образованието, добивајќи добро образование и некаква надеж за добро работно место и притоа не губејќи 10 години и 10 илјади евра, да не го направат тоа?