Масони

  • Креатор на темата Креатор на темата Дивајн
  • Време на започнување Време на започнување
Дали Исак Њутон бил масон?

Ако е одговорено само дајте ми ја страната.
 
Не е одговорено, иако е спомнат во неколку постови.
Да, бил масон. Има напишано многу текстови на масонска тематика.
 
Еј интересна работа.Бев убеден дека не бил.

А Роберт Хук дали бил ако знаеш?
 
А Роберт Хук дали бил ако знаеш?
Спорно е. Во тоа време сеуште нема стабилни архиви, затоа што масонството е сеуште тајно, па за многумина мора да се бараат информации од споредни извори. За Њутон, се знае од неговите пишувања, каде има неоспорни докази. Повеќето од членовите на Кралското Општество (Royal Society) биле масони (со конкретни докази при тоа - податоци за членство, дати на зачленување итн.), па поврзаноста меѓу нив се оддава на нивното заедничко членство во ложата. Хук е доста близок со Кристофер Врен, кој е еден од основачите на "Колеџот".
На нив двајца им се припишува повторната изградба на Лондон по големиот пожар во 1666та година (двајцата во својство на главни архитекти).
 
Интересна година :)
 
Точно Врен бил голем архитект.Хук исто како Нутон и Врен биле во Кралското Друштво.Но Хук навистина го презирал Њутон и цело време го шпионирал.Се случило и во колеџот да дојде до вербална пресметка помеѓу нив.Ова го прашав бидејќи ако Хук бил масон исто како Њутон тоа би значело дека не биле баш "браќа".
Иначе пожарот бил намерно подметнат за да се прекине чумата.Барем така мислам.
 
zidarski-dali imate edno isto tajno pozdrauvanje site stepani ili kako odi pogore uci drugo tajno pozdravuvanje za da moze da se razlikuva ucenikot od majstorot.....:salut:
 
Секој степен има свои одлики - не само ракувања, туку и еден куп други работи.
 
Zidarski - Дали Големиот Ориент на Франција е призната и валидна масонска ложа ?

Дали знакот на ОН се состои од масонски симболики или има некои масонски значења или било каков удел од масонеријата ?

Милам дека имаш споменато ( но не можам да го најдам постот ) ако може да кажиш кој степен си ?
Дали во масонеријата постојат членови кои веруваат во оној таканаречениот Луцифер ?
 
За Њутон, се знае од неговите пишувања, каде има неоспорни докази.

Напишал некаде “Јас Исак Њутн сум масон“?

Не знам кој би бил “неоспорен доказ“
неоспорен би бил да има потврда / уверение од званично пизната и позната масонска ложа со нивен печат и потпис кој е заверен во државни архиви и регистри.

Се друго е рекла - казала.
 
Да, претпоставувам дека некаков (валиден) документ би бил неоспорен доказ за негово членство, но неговите текстови (некои), се доволен доказ за неговите масонски убедувања.

Секако, најповикани да одговорат на ова се сепак Масоните.
 
Zidarski - Дали Големиот Ориент на Франција е призната и валидна масонска ложа ?
Не. Биле до крајот на 19-тиот век, потоа не се, затоа што решаваат да го отстранат првиот критериум за членство и почнуваат да примаат и атеисти.
Дали знакот на ОН се состои од масонски симболики или има некои масонски значења или било каков удел од масонеријата ?
Не, не се состои од масонски симболи и нема поврзаност со масонеријата.
Милам дека имаш споменато ( но не можам да го најдам постот ) ако може да кажиш кој степен си ?
Највисокиот - мајсторски степен.
Дали во масонеријата постојат членови кои веруваат во оној таканаречениот Луцифер ?
Не. Имам за ова пишувано. Сатанисти не може да бидат членови.

Напишал некаде “Јас Исак Њутн