Матура

  • Креатор на темата Креатор на темата elektro
  • Време на започнување Време на започнување
има ли шанси , списоците кој каде седи да се правено во училиштето, а ние мислиме дека се од Скопје пуштени? Зборувам за конкретно училиште, бидејќи една училница е навистина многу сомнителна!
 
има ли шанси , списоците кој каде седи да се правено во училиштето, а ние мислиме дека се од Скопје пуштени? Зборувам за конкретно училиште, бидејќи една училница е навистина многу сомнителна!
и во нашето школо (не е важно кое) во една училница ги ставиле сите од еден клас :eek: а нели треба мешано да биде?
еве јас на пример, од мојот клас сум паднат со 3ца други и другите се од мешани класови. кој од стручни, кој општи, од секаде има со мене, а овие некако стварно како да си ја наредиле работава.
15 души и сите заедно што си учат ама ај.....будалска работа.
секогаш имало и врски и местенки и секогаш ќе има.
и што демек некој тестовите ги гледа. абе оди таму на тестаторите кажи им ја шифрата или бројот или кодот и завршена ти е работата. глупости во боја.
демек оние синчиња и ќеркички на мама и тато учат? аха да, трипати...не знаат што се случува. ќе дојдат како телиња на полагање и гледаш со најмногу бода положиле :tapp:
 
Од нашиот клас сме 13 од души во иста училница, а никој ништо не знаеше пред да бидат објавени списоците. Така да изгледа дека тие што ги прават списоците воопшто не обрнуваат внимание на тоа.
 
Е сега малку за темата од егзистенцијализмот. Во воведниот дел треба да дадете нешто кратко за правецот, особеностите и главните претставници Ками и Бекет со нивните дела. Не ги спомнувајте многу Јасперс, Хајдегер, а уште помалку Ниче...ќе ви отиде воведот во повеќе од 100 зборови.

Од кај тоа дека воведот мора да изгледа така, натрупан со факти за правецот и претставниците, а не нешто креативно, со оглед на тоа каква би била темата? Пошто и есеј е, критички осврт значи, кај нас мкд професоркава увек не тераше да избегнуваме непотребни факти и информации кои секој ги знае при пишување на есеј :)
 
има ли шанси , списоците кој каде седи да се правено во училиштето, а ние мислиме дека се од Скопје пуштени? Зборувам за конкретно училиште, бидејќи една училница е навистина многу сомнителна!

Искрено, не знам кој ја дава таа наредба како треба да се сместат учениците што полагаат матура. Лани биле размешано во Корчагин, а генерација пред тоа биле по класови. Абе побркано е се' бе. :D

Сите што се од Корчагин нека се јават на рецепција одма :).

Еве од Корчагин сум јас и уште барем еден тука. Ако мислиш на тоа дали ги имаме тестовите од матурата....да ги имаме, веќе се научени ама не ви ги даваме. ;) Шала на страна, шпекулацијата не знам од кај излезе. Верувај, некој да ја има матурата, нема да биде доволно глуп да се дознае за тоа.

Дечки следите ли некој друг форум за Матурава ?!

Има и на фемина форумот. (не го посетувам јас, да се разбереме :P)

Има што да се пишува, но по моја логика би одело во комбинација со друго дело, односно нема да е САМО ова вклучено.

Егзистенцијализам го подразбира апсурдот. Освен тие два, може и Проклета авлија да е вклучена.

Проклета авлија не е во испитна програма за матура. И така неам појма што се дешава таму, не ја прочитав. :D

ај некој од тие што правеле македонски матура ако сака да каже какви прашања отприлика има?

Еве тука имаш од сите досегашни матури, и јунски и августовски рокови, од сите можни предмети.

Од кај тоа дека воведот мора да изгледа така, натрупан со факти за правецот и претставниците, а не нешто креативно, со оглед на тоа каква би била темата? Пошто и есеј е, критички осврт значи, кај нас мкд професоркава увек не тераше да избегнуваме непотребни факти и информации кои секој ги знае при пишување на есеј :)

Некои професори не сакаат премногу креативност, ако ме сфаќаш. Едноставно, ќе ти даде помалку бодови на содржина бидејќи не си внел повеќе факти. Школското е најсигурно за на матура, нема грешка. Али види, секој на свој начин ќе ги пренесе тие факти на лист, во тоа е креативноста. Крај краева, не мора да биде натрупано ако убаво ги скоцкаш сите тие факти. Пак ти викам, и во тоа има креативност. Сега знам дека некои луѓе сакаат да пишуваат поуметнички текстови, со еден куп стилски фигури, ама тоа е тоа.
Тоа е тоа, не јебат во образовниов систем. Четири години ни бараат убави текстови и на матура ни го ставаат. ;)

И да, заборавив уште нешто. Ако читате од учебник, прирачник или некоја критика, никако не ја пишувајте истата реченица. Може да ви кажат дека сте украле или не знам што (имаше таму во правилата). Затоа, испревртете ја, употребете синоними или слично.

И еден совет, прво смирено напишете го есејот, без брзање, а потоа преминете на останатиот дел, има време за се, 4 часа се сосема доволни. Поздрав и многу среќа!

Што знам, јас прво би решил литература, јазик и после есејот. Да се загрееш малце за есејот. :D А дека има еден куп време, има. Ги решавав по дома тестовите од претходните години, повеќе од саат ипол нема шанси да се потрошат на делот литература/јазик/читање. Два преку сила. И ти останува уште толку и за есејот. Фала, ќе треба. Да не се паднат тешки песни за анализа. :P
 
аман со овие муабети,татини синчиња и ќерки има милион низ земјава па пак сите учат за матурата.Сватете дека ако се помага на одредени деца не може да се дадат прашањата во секое школо по 1 клас,едноставно многу луѓе се тоа на ниво на цела земја и за 2 саата сите ќе ги иаме тестовите.
Не се секирајте за тие со ептен јаки врски,со матура или без нема зима за нив..они повеќето не ни учат во државните школи и дел нема ни да полагаат матура.
 
Некои професори не сакаат премногу креативност, ако ме сфаќаш. Едноставно, ќе ти даде помалку бодови на содржина бидејќи не си внел повеќе факти. Школското е најсигурно за на матура, нема грешка. Али види, секој на свој начин ќе ги пренесе тие факти на лист, во тоа е креативноста. Крај краева, не мора да биде натрупано ако убаво ги скоцкаш сите тие факти. Пак ти викам, и во тоа има креативност. Сега знам дека некои луѓе сакаат да пишуваат поуметнички текстови, со еден куп стилски фигури, ама тоа е тоа.
Тоа е тоа, не јебат во образовниов систем. Четири години ни бараат убави текстови и на матура ни го ставаат. ;)

Абе пишувај како знаеш најдобро. Јас лани ја одбрав темата за романтизам, напишав "уметнички" есеј како што го викаш ти, полн стилски фигури и со висок стил на изразување, па положив со 5. Зошто да не пишуваш "уметнички" ако темата ти го дозволува тоа? Апсурдот на Ками е фантастична тема, кој не ја проучил, не знае што пропушта.
 
Значи вака, ако се падне да направиме споредба помеѓу ,,Странецот" и ,,Чекајќи го Годо" , на мене не ми е јасно кој вовед би бил соодветен. Нешто општо за егзистенцијализмот, причини заради кои се појавил итн..? Што мислите?
 
Тоа нема врска, може да се падне

Па има врска...тие што се во програмата за матура, односно преку годината ни се како дела за обработка, се паѓаат. Другите се како лектири и тие се знае дека нема да се паднат. Пример: Клетници, Процес, Вертер, Гуливеровите патувања и многу други.
 
добро бе толку ли се знаете па само есејот го зборувате нон стоп 100 страни ? ако сте толку паметни како може проблем да ви биде 1 глупав есеј од општа дадена тема на лице место да ја измислите ?

гарант напамет учите се.....
 
Ако при некој збор голтнеш буква или што знам, го згрешиш зборот, дозволено е да се пречкрта?
 
Ако при некој збор голтнеш буква или што знам, го згрешиш зборот, дозволено е да се пречкрта?

Дозволено е тоа во есејот (искрено не знам за оние прашањата кај што треба да се одговори со зборови). Е сега, гледај да не биде тоа премногу, па на крај прегледувачот да се накурчи. :D

добро бе толку ли се знаете па само есејот го зборувате нон стоп 100 страни ? ако сте толку паметни како може проблем да ви биде 1 глупав есеј од општа дадена тема на лице место да ја измислите ?

гарант напамет учите се.....

Да бе, напамет ги учиме делава...40тина дела напамет учиме. ;)
 
Тестаторот ќе ти даде дополнителен лист на кој се дадени две теми.
Избери една тема и:
- напиши текст од 350 до 500 збора;
- почитувај ги правилата за композицијата на текстот (воведен дел,
главен дел и заклучок);
- почитувај ги правилата на стандардниот јазик;
- мислите искажи ги јасно и поврзано со употреба на факти и аргументи;
- употреби соодветна лексика и стил во согласност со видот на текстот
кој го пишуваш.

значи убаво си пишува на ланскиот тест дека есејот треба да биде од 350 до 500 збора, а денеска професорката и едно девојче што повеќе учи не убедуваа дека најмногу до 350 смеело :unsure: и сеа??? ај аман те кажете точно.
500 било многу, а мене ни 500 збора не ми стасуваа дома пробен кога правев.
 
Хм, кој што го мачи.. сепак темата е да си помагаме, а не да критикуваме дали есеј или граматика го мачи некој 100 страни!
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom