Матура

  • Креатор на темата Креатор на темата elektro
  • Време на започнување Време на започнување
Чеј, уат? Па во прашање се сигурно 7-8 дела плус избор на поезија од 5 автори...сепак на крај мислам ќе бидат Ками и Бекет...

А едно прашање, веќе на матура не даваат текстови од типот на молба/жалба/приговор итн, така? Има нешто ко шпекулација дека наводно може да дадат такво нешто, мада мислам дека го исфрлија тоа.

Ученицитеќетребадапишуваатедентекст, приштоќеимаатможностдаизберат, насамиотденнаиспитот, далиќепишуваатнаслободнатемаилинатемаизвлеченаодматеријалоткојсереализираспореднаставнитепрограми, асе делодиспитнатапрограма. ДПМКсеодлучи за оваа испитна година темата да ја извлечеодпериодот - Книжевните правци во 20 век и современата литература (воиспитнитепрограмисенаведениавторитекоиприпаѓаатнаовојпериод). Учениците задолжително ќе треба да изберат дела и автори од светската книжевност кои го отсликуваат овој период , но во пишаниот одговор на темата ќе може да дадат примери и од националната литература.

Еве убаво пишува во ова што е „Препораки...“ дека ќе биде од светска литература, но можеш да спомнеш и некој наш автор со негово дело. Мада, нас професорката ни даде сугестија да не го правиме тоа. Подобро да го споменам Кафка со „Процес“ ако е темата за „Странецот“ на Ками.

Па тоа и не е баш 20. век. Втора половина на 19., крај на 19. „Три сестри“ и „Вишновата градина“ му се во првите години од 20. век.

Не е есејот англиски 140-180 зборови, а писмото 80-100? Тие два текста носат 35/70 бодови англиски (есејот 20, писмото 15).

Која една тема? Нас ни кажуваат само правец (пример модернизам за оваа година). Темата, т.е. насловот го добиваш на самото полагање.

Ќе нема... ни кажаа дека било исфрлено тоа од матурата :)
 
штом теми за есејот почнаа да дават по форуми не ќе да е на арно :facepalm:

A description of your favourite part of town
оваа нема шанси да биде. нели тестот е со шифри и овие што оценуваат не знаат кој од кого е, а ти ако пишуваш за дел од градот мора да нагласиш и за кој град пишуваш.

п.с. наместо твое име и презиме треба шифра нешто да ставиш или бројче тие ти даваат?
--- надополнето: 3 јуни 2013 во 17:42 ---
Така фино лепо може

Нас ни се падна формално писмо ( апликација за работа ) и есеј ( беше за загадувањето во Македонија ), но може да се падне неформално писмо, наместо есеј.
--- надополнето: 3 јуни 2013 во 09:33 ---

Треба да внимаваш многу на мала, голема буква, запирка, точка, маргини, на почетокот, и да од 80 до 100 +- 10 збора.

абе ете и еден пред тебе пишал дека не може две писма да се паднат ( а и јас како што знам, е дека не може ). МОРА есеј да има и едно писмо. неколку години наназад било неформално, ете лани вас ви дале формално што значи и за нас голема е веројатноста формално да се падне.
се надевам на полесни теми. па сеа што сака нека биде.
аман нека помине веќе еднаш..........:facepalm:
 
штом теми за есејот почнаа да дават по форуми не ќе да е на арно :facepalm:

A description of your favourite part of town
оваа нема шанси да биде. нели тестот е со шифри и овие што оценуваат не знаат кој од кого е, а ти ако пишуваш за дел од градот мора да нагласиш и за кој град пишуваш.

п.с. наместо твое име и презиме треба шифра нешто да ставиш или бројче тие ти даваат?
--- надополнето: 3 јуни 2013 во 17:42 ---

абе ете и еден пред тебе пишал дека не може две писма да се паднат ( а и јас како што знам, е дека не може ). МОРА есеј да има и едно писмо. неколку години наназад било неформално, ете лани вас ви дале формално што значи и за нас голема е веројатноста формално да се падне.
се надевам на полесни теми. па сеа што сака нека биде.
аман нека помине веќе еднаш..........:facepalm:

Дури мислам дека и не мора да пишуваш за твојот град. Пример, ќе пишувам за Лондон. Исто како што пред некоја година имало есеј: (на македонски ќе напишам) Едно нешто кое би го избрал со кое би ја претставил твојата земја и имало некои пишувале за Холандија и слично. Се мислеле дали да ги прифатат ама на крајот се сложиле дека во задачата не пишува стриктно за Македонија. :)
 
Не полагам англиски екстерен ама еве до кои можни теми дојдов.
1. A description of your favourite part of town
2. An essay of an invention you couldn't live without
3. A fan letter to someone you admire
4. A story about a dangerous experience
5. An essay whether you are for or against the use of email
6. A story about something that you looked forward to for a long time and finally happened
:pipi:

Нова сум на форумов, ама читкам одвреме навреме.

Повеќето од овие теми се задачи од writing од Headway учебникот. Тешко дека ќе се паднат истите.

Инаку писмото е 80-100 збора (поени не се одземаат ако има 70-110), а есејот 140-180 (исто не се одземаат ако има +/- 10).

Edit за прашањево над мене, бар кодови ти даваат да залепиш за да знаат кој тест е твој, а да нема име презиме напишано.:)
 
Да, да, твојот тест се води под шифра, која после ќе ја внесеш на Нет кога ќе проверуваш резултати. Тоа е така од икс причини, а и најдобро е така.
 
МАТУРАНТИИИИ ДА ЗАПЕЕЕМЕЕЕЕЕЕ

прво си изнаигравте, па после полагајте.
некој може да падне на матурата и после пак да биде 4та година и пак да биде матурант в година. така да џабе трошоци се прават.
прво да се положи треба па после славење, а не обратно.
ама ај, обратна ни е цела држава
 
a зошто ако паднам матура пак би бил 4та година ? :eek:
 
a зошто ако паднам матура пак би бил 4та година ? :eek:
не знам онака реков. ми се спие и не знам што пишувам.
ама пред да ме цитираш, верувај дека мојот пост ми звучеше логичен. сеа ме стави во мислење??....?...
 
Мене се ми изгледа не логично, и неорганизирано, пак ја прашав денеска професорката по македонски, и повторно ми вика сигурно темите ќе биле од "Чекајки го Годо" и "Странецот", друго да не пипкаме да не ни се измешало, а гледај тука шо пишуете вие...:eek:
 
За македонски јазик го слушнав следново и ако има некој инфо, нека сподели:

Се пишува есеј во врска со темите Егзистенцијализам (А Ками) и Театар на апсурдот (С. Бекет), но поврзани со македонските автори од 20. век!?!
Ви кажаа ли кои автори од македонската книжевност влегуваат во игра?

Есејот колку што разбрав, треба да биде од 350 - 500 збора!!
Важно е да не биде пократок или подолг, зашто таквите не ги ни прегледувале.

Осбено треба да се обрне внимание на ракописот и на правописот.

Има опција и пишување текст на слободна тема, ама тоа е многу широк поим. Можно е буквално се’ да се падне!
Најбитно е бројот на зборови и структурата, ако тоа утнеш ништо чудно да не ти го прегледаат. Јас имам ужасен ракопис па мислам дека одлично поминав на есејот, иако го пишував навистина споро, најбитно е да е читко, не може ногопис преку ноќ да стане ракопис :D

A и не знам што си мислите дека ќе ги дознаете темите тукутака пред полагање, јас ги знаев Англиски али ноќта пред полагање, Македонски не се дозна, исто така и минатите години имаше шпекулации па на крај дадоа за штурче :D
 
true blue,

20-тиот век е море од правци.
Не може да се во игра 7-8 дела, кога од егзитенцијализам ги имате работено само Ками и Бекет, од соц-реализам, Шолохов.
И од нив сте работеле по една книга.

На оваа страна пишува се’. И мене се’ ми е јасно.
Не ми е јасно зошто сите професори ширум државата се збунети и на нив не им е баш јасно кои можат да бидат темите.
 
7-8 дела зборев ако го вметнат и македонскиот модернизам (Пустина, Крпен Живот, Пиреј, Големата Вода, Црно семе, Диво месо, Црнила)...пошто тоа највеќе имаше конфузија. Али убаво си пишува таму во инструкциите. Светска литература од 20. век, а може да ги спомнеш и нашиве.
Иначе, Шолохов не е во програмата за матура.

Него едно техничко прашање: Дали ова ќе биде прва година кај што шифрарниците ќе ги ставаат на скенер?
 
Најбитно е бројот на зборови и структурата, ако тоа утнеш ништо чудно да не ти го прегледаат. Јас имам ужасен ракопис па мислам дека одлично поминав на есејот, иако го пишував навистина споро, најбитно е да е читко, не може ногопис преку ноќ да стане ракопис :D

A и не знам што си мислите дека ќе ги дознаете темите тукутака пред полагање, јас ги знаев Англиски али ноќта пред полагање, Македонски не се дозна, исто така и минатите години имаше шпекулации па на крај дадоа за штурче :D
тоа со ракописот нема баш некоја голема врска. ја прашав класната (проф. по мак, и и таа е една од оценувачите на државната матура) ми рече дека немало врска ракописот, воопшто тој не се оценувал. бидејќи добро знае каков ракопис имам јас ми рече да не му ја мислам многу за ракописот.
ако е убава содржината, ако има како што треба број на зборови...кој ќе го гледа ракописот?

п.с. повеќе посветете внинамие на Странецот и Чекајќи го Годо.........
 
Slusam od Korcagin skopje gi znaele prasanjata 100 % nemat nekoj da kazit :D
 
Slusam od Korcagin skopje gi znaele prasanjata 100 % nemat nekoj da kazit :D

Дезинформации се, барем по мое мислење. Верувај, ако некој ги имаше прашањата, немаше да се знае за тоа. Преризично е ако те фатат.

Иначе, тестовите уште не се готови како што знам, утре или задутре треба да ги носат во Државен испитен центар.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom