@Bold: Мене тоа ми е сосема јасно и тоа не го спорам, она што ме збунува е твојот предходен став "За материјата да постои ние мораме да имаме идеа за неа"
Класичен контра аргумент на тоа ти е телевизијата, дур глеаш телевизија, глеаш документарка за пример,
дознаваш дека постојат толку многу ствари за кои никад у живот не си ни помислила, односно не си ни имала идеа -.-
Шо значи дека тие постојат без разлика дали ти имаш идеја за нив

Патем, за што се сметаш себеси? За субјективен или објективен идеалист? о.0
Колку само знаев дека ќе ми реплицираш вака..
Тие работи шо јас ги гледам на тв-постојат без разлика дали сум ги видела пред тоа или не, не тврдам дека нешо постои само ако ЈАС го видам и тачка.
Но за да постојат-треба да имаме идеја за тие исти работи.
Пример, јас не знам дека постојат 9730378 села во светов, т.е. не ги знам сите по име и локација, ама тие постојат а и идејата за секое едно село е присутна.
Ако јас го видам тоа село на тв ќе станам свесна за неговото постоење.
Инаку, да, како нешто ќе постои ако јас неам идеја за него?
Ако видам јаболко-тоа постои само зашо јас знам дека тоа е јаболко, имам идеја за тоа во мојата глава дека она шо е пред мене е јаболко...
Субјективен идеалист.
уште еден тапа пример , идејата за вонземјани потекнуваод идејата дека ние овде на оваа планета постоиме, што под дифолт се поставува прашањето дали има некои таму надвор.
Ако овде на земјата се создал живот тогаш мора да има живот и на други планети.Идеата за вонземјаните е како резултат на нашето осознавањето за планетаат наша и универзумот то ест вселената во овој случај.Психолошко пресликување ти би требало тоа да го знаеш

Друг пример маги?
аха...
И според тебе изворот на идеите е?
Некако ми е чудно, значи постои идеа а не материја. Чисто ме интересира како постоела идејата пред ние луѓето добиеме повисоко ниво на свест?
Не знам зашо ми објаснуваш од кај нас ни е идејата за вонземјаните и зашо имаме и дека 4 страни се корисни за нас и блабла...
Јасно ми е мене зашо тие работи постојат, не мора да ми црташ...
Поентата ми е дека
нема матерјален доказ за нивно постоење, но идеја има.
Шо значи дека идејата може да постои без да постои материјата а материјата НЕ може да постои без да се има идеја за таа материја.
Шо се однесува до делот кај шо се праиш паметна дека знаеш психологија повеќе од мене...

icon_lol

Луѓето се плашат дека се сами во цела вселена и затоа бараат докази за постоење на друг живот. А и немаат објаснување зашо баш ние сме тука баш на оваа планета баш во ова време..Филозофија, би требало да знаеш, во слушај да не-google is your friend.
Кој пример и да ти го дадам може да кажеш дека е глуп и така да тераме до 100 и назад...
Ама пошо запнуваш(секако очекувам да пишеш дека е тапа пример)
Идејата за Бог е присутна, ама не постои матерјален Бог.
Идеја има - материја не!
И марсовче, ова е 6-ти пример, тоа би било 6-0, јас тебе 6 примери, ти мене 0.
Магдуш бе, па ти треба да си свесна дека материјата е основата на универзумот. Самиот небесен простор по себе е материја. Тоа е по дефиниција, и тоа е по состав. Ти навечер небото го гледаш темно, тоа дејствува на твоите сетила со што значи дека тоа е материјата. А материјата е сета објектвина стварност.
Ако си идеалист (а според она што го читам си субјективен идеалист) тогаш ти сметаш дека идеата е онаа која е примарна. Според тебе (ако си субјективен идеалист), за нешто да се материјализира треба да биде перцепирано. Небото го перцепираш како пространо-бесконечна површина со што самото небо е веќе материјализирано.
Тачно, материјата е основата на универзумот, но како би постоел универзумот кога пред тоа не би постоела идејата за тоа.
Тоа ти е исто ко да напраиш куќа ама да немаш предходен план како да ја направиш куќата.
И да, субјективен идеалист сум.
И како шо пишав и предходно
Кога глеаш нагоре-викаш дека глеаш кон небото а всушност гледаш кон сонце/месечина/ѕвезди/облаци/птици/летачки свињи итн.
Ама никогаш не гледаш во небото зашо тоа не ни постои, апстрактен поим е и тука е само идејата за тоа.