Матура

  • Креатор на темата Креатор на темата elektro
  • Време на започнување Време на започнување
Дечки следите ли некој друг форум за Матурава ?!
 
Всушност ова дело има своја вредност, несомнено. Болдираното го опишува егзистенцијализмот, не може тука да има некои љубовни романчиња.
А се прашувам,за што егзистираат? Што ќе им донесе Годо,кога всушност незнаат ни зашо го чекаат ? Апсурд е тоа во ред,ама што би се пишувало на таа тема,ќе се кажи оти незнаат зашо го чекаат оти си расправаат нивни работи додека го чекаат и после? Од каде да се извадат 400-500 зборови на оваа тема???
За Странецот сите би напишале и по 1500,ама за овоа...мислам страшно.Недај Боже овие два глупи лика да ги има
 
добро а некој може да помогне, да даде некој совет. што одприлика ќе пишува во воведот? Знам дека треба за егзистенцијализмот, но.... она што го наоѓам е од филозофска гледна точка.
 
А се прашувам,за што егзистираат? Што ќе им донесе Годо,кога всушност незнаат ни зашо го чекаат ? Апсурд е тоа во ред,ама што би се пишувало на таа тема,ќе се кажи оти незнаат зашо го чекаат оти си расправаат нивни работи додека го чекаат и после? Од каде да се извадат 400-500 зборови на оваа тема???
За Странецот сите би напишале и по 1500,ама за овоа...мислам страшно.Недај Боже овие два глупи лика да ги има

затоа има и слободна тема, па ти бирај си
 
Да си прашам пошто ништо не сватив.Од темите за правците може да има две теми едната за егзицијализмот а другата за апсурдот?Така?Или тоа е една тема па треба да се напрваи споредба во еден есеј за Мерсо и овие двајцата што го чекат Годо.Дај појаснете што како треба да се пишува.
 
Значи вака. Имате можност да бирате помеѓу две теми:
1. Слободна тема. Може да биде за било што од секојдневниот живот (наводно има шпекулација дека е нешто со мир, предрасуди и слично). Видете си од претходните години какви биле темите.
2. Тема поврзана со светски правец од 20. век, т.е. егзистенцијализмот и двата претставника кои ги имаме учено, а се во испитната програма - Ками со „Странецот“ и Бекет со „Чекајќи го Годо“.

Ваш е изборот што да пишувате, само што рачунајте дека ако го знаете добро материјалот и овие две книги, нема да ви биде нималку тешко да напишете еден добар школски есеј со кој ќе освоите доста поени. Со слободната тема идете на малку поголем ризик со оглед на тоа што таму ќе бараат многу факти, кои ќе треба да ги знаете самите.

Е сега малку за темата од егзистенцијализмот. Во воведниот дел треба да дадете нешто кратко за правецот, особеностите и главните претставници Ками и Бекет со нивните дела. Не ги спомнувајте многу Јасперс, Хајдегер, а уште помалку Ниче...ќе ви отиде воведот во повеќе од 100 зборови. Преодната реченица од вовед кон главен дел ќе зависи од темата, т.е. насловот што ќе го дадат. Во главниот дел ќе си обработите тоа што се бара (не раскажувајте! одбегнувајте л-форма, користете се со анализа на ликови и слично). Пак треба да имате една преодна реченица од главен кон завршен дел и во завршниот како една сублимација. Тоа секогаш се мислам што да пишувам и малце послабо ми оди. :D Не користете премногу стилски фигури, да биде онака школски, пошто ако е премногу уметнички може нема да им се допадне на тројцата што ќе го прегледуваат.

Мислам дека е доволно објаснување за есејот. И да, би требало исто да се бодуваат и слободната и другава тема.
 
Според она што го пишува на www.matura.gov.mk кажува дека ќе треба да разработиме најмалку два лика од две различни дела, што значи и Мерсо и Владимир и Естрагон..

А бидејќи во ,,Чекајќи го Годо" се 4 лика вкупно, може да направиме споредба на тие ликови и како се надополнуваат меѓусебно..
 
