Forrest Gump
низа1
- Член од
- 12 ноември 2009
- Мислења
- 7.038
- Поени од реакции
- 29.618
Massive Attack ја сочинуваат Robert '3D' Del Naja и Grantley 'Daddy' G Marshall. На самиот почеток со нив соработувал и Andrew 'Mashroom' Vowles.
Со своето креативно дружење започнале кон средината на осумдесетите како The Wild Bunch и оставиле траг како првиот sound system колектив во Велика Британија со микс од даб, реге, соул и хип хоп. Првиот сингл на триото The Wild Bunch бил 'Look of Love' и станал локален хит, а за продукцијата се погрижил вториот бристолски креативен тандем Rob Smith и Ray Mighty. Тие имале свој sound system 3 Stripe, а како Smith & Mighty ја потпишале 'Any Love', која се смета за прв сингл на Massive Attack.
И така, со групата Massive Attack се роди и трип хопот (оваа етикета која им е закачена не им се допаднала на членовите на бандата), уште попознат и како Бристол соунд, кој го карактеризира електронска музика во downtemp и настанал со спојувањето на тогашната британска хип хоп и хаус сцена. Печат на тој звук и целокупната бристолска сцена која во тие години е била центар на внимание на следбениците на новата музика е бил албумот “ Blue Lines ”на Massive Attack од 1991 година.
Три години подоцна го објавиле” Protection ”, кој станал синоним за неверојатен chill out и како гостин на овој албум се појавува пејачката на групата Everything bit the Gril Tracey Thorn која едноставно го освоила светот со својот глас во единствениот и незаборавен спој со нивната музика.
Полни четири години подоцна излегува далеку пожестокиот “Mezzanine”, последниот албум пред големата разделба на на креативната екипа, бидејќи само година дена подоцна Massive Attack ги напушта Andrew 'Mashroom' Vowles, a
Grantley 'Daddy' G Marshall си оди 2001. Во 2003 Robert '3D' Del Naja без нив двајца го објавува “ 100th Window ”, мрачен и во голема мера интимен албум, но и понатаму во нивниот препознатлив звук.
Во целата своја креативна приказна и создавање имаат соработувано со долга низа на големи и глобални музички ѕвезди од рангот на David Bowie, Madonna, Neneh Cherry, Mos Def, Sinead O’Connor, Tricky итн.Истовремено се имаат бавено и со ремиксирање на најголемите поп и рок ѕвезди на денешницата како U2, Lise Stansfield, Les Negress Vertes, Peter Gabriel, Garbage, Primal Scream, Manic Street Preachers…
Она што сиве овие години ги издвојуваше од останатите е специфичниот музички стил, исполнет со драматична атмосфера и единствената лирика која пак истовремено знаеја мајсторски да ја преточат во невидено сценско шоу. Нивниот доминантен музички ритам често е бил побавен него прeпознатливиот денс ритам на тогашната британска сцена, нивните гитари звучат поинаку, нивните дисторзии не се обични, нивните оркестрации не можат да се заборават и сето тоа провлечено низ некој вид на психоделизам и неизбежното влијаниe на даб и квалитетната продукција.
Дискографија
27 Март, 2006Collected
22 Април, 2005Bullet Boy
11 Октомври, 2004Danny the Dog
10 Февруари, 2003100th Window
20 Април, 1998Mezzanine
17 Февруари, 1995No Protection
26 Септември, 1994Protection
1 Јуни, 1991Blue Lines
И така некои ќе ги дефинираат дека не се за по дома, некои пак дека се пребавни за по журки, некои одат дури до таму дека се осеќаат прилично уморни после Massive Atack,некои дури се дрзнуваат да ги наречат и анемични и сувенири од деведестите кои сега звучат просечно, али ако навистина се обидете да им дадете шанса ( знам дека не има многу такви) тие делуваат толку рилекс, толку исцелувачки и толку магично. Пробајте ги ( оти грев е ако не сте го сториле тоа до сега) .