Еве, додека да тргне муабетот, ќе почнам јас со првите неколку минути од видеото:
1. Вели дека требало да се соблече по долна облека и така да влезе во ложата. Тоа не може да се случи. Кандидатот треба да се пресоблече, во облека која му се дава за таа цел (нешто многу слично на бела памучна кошула и панталони). Не е ништо поразлично од тоа што се прави со возрасни луѓе кога се крштеваат - кога треба да облечат бела риза. Во никој случај не може да влезе по долна облека во ложа.
2. Вели дека е принуден да ги симне бурмата, ланчето со крст, брезлетната. Не е принуден на ништо - ако не се согласува, може да си оди во секое време. Причината не е заради тоа што е бурма или ланче - а затоа што е метал (во античко доба, металот бил платежно средство). Ако имал пластичен или дрвен крст, никој немало да бара од него да го симне. Не треба да се носи ништо од метал на себе, и има многу јасна причина за тоа - кандидатот влегува во просторијата без никаква лична сопственост (симболичен приказ дека сите се еднакви, и никој нема повеќе од другиот, без разлика на тоа какви се во приватниот живот). Ова се случува само и единствено во првиот степен, а не како што вели тој во сите три!
3. Ако тој сметал дека веќе ја видел светлината - зошто тогаш барал прием во масонската ложа, кога основен мотив во масонеријата е токму потрагата по светлина?!
4. Во право е за една работа - ако човекот верува во нешто друго, а не во Исус, тој ќе биде прифатен како член на ложата. Личната вера е работа на кандидатот. Да, масонеријата смета дека сите религии се подеднакво валидни и вредни и дека не може да се стави една над друга.
5. Вели, масонеријата е базирана на премисата дека Бог не Се Открил Себе Си (hasn't revealed himself). Напротив - едно од прашањата кои се поставува на апликантот за членство е дали верува дека Бог Се Открил на човештвото и дека Ја Открил Својата Воља на човештвото! Ова не е тајно и се поставува на луѓето кои сеуште не се ни членови, туку само пројавуваат интерес за членство. Тоа е првата квалификација за да може да се оди понатаму со апликацијата.
6. Да, во секој степен кандидатот мора да ги прифати задолженијата на масонеријата (Obligation а не Oath!). Но, тоа е негов личен избор, ако не сака - не мора да продолжи - може да излезе на сред церемонија и да напушти.
Ова се работите од првото видео, вака набрзина. Можам истово и за другите три да го сторам... не знам дали има смисла...?
--- надополнето ---
Првиот појма неам кој е, а вториот го имам гледано на некои документарци како со факти и слики и видеа објаснува теории кои држат вода.
Зошто викаш дека е лудак? Го познаваш лично?
Ако некој дојде и ти каже дека е реинкарнација на Исус, вели дека со планетава владеат луѓе кои всушност навечер стануваат гуштери и се од вонземна раса на гуштери кои сакаат да го уништат човештвото... што точно ќе мислиш за него?