А се прашувам,за што егзистираат? Што ќе им донесе Годо,кога всушност незнаат ни зашо го чекаат ? Апсурд е тоа во ред,ама што би се пишувало на таа тема,ќе се кажи оти незнаат зашо го чекаат оти си расправаат нивни работи додека го чекаат и после? Од каде да се извадат 400-500 зборови на оваа тема???
За Странецот сите би напишале и по 1500,ама за овоа...мислам страшно.Недај Боже овие два глупи лика да ги има
Има што да се пишува, но по моја логика би одело во комбинација со друго дело, односно нема да е САМО ова вклучено.
Да си прашам пошто ништо не сватив.Од темите за правците може да има две теми едната за егзицијализмот а другата за апсурдот?Така?Или тоа е една тема па треба да се напрваи споредба во еден есеј за Мерсо и овие двајцата што го чекат Годо.Дај појаснете што како треба да се пишува.

Егзистенцијализам го подразбира апсурдот. Освен тие два, може и Проклета авлија да е вклучена.
 
Сите што се од Корчагин нека се јават на рецепција одма :).
 
ај некој од тие што правеле македонски матура ако сака да каже какви прашања отприлика има?
 
Вака, претходната година полагав матура. Не е тешко доколку четирите години добро сте ги прателе часовите. Делот со прашањата е лесен, во најголема мера одговорот е во самото прашање што се вели. Е сега треба да имате и барем основни познавања од граматика и синтакса. Пишувањето е малку поглупаво, мислам дека него и најстрого го оценуваат, каде ќе стасаат таму кратат поени од есејот, колку и да ти е добар, ако не е по вкусот на тестаторот кој ќе го прегледува тестот, ќе ти бидат одземани поени. Последните текстови се онакви општи и после нив следуваат прашања чии одговори ги има во тексот, изгледаат прости но не треба да се брза, треба убаво да се види што се бара во прашањето. Прашањата на заокружување на крај се внесуваат во посебен лист кој оди под скенер и така компјутерски се прегледува, така да многу е важно како ќе обоите и кој одговор ќе го обоите во тој лист. Во врска со оценувањето, не постои бодовна табела која кажува од колку до колку поени е 5ка, 4ка итн...се зема општиот резултат од матурата од цела држава, и според тоа се формира табела за оценување, пример ако голем дел од тестовите се со голем број на поени, во тој случај дијапазонот во кој ќе се движи 5ката ќе биде многу мал и обратно. Пример, јас лани имав 4ка со 91,8%, а 5ката почнуваше од 93%...ама ете, среќа. И еден совет, прво смирено напишете го есејот, без брзање, а потоа преминете на останатиот дел, има време за се, 4 часа се сосема доволни. Поздрав и многу среќа!
 
ај некој од тие што правеле македонски матура ако сака да каже какви прашања отприлика има?

Отвори си на matura.gov.mk таму ги има тестовите од сите години и плус имаш и клуч.
 
Сепак јас мислам дека,повеќе привилегија има тоа да земеш тема шо е поврзана соп матерјалот одошто слободна,оти тоа шо си го пишувал можеби оценувачот нема да се согласи со тоа и че го бодува помалце.Професорката цело време ни велеше да земеме темата поврзана со делата...
 
Нешто околу теоријата за подобро/послабо оценување на есеј. Аргументите во слободната тема можат да бидат многу субјективно оценети од оценувачите и од тука следуваат и приказните дека овие теми се оценуваат послабо. Сепак, оние што се вешти манипулатори со зборови тука можат многу повеќе да се извадат со помалку знаење.

Од друга страна, на темата што е од даден правец/дело треба да се употребат конкретни факти и може помалку да се зезне работата.
 
Да си прашам пошто ништо не сватив.Од темите за правците може да има две теми едната за егзицијализмот а другата за апсурдот?Така?Или тоа е една тема па треба да се напрваи споредба во еден есеј за Мерсо и овие двајцата што го чекат Годо.Дај појаснете што како треба да се пишува.

не си сфатил добро... една тема е за еден од правците во литературата, а другата е слободна тема
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom