Филантропијата е дел од самото учење (Charity - добротворност, не е баш најточен превод, бидејќи не е сеопфатен превод на зборот). Како дел од учењето, постоела уште во најраните денови - со цел да го развие поединецот во тој правец. Денес, тој елемент го има сеуште. Но - не е насочен (ниту пак пред 1717 бил насочен) само кон сопствените членови (помагање на братот), туку и кон оние кои не се членови и кои дури не ги ни познаваш.
На ниво на активност на организацијата како целост - филантропијата не постоела пред 1717-та година, додека денес овој елемент е многу битен.
Така што - точно е тврдењето дека со јакнењето и развојот на организацијата, еволуирале некои од идеите (се развиваат од ниво на поединец, на ниво на организација), но не е точно дека основата на идејата не постоела претходно. Разликата меѓу масонеријата пред 1717 и денес е единствено и само во организациската поставеност.
Принс Хол настануваат токму заради едно од античките правила (изнесени и во Региус, а и подоцна во конституцијата од 1723-та година), а не заради подоцнежен развој. Напротив - подоцнежниот развој дозволува признавање на Принс Хол и взаимна соработка.