Матура

  • Креатор на темата Креатор на темата elektro
  • Време на започнување Време на започнување
Секој ден почнувам од “утре“ да учам у пм некоја мрза ме фати, денеска дефинитивно после почнувам со Македонски :D
 
Абе, има некаде бодовна табела од тестот македонски да видам до кај сум.. ? Така набрзина ( со исклучок на есејот ) на тестот утнав 9 прашања т.е губам 9 бода.
 
Абе, има некаде бодовна табела од тестот македонски да видам до кај сум.. ? Така набрзина ( со исклучок на есејот ) на тестот утнав 9 прашања т.е губам 9 бода.
Ме интересира за каков тест зборуваш?
Ако го има онлјан ако може линк.
 
Ако е таков вид на тест во ред, дека имаше спомнато бодови.
Па спомна бодови дека згрешил 9 прашања. На страната погоре би требало да го има и клучот со одговори на секој тест, па да видиш колку бодови си изгубил зошто не сите прашања носат исто бодови.
 
па за тој од предходните години зборам, никаде не сретнав табела на бодови затоа..

вкупно мислам би требало да бидат 100 бода , е сеа од колку до колку е 4 , 5 ..
 
па за тој од предходните години зборам, никаде не сретнав табела на бодови затоа..

вкупно мислам би требало да бидат 100 бода , е сеа од колку до колку е 4 , 5 ..

Не се дели по некој систем на поени кој ќе има 4 или 5. Значи се основа скала според најдобриот...Пример ако е 100 поени тестот и најдобриот има 95...тој ќе има 100 перцентили, па сразмерно каков ќе биде успехот надолу ќе се утврди од колку перцентили ќе биде 5 и 4. Значи се зависи од најдобриот кој ќе има 100 перцентили и тие што се послаби од него. Јас лани имав со 88.73 перцентили 4ка, а со 89 беше 5ка...исто и математика пример со 75 перцентили можеше да имаш 5ка зошто разликата помеѓу најдобриот и другите под него била голема, за разлика пример со англиски каде се случуваше дури и со 90 перцентили да имаш 4....

Не плашете се, не е толку страшно како што го пумаат професориве и телевизииве :)
 
Би сакала да прашам нешто. Не најдов некој да спомнува за програмата математика годинава и ме итнересираше дали оваа програма е онаа потребната за основно ниво ? Многу повеќе материјал има во Збирката за матуранти .
 
Можна ли е промена на екстерниот изборен предмет?
 
Можна ли е промена на екстерниот изборен предмет?
Ако планираш сега да менуваш екстерен не верувам дека ќе успееш. Кај ти текна баш сеа на 10тина дена пред полагање да менуваш екстерен предмет, ај интерен да беше може и ќе можеше некако иако и за тоа мислам дека е тешко зошто се е одамна пратено во министерство (барем така нас ни кажуваа :D)
 
Математиката тешка ми се виде, мене дури сега ми текна убаво да ги разгледам тестовите.

А и не сакам голема оценка, битно ми е само поминам.
 
Математиката тешка ми се виде, мене дури сега ми текна убаво да ги разгледам тестовите.

А и не сакам голема оценка, битно ми е само поминам.
Една другарка знам дека смени екстерен предмет во март и мислам дека тоа беше краен рок за менување, ама не сум 100% сигурен
 
Една другарка знам дека смени екстерен предмет во март и мислам дека тоа беше краен рок за менување, ама не сум 100% сигурен
Не може да се смени, прашано е
 
Многу напнат периодов ми е со матурава, веројато и тоа е кај сите матуранти. Колку часа на ден мислите дека е потрено за да с положи матураа со солидно. Јас учам 5 часа најмногу, без пауза по македонски.Англиски вежбам да пишувамформлно и неформално писмо. И уште нешто дали некој знае каква тема би треба да има на матурата по англиски оти навистина не знам што да очекувам, а знам дека добри поени даваат текстовите...
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom