Матура

  • Креатор на темата Креатор на темата elektro
  • Време на започнување Време на започнување
Не ви даде професорот прашања?
Не бре ја мрзи да прај :D само ни кажа кои лекции да ги учиме и се на се околу педесетина се. А незнам шо ми текна и мене да изберам,се изненадив колку работи имам забораено оти во прва и втора само учев историја
 
Ај некој нека даде кај да учиме англиски за тие писма што се како се пишуваат :)
 
Кој има полагано до сега математика? Дозволуваат ли користење на формули или калкулатор? Знам дека официјално е забрането, но може ли да се погоди тој што би ни бил надгледен професор да „прогледа низ прсти“ кога би извадиле лист формули или калкулатор?

Премногу глупо ми е забрана на форумли, да се учат на памет. А за калкулатор ај, разбирам зошто не би сакале да го користиме
Според правилникот калкулатор не е дозволено ... но сепак тука кај нас непостојат правила , они се само пишани :)
 
Кој има полагано до сега математика? Дозволуваат ли користење на формули или калкулатор? Знам дека официјално е забрането, но може ли да се погоди тој што би ни бил надгледен професор да „прогледа низ прсти“ кога би извадиле лист формули или калкулатор?

Премногу глупо ми е забрана на форумли, да се учат на памет. А за калкулатор ај, разбирам зошто не би сакале да го користиме

Не можеш да ризикуваш и да очекувш дека тестаторот ќе ти дозволи дигитрон да користиш или формули... Има многу, но во однос на формули што ќе треба на факултет да ги знаеш тоа не е ништо. И бројките се премногу едноставни за да треба пресметки со дигитрон. Ако крајно решение ти е дропка, остави го такво, немора да се дели :)
 
Секако пола од формулите можат да се изведат една од друга но се губи повеќе време така. А и навикнат сум во средно со дозволени формули и калкулатори, па да се надеваме дека ќе нема некои големи пресметки па да ми треба калкулатор :D
 
Според мене, оваа матура по тежина е мислам после пилотот од 2006. Таа е најтешка, дефинитивно, но и оваа не беше нешто лесна како претходните години. Сепак, прашањата беа потешки од претходните години.
 
Секако пола од формулите можат да се изведат една од друга но се губи повеќе време така. А и навикнат сум во средно со дозволени формули и калкулатори, па да се надеваме дека ќе нема некои големи пресметки па да ми треба калкулатор :D

Не знам колку ви кажаа ама доколку полагаш основно формули за калота, топкин исечок, засечок, засечена пирамида, засечен конус не треба. Исто така, секој формула што содржи тригонометриска функција не треба. Не сум сигурен, aмa мислам декa ниту формулите од комбинаторика (повтоување, бз повторување, кобинации, варијации, пермутации) не требаат.
Да, безвезе е да се учат на памет, амa тоа е. Така одлучиле :)
 
Тригонометриски функции ќе нема на тестот. Формулите за комбинаторика до сега мислам дека требаше да се користат во 2 задачи (од тестовите од 2009 па наваму) и тоа во примери како 2 коцки за играње (каде што е очигледно дека бројот на настани би бил 36). Па и не е проблем за комбинаторика, ако не ти текнува формулата можеш и рачно да ги пишуваш сите можни настани, и онака имаш време
 
Македонски е секогаш ленес.. годинава беше малце потежок, ама сепак не беше некој екстрем. прашањата со дополнување беа малце двосмислени и тоа не сите..
Математика, пак, е секогаш тежок. Да се надеваме дека ќе е полесно годинава иако имам слушнато дека тие што полагаат математика полесно минуваат од тие англиски, кај нас од 150 ученици само 11 полагаме математика.. уште да ни се погоди тестаторот како денес што ни се погоди и ќе биде супер :)
 
Секако дека не беше претешка, сепак тие за Албатросот и не беа баш лесни, како и граматиката. Имаше и двосмислени.
Сумирано, не беше тежок, но за разлика од лани, а воедно и претходните години беше потешка.
 
и која беше темата македонски..со тунелот? многу ме интересира
 
и која беше темата македонски..со тунелот? многу ме интересира

Едната беше за романтизам нешто а слободната беше за влијанието на масовните медиуми врз луѓето така нешто .. а за англиски во Вторник немам појма што треба да се учи, слушам нешто неформално писмо друго што би требало да има ?
 
и која беше темата македонски..со тунелот? многу ме интересира
Слободната беше: „Дали масовната комуникација ги зближува или оддалечува луѓето“ , а за таа за романтизмот не ми текнува како беше точно ама беше за роматичарските јунаци и пишеше без раскажвање на делата. Ко го прочитав ова последното, се откажав од неа :)
--- надополнето: 10 јуни 2012 во 00:28 ---
Едната беше за романтизам нешто а слободната беше за влијанието на масовните медиуми врз луѓето така нешто .. а за англиски во Вторник немам појма што треба да се учи, слушам нешто неформално писмо друго што би требало да има ?
Абе разлистајте ги тестојте англиски и јасно ќе ви биди. Формално, неформално, молба, жалба, покана, прифаќање/одбивање на покана, e-mail. То можи да ти се падни.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom