Масони

  • Креатор на темата Креатор на темата Дивајн
  • Време на започнување Време на започнување
Зидарски - Каква е врската помеѓу членовите во ложите (пр. на твојата ложа)? Дали е повеќе од крвно братство или само искрено пријателство.
 
Врската е повеќе од искрено пријателство, но не е посилна отколку со семејството, од проста причина што семејството секогаш е на прво место.
Тоа не е само меѓу членовите на една ложа, а иста е врската меѓу членови кои воопшто не се познаваат и живеат на различни континенти.
 
А што е со семејтвото на масонот? Каква е нивната повзаност со Братството?
Како се третирани од страна на другите браќа?
 
Како семејство. Сопругата на мојот брат е моја сестра и се однесувам со неа така. Доколку нешто се случи со братот, тогаш останатите членови се грижат за потребите на семејството (сопругата, децата итн.)...
 
мислам дека масоните не се на арно на светов и дека имаат лоши цели
 
Дали Knights Hospitaller биле масони? :toe:

Едни од претходниците на современото масонство - да (откако Темпларскиот орден се присоединува со нив). Но не биле масони во современата смисла на зборот.
 
Едни од претходниците на современото масонство - да (откако Темпларскиот орден се присоединува со нив). Но не биле масони во современата смисла на зборот.

Да....то не ми беше јасно....:smir:...tnx 4 d info ;D
 
мислам дека масоните не се на арно на светов и дека имаат лоши цели
Се гледат дека имаш познавање од ова тема. Прочитај наназад неколку страни и ќе видиш дека си "во право". Поздрав
 
Карл Келнер, основачот на O.T.O., тврдел дека научил техники на сексуална магија од тројца мајстори на оваа уметност. Почнувајќи од 1904 година, Келнер и О.Т.О. почнале да се појавуваат во германскиот масонски весник „Орифлејм“ (Oriflamme), а изданието од 1912 година пишува:
“ Нашиот ред го има клучот кој ги отвора сите масонски и херметички тајни, имено тоа е учењето за сексуалната магија, а тоа учење без исклучоци ги објаснува сите тајни на масонеријата и на сите системи на религии."

Имате слушнато за овој фрик?:pos2:
 
Карл Келнер и Теодор Рус се основачите на ОТО. Алистер Кроули е идеологот, иако подоцна се вклучува.
Келнер бил масон, но откако решава да го формира ОТО, е исклучен од ложата, затоа што нарушува неколку од основните принципи на масонството... продолжува да тврди дека тој ги поседува "вистинските" масонски тајни и создава окултна организација околу таа идеја.
Во секој случај - ОТО нема врска со масонството.
 
Извинете за Оф-топик.....
Да не знае некој како се вика емисијата,поточно документарец во неколку дела,на НАША ТВ,се зборува за масонството општо,се и свашта има за масонството...:smir:
 
Da si mi ziv i zdrav uste 100 godini eve ti eden iskren masonski blagoslov (od spored tebe losite masoni)
не ми треба вашиот благослов, и нема што мене да ме благословуваш тои јас не викам ништо лошо за масоните туку кажувам онака како што сум слушнал
за масоните само знам дека се тајни организации кои никогаш не кажуваат што им е целта и за што постојат, кога самите не каживаат кои се и зошто се тогаш барам информации од разни места кои кажуваат дека масоните го владеат светот (значи сите војни и нереди) а слушнав дека хитлер ги убивал поради некаква причина.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom