Ај да видиме шо одговори:
1. Вели дека требало да се соблече по долна облека и така да влезе во ложата. Тоа не може да се случи. Кандидатот треба да се пресоблече, во облека која му се дава за таа цел (нешто многу слично на бела памучна кошула и панталони). Не е ништо поразлично од тоа што се прави со возрасни луѓе кога се крштеваат - кога треба да облечат бела риза. Во никој случај не може да влезе по долна облека во ложа.
И сеа? Уште малку ќе испадне рекол дека влегол во боксерки. Ако каже дека влегол во undergarment, како ќе го преведеш тоа? долна облека?
2. Вели дека е принуден да ги симне бурмата, ланчето со крст, брезлетната. Не е принуден на ништо - ако не се согласува, може да си оди во секое време. Причината не е заради тоа што е бурма или ланче - а затоа што е метал (во античко доба, металот бил платежно средство). Ако имал пластичен или дрвен крст, никој немало да бара од него да го симне. Не треба да се носи ништо од метал на себе, и има многу јасна причина за тоа - кандидатот влегува во просторијата без никаква лична сопственост (симболичен приказ дека сите се еднакви, и никој нема повеќе од другиот, без разлика на тоа какви се во приватниот живот). Ова се случува само и единствено во првиот степен, а не како што вели тој во сите три!
Факт: не можел да влезе со бурма и крст. Се разбира дека не е принуден, сам избрал да стане масон. Арно ама, човекот објаснува дека морал да ги симне бурмата и крстот кои, за него, имале силна симболика -- верност кон сопругата и римокатолицизмот. Е сеа, да имал пластичен крст или бурма од плексиглас, дрн, дрн, дрн...
3. Ако тој сметал дека веќе ја видел светлината - зошто тогаш барал прием во масонската ложа, кога основен мотив во масонеријата е токму потрагата по светлина?!
Одговорено: to network with other lawyers. Зошто не би можело тоа да му биде основен мотив?
5. Вели, масонеријата е базирана на премисата дека Бог не Се Открил Себе Си (hasn't revealed himself). Напротив - едно од прашањата кои се поставува на апликантот за членство е дали верува дека Бог Се Открил на човештвото и дека Ја Открил Својата Воља на човештвото! Ова не е тајно и се поставува на луѓето кои сеуште не се ни членови, туку само пројавуваат интерес за членство. Тоа е првата квалификација за да може да се оди понатаму со апликацијата.
Спред твоево тврдење пристапувањето кон масонеријата повлекува и јасен исказ за епифанија или некое објавување на Бога. Ова е контрадикторно со масонските тврдења дека масонеријата не го дефинира бога, туку го остава тоа на членовите.
6. Да, во секој степен кандидатот мора да ги прифати задолженијата на масонеријата (Obligation а не Oath!). Но, тоа е негов личен избор, ако не сака - не мора да продолжи - може да излезе на сред церемонија и да напушти.
Еде де, тоа чоеков го направил. Станал масјтор масон (модел 32ка) видел што видел, не му чинело, се преумил, и излегол од масонеријата. И добро е да се сослуша едно вакво експозе, бидејќи дава директен увид што се случува при иницијацијата.
Но проблемот е што сите овие негови тврдења од видеото, може едно по едно да се негираат, без особена тешкотија.
Нема тука никаков проблем, ниту пак твоите негации држат. Тоа што ти цепидлачиш и се напињаш да ги извртиш тврдењата на бившиот масон си е твое право.
--- надополнето ---
Апокалипто ај те молам биди фер и не бриши постови по двојни критериуми. Кога директно ми се обраќаат имам право да ретерирам.
Значи, наместо да се арчи "витезот 32ка" со 500 евра, јас му нудам 5 долари да купи букварче и да почне од почеток, без нервоза. :smir: Тоа ќе биде полезно за општото ниво на дискусија на форумов.