Математика + ЛОГИКА

  • Креатор на темата Креатор на темата gerard
  • Време на започнување Време на започнување
sky_dog<no1> напиша:
Имате x ступчиња и у врапчиња.

Ако на секое ступче седат по две врапчиња едно ступче останува празно.Ако на секое ступче седи по едно врапче тогаш едно врапче лета нема место кај да слета. Колку ступчиња колку врапчиња има?

3 ступчиња, 4 врапчиња
 
Fantom_oh напиша:
Секоја втора среда во месецот, четворица пријатели се собирале и играле карти, секогаш во иста соба. Во собата имало еден шифоњер, еден тросед, еден двосед, фотелја, телевизор, четири триножни столчиња и маса. Пријателите секогаш играле на масата кај четирите столчиња. Една вечер, ненадејно светлото се згаснало, и кога се запалило, еден од пријателите бил мртов. Дошол детектив за да ја испитат работата, и зел изјави од трите негови другари. Прашањето било шо праеше ко се згасна струјата?
1. Отидов да ја запалам.
2. Делев карти.
3. Местев подметач под столот за да не ми се нишат.

Од овие три изјави, детективот веднаш открил кој е убиецот.

Е па, кој е?

Па тој што делел карти.Како ли само делел кога немало светло?
 
малку е глупо образложението и незнам дали е точно ... мислам дека триножните столчиња се стабилни, па не може да се нишат
 
*n0t*0rd!nary* напиша:
малку е глупо образложението и незнам дали е точно ... мислам дека триножните столчиња се стабилни, па не може да се нишат

Точен одговор. :boki13:
 
SpiritoS напиша:
Наредно прашање би гласело:
Еден сериски убиец и тежок наркоман убил се што му било драго во животот и што му било во близина.После 20 затвор,кога се вратил дома незнаел каде ги ставил парите но се присетил дека само од нешто неможел да се ослободи.На кого ги дал парите?На мајка му, кучето во во автото под фонтаната во саксијата или кај девојка му.Е ова е заебано.Rumz ај сега да те видам а и сите што сакаат да се обидат?

Освен одговорот што ти го дадоа со саксијата друг логичен одговор е дека сериски УБИЕЦ нема потреба од криење пари, не е крадец па да ги сокрие...
 
Ај едно и од мене...

Женски труп во када, со убодна рана во стомакот.... Она е гола, а кадата е полна со вода. До неа има чаша вода, прозорот од WC-to е отворен, и надвор врне снег... Вратата од wc-то е заклучена од внатрешната страна (значи, она заклучила), а прозорот е на доволна висина за никој да не може да влезе преку него... што значи дека се самоубила... Но како!? Не е пронајден предметот со кој се прободела....

Што мислите!?
 
Ibrakadabra напиша:

1.Клучот со кој го заклучила вецето(доколку е таква бравата)
2.Ја скршила чашата и се прободила(доколку е стаклена)
3.Ако горниве два не се точни,немам друга идеа :toe:
 
Никој не може да влезе од прозорот, но може да излезе ;)
 
Не... :)
- Не е возможно некој да скокне од прозорот, премногу е високо...
- На клучот нема никакви траги дека се самоубила со него...
- Чашата не е скршена, цела си е...

100% е сигурно дека е самоубиство...
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom