Матура

  • Креатор на темата Креатор на темата elektro
  • Време на започнување Време на започнување
колективна пауза е... ко одмор. Смееш само до вц (кое е исчистено од материјали ако некој скријал), а разговор меѓу ученици не е дозволен (за евентуално консултирање :cautious:)
Барем вака беше пред 2 години
Дааа, а лани одам во ВЦ јас и на вратата пишувани одговори и ливчиња по земјата фрлани.
На матурава дечки молете се да ви се падне професор кој што ќе ви дозволи да препишувате. Нас што не чуваше македонски, дали беше толку слепа, дали се правеше слепа незнам, ама се убивме од препишување, цел испит ни беше ист, само есејот различно го напишавме.
А во врска со темата на есејот што ќе се падне.....триста наслови на теми ќе прочитате, една ќе биде точна, ама појма нема да имате која е таа. Лани испадна тука темата, ама пред вистинската тема да испадне на форумов, пред неа уште минимум 30 други теми беа напишани....така да не верувајте во се што ќе прочитате.
 
Јас веќе недела ипол читав и тоа што беше попотребно учев (посебно делот за литература, и стилските фигури, бидејќи со анализи на песни не стојам баш најдобро). Оваа недела ќе се концентрирам повеќе на граматиката, и повторување на литературата, па се надевам ќе бидам доволно спремен во сабота и секако на поблагонаклонети професори :)

Иначе во врска со есејот, колку и да биде тешка слободната тема, подобро неа ќе ја одберам отколку темата поврзана со литература, навистина мислам дека повеќе ќе напишам така него вака, немам преголем страв од тоа, него кажете ми дали треба во пет параграфи да биде есејот или може во три (вториот, третиот и четвртиот) да бидат во еден?
 
Не третираат како глувци само некои експерименти прават врз нас ццц
 
Новина во спроведувањето на државната матура оваа година е што материјалите за спроведување на државната матура ќе се дистрибуираат најдоцна 2 до 3 часа пред почетокот на полагањето со цел да се минимизира ризикот од објавување на прашањата пред почетокот на полагањето, соопштија од МОН на прес конференција во недела.

извор : kajgana.com

:facepalm: ај да ти се невиди , нека ги кажат 5 мин пред почеток ако не :D . 5 години поминаа и сега дојдоа до огромното откритие дека предходните генерации предвреме ги дознавале прашањата и темите. Тоа ти е.. абе баксуз невиден :D :D
 
И што е тука чудно, па поарно така да направат.. а не прашањата да ги земат некои ден пред тоа и да ги набубаат и 5ка..
 
Пред некој ден слушнав на вести многу од матурантите во Штиш успевале да се запишат на факултет со положена училишна матура (околу 53%),и тоа на правен и немале никакви проблеми при уписот,па доколу има некој информации околу ова нека пише.
 
И што е тука чудно, па поарно така да направат.. а не прашањата да ги земат некои ден пред тоа и да ги набубаат и 5ка..

па да, донекаде и ти си во право, може и поарно ќе е така

Пред некој ден слушнав на вести многу од матурантите во Штиш успевале да се запишат на факултет со положена училишна матура (околу 53%),и тоа на правен и немале никакви проблеми при уписот,па доколу има некој информации околу ова нека пише.

тоа може , ама само на факултети каде има недостиг од ученици, инаку оние со државна матура секогаш имаат предност пред оние со училишна , барем така би требало да биде.
 
Се молам само да има што поише ќутуци оваа година :D Боље 5ката да е од 91% него од 97 како пред 2 год :D
 
Ако може некој да ми каже дали на див може да се влезе со училишна матура оваа година?
 
извор : kajgana.com

:facepalm: ај да ти се невиди , нека ги кажат 5 мин пред почеток ако не :D . 5 години поминаа и сега дојдоа до огромното откритие дека предходните генерации предвреме ги дознавале прашањата и темите. Тоа ти е.. абе баксуз невиден :D :D
Не верувам дека ова нешто многу ќе промени, тој што решил да ги најде тестовите ќе ги најде и така и вака.
 
Дали некој знае каде може да најдам објаснување за акцентски целости со два полнозначни зборови, проклитика и енклитика? Тоа не е објаснато во прирачникот, а го имало претходните години, и некако сигурен сум дека ќе го има и годинава. Фала. Поздрав.
 
Видете, за положување, со сигурност ќе го положите тестот ако сте со нормална интелигенција али ако сакате да бидете тешка конкуренција на државните факултети тогаш ќе треба да се испотите малку. За приватните некаде не ви ни треба матура :D
 
Дали некој знае каде може да најдам објаснување за акцентски целости со два полнозначни зборови, проклитика и енклитика? Тоа не е објаснато во прирачникот, а го имало претходните години, и некако сигурен сум дека ќе го има и годинава. Фала. Поздрав.
За сето ова имаш во еден учебник од Просветно Дело (2000 година), „Македонски јазик за средното образование“ од Стојка Бојковска, Лилјана Ѓуркова, Димитар Пандев и Живко Цветковски, на страна 84. Побарај го од некој од постарите генерации, сигурно го имаат.
 
дајте да најме некој битолчанец.. слушам таму се печателе тестовите неколку години по ред :P
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom