Матуранти кои уште немаат поим каде да се запишат

  • Креатор на темата Креатор на темата DBack
  • Време на започнување Време на започнување

Незнам каде на факс поради тоа што:


  • Вкупно гласачи
    67
  • Гласањето е завршено на .
a зошто ми се чини дека се напецаш
и темава да е за матуранти кои незнаат каде да се запишат
но муабетот цело време се врти околу твојата академија

дали се вознемирувам, ни малку

btw

колку рече дека имаат докторинарано од предавачите кај тебе?
а колку магистрирано?
 
a зошто ми се чини дека се напецаш
и темава да е за матуранти кои незнаат каде да се запишат
но муабетот цело време се врти околу твојата академија

дали се вознемирувам, ни малку

btw

колку рече дека имаат докторинарано од предавачите кај тебе?
а колку магистрирано?

Законот побарува сите предавачи да имаат ниво Магистер. Сите тие имаат. www.bas.edu.mk.

Муабетот се врти околу БАС затоа што луѓе ко тебе и Кинезот неќат да ја извадат од уста. Врати се и провери.
 
ај вратисе ти и провери
во првиот пост ја фалиш академијата и само неа ја претставуваш
кога веќе си ставил таков наслов можеше да понудиш повеќе опции

ама нее, академијата е преден план

Да, темава ја ставам и ради реклама.

потоа секој кога ќе спомнеше факултет, следуваше километарски пост од тебе контра и бранејќи си го своето
не ме терај цитати да давам, оти нема многу страни темава само можеш да видиш што си напишал ако воопшто и сам пишуваш

јас во два поста ти кажав дека

ако ставеше наслов со академијата никој немаше да ти ја чита темава

да тоа е факт

дека ја фалеше во секоја можна прилика и тоа е факт

дека си ги браниш интересите цело време и тоа е факт

потоа кога го спомнав градежниот воопшто академијата не беше спомната, ама затоа следуваа напади од твоја страна и мрчења

ти дали воопшто си ги знаеш постовите

браниси го своето, јас те разбирам ти кажав неколку пати пак ќе ти кажам дека затоа и си дојден, тоа ти е работа

само не ми го наметнувај и мене

има еден куп други факултети, академии во земјава

и како предлагач на темата со грешен наслов немора одма да скокаш во секој муабет за да цитираш некого, некаде не си потребен за да се вмешаш со твоето
 
ај вратисе ти и провери
во првиот пост ја фалиш академијата и само неа ја претставуваш
кога веќе си ставил таков наслов можеше да понудиш повеќе опции

ама нее, академијата е преден план



потоа секој кога ќе спомнеше факултет, следуваше километарски пост од тебе контра и бранејќи си го своето
не ме терај цитати да давам, оти нема многу страни темава само можеш да видиш што си напишал ако воопшто и сам пишуваш

јас во два поста ти кажав дека

ако ставеше наслов со академијата никој немаше да ти ја чита темава

да тоа е факт

дека ја фалеше во секоја можна прилика и тоа е факт

дека си ги браниш интересите цело време и тоа е факт

потоа кога го спомнав градежниот воопшто академијата не беше спомната, ама затоа следуваа напади од твоја страна и мрчења

ти дали воопшто си ги знаеш постовите

браниси го своето, јас те разбирам ти кажав неколку пати пак ќе ти кажам дека затоа и си дојден, тоа ти е работа

само не ми го наметнувај и мене

има еден куп други факултети, академии во земјава

и како предлагач на темата со грешен наслов немора одма да скокаш во секој муабет за да цитираш некого, некаде не си потребен за да се вмешаш со твоето

Темава ја поставив јас и си ја пазам ко свое дете. Една ми е од вкупно двете на форумов. Постојано ја следам и одговарам на се што мислам дека заслужува одговор. Моја си е - шо ќе праиш. Ако сакаш и ти отвори си една. Крсти си ја како сакаш.

Рекламата, ко што ти кажа KaiTekk е во првиот пост и намерата на истата беше да се спречат овакви глупости што сега јас и ти ги пишуваме (ако внимателно го прочиташ првиот пост мислам дека ќе забележиш). На форумов има посебна тема за БАС која јас не ја почнав - некој Блогерџија ја пишал. Него не го познавам. Алал да му е и голема благодарност до него.

Околу болдот во цитатот: Тоа е мувата на капата. Реагирав на твое тврдење чуено од некој професор: „...и они признаваат дека не трујат...“ (искрено, ме боли уво кој е тој и на кој факултет предава). Јас зборував за описот на работно место „професор“ и нивните одговорности. Тоа што си ишкаш од главата си е твој проблем.

Јас сеуште студирам. На пост-дипломски сум во моментов. Студирав 2 факултети и сето ова високообразовно искуство ми е од Македонија и од нашите државни факултети и институти. Покрај тоа, сум работел на повеќе проекти со високото образование. Имам и големко искуство како симултан преведувач. Се имам изнаслушано и изнагледано професори, наставни програми и работни услови. Познавам многу академски граѓани и наставно научни дејци - професионално и приватно. Не генерализирам и не плукам во празно или на купот.

Се што кажав, ако имаш трпение и доблест да го прочиташ внимателно, е дека: професор и/или факултет кои имаат застарена програма и наставни материјали (особено ако се споменува годината '73 - не од тебе - не скокај!) покажуваат сериозна негрижа за своите корисници - студентите.

Аха, и кажав уште дека промената на наставната програма е релативно едноставен процес (јас, еве, двапати досега сум го поминал и не боли - многу е едноставен и брз), кој не зависи од политика и лични интереси - туку дека не се случува поради комоција на познатото, мрза и незаинтересираност од страна на оние чија работа е тоа.

Ете, сега не мора ни да се навраќаш наназад ако те мрзи да пребаруваш.

И дај стварно, олабави ме, пошто више не ми е ни предизвик, ни интересно, ниту пак мислам дека е ова корисно за било кого. Боље, пиши ми ПП или на ѕид, па псуј, нервирај се, објаснувај, колни... whatever.

Се најубаво. Озбилно.
 
тој што се нервира ќе да не сум јас

„твоето дете“ темава чувај си ја, и немој да си пропуштил нити еден пост, макар и не повикан

не ја пропуштај можноста да плукаш на незнаење по туѓото и да си го фалиш твоето

ете толку од мене

сега продолжиси, да цитираш со 5 километарски постови кога некој друг ќе спомне друг факултет

:salut:
 
тој што се нервира ќе да не сум јас

„твоето дете“ темава чувај си ја, и немој да си пропуштил нити еден пост, макар и не повикан

не ја пропуштај можноста да плукаш на незнаење по туѓото и да си го фалиш твоето

ете толку од мене

сега продолжиси, да цитираш со 5 километарски постови кога некој друг ќе спомне друг факултет

:salut:

Ти благодарам на посетата. Беше интересно искуство.

Иако, како честитка, гледам си оставил уште една семантички тешко разбирлива конструкција (болд), јас, како добар домаќин, нема да се обидувам да те задоцнам онаму каде си тргнал барајќи толкување или капаче.

Поздрав и се најубаво.
 
јас малце касно приметувам, ама вечерва ми беше досадно па решив детално да ја разгледам темава :)

Има повеќе причини за ова, во друга прилика можеби ќе ги наведам и другите, но главната е дека на ваквите насоки најлесно се млати празна слама.

како дојде до заклучок дека најлесно се млати празна слама?
менаџментот е дел од економијата, која технички е најнезависна наука од вежби за кои треба апаратура, пациенти, увоз на хемикалии со посебни дозволи, бла-бла. затоа и најлесно е да се отвори факултет/школа на која ќе се изучува тоа поле. за медицина мора за секој предмет да има клиника на која студентите ќе вежбаат, ама еве сега со приватните болници се спрема и приватен медицински факултет. машински требаат машини (логично, нели?) кои се прилично скапи, не знам колку еден инвеститор би можел да ги купи сите потребни апарати, а интересот на студентите е премал за да се врати инвестицијата. електро појма немам што треба, ама веќе има два или три приватни факултет за информатика колку што знам. приватниот сектор секогаш оди таму кај што има најголем интерес, нормално.
менаџментот во нашава земја за жал е веќе можам да кажам и вулгаризиран. повеќето од тие што се запишаа на менаџмент на приватните факултети, отидоа зашто немаа појма каде да се запишат, го завршија ради реда (секој што се запишал не значи дека воопшто завршил, уште има вечни студенти, а има и голем број на оние што завршиле ради реда и после држат гранапче или нешто подработуваат во семејните фирми колку да не седат дома, чест на исклучоците).
во суштина менаџментот не е факултет кој е лесен и едноставен. можда лесно може да се "набубаат" работите, но она што те прави добар менаџер не е бубањето, него е праксата и талентот. ако немаш многу талент, добра селекција на работите на кои треба да се обрати внимание и правилно насочување на времето и ресурсите (од кој вид и да се ресурсите-време, пари, труд...).
добар менаџер е основа за добро работење на некоја фирма. жалосно е што во македонија е потценето нивното значење (од страна на широката народна маса, нели, добрите фирми се борат за добрите менаџери, ниеден менаџер кој го бива не останува без работа).

Деца, изборот на факултет можеби ви е една од најважните работи. Запишете се на факултет кој ќе ви овозможи поголем избор на работни места. Мој фаворити се:

1. Правен
2. Економски
3. Електро
4. Медицина

баш со медицина па ќе имаат голем избор на работни места, го погоди факултетов! прво што има милион доктори, второ да влезеш во некоја од клиниките треба или да имаш некој свој и тоа некој што добро стои, или... па нема друго, само тоа е. многу добро сум запознаена со работењето и начинот на примање доктори на клиниките. друга опција е да отвориш приватна ординација по општа медицина што чини добра сум пари или да се оди на специјализација што исто така не е бесплатно. а и со правен е нешто слично, треба да стажираат, па да полагаат правосуден, па пак да инвестираат пари во отварање адвокатска канцеларија, тоа се години и години работа и не така мало купче пари кои мора да се инвестираат.
зошто ако може едноставно да го решат образованието, добивајќи добро образование и некаква надеж за добро работно место и притоа не губејќи 10 години и 10 илјади евра, да не го направат тоа?
 
ako nekoj znae da mi kaze kako se priznaeti privatnive fakulteti kaj nas? koi imaat pogolema prednost i slicno:salut:
 
ako nekoj znae da mi kaze kako se priznaeti privatnive fakulteti kaj nas? koi imaat pogolema prednost i slicno:salut:
Веќе саат ипол барам листа на акредитирани високообразовни институции (не онаа од 2007) и никако не можам да најдам.
Страницата на Одборот за акредитација е тргната од mon.gov.mk - имаат нов web http://www.board.edu.mk ама на него нема ништо во врска со акредитираните... хмм...

Ако некој успее да најде, плиз, нека постира тука. И мене ми треба списокот, ама еве, некако чудно тешко е да го најдеш...
 
Па не се наоѓа пошто секој ден искачаат нови приватни факултети кај нас.

Мислам дека имаше ваква тема со листа од признаени факултети ,чек ќе побарам.
 
Па не се наоѓа пошто секој ден искачаат нови приватни факултети кај нас.

Мислам дека имаше ваква тема со листа од признаени факултети ,чек ќе побарам.

има една од 2007 година. Оттогаш има барем уште 10-тина нови акредитирани + многу од веќе акредитираните се реакредитираа и/или отворија нови насоки/студиски програми.

Чудно е што никаде не може да се најде ажуриран регистер. Најтазето што јас го најдов е од 27.06.2007, а и тој список не е целосен.

Телефоните на сајтот на Одборот се погрешни - добиаш Правна служба на МОН. На мејлот никој не одговара, исто така. Многу без врска.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom