Не баш. Ложите комуницирале меѓу себе, и оттаму и потекнуваат знаците за распознавање и заклетвите (кои се дефинираат уште во Региус - 14-ти век, во која се спомнува дека статутите се потврдени од Ателстејн, што значи 9-ти век). Во истиот статут се регулира и годишното собрание на сите ложи - така што ложите имаат обврска да се собираат заедно и да дискутираат.
Околу хуманата платформа - повторно - Региус доста зборува и за тоа, а самото учење, само по себе наметнува таква платформа. Во минатото, пред ложите јавно да постојат - тој хуман и филантропски аспект не постои на ниво на ложа, туку само на ниво на поединци. Денес го има и на ниво на ложа и на ниво на поединци. Тоа е разликата.
Ќе ја побарам деновиве книгата на Стивенсон, не сум ја прочитал - но дури и раните документи на мешаното масонство (оперативно/спекулативни ложи), потврдуваат взаимно посетување и комуникација меѓу различни ложи.
И денес нема некоја поголема комуникација меѓу две различни ложи, освен кога станува збор за посети и јурисдикциски прашања. Освен тоа, секоја ложа работи потполно независно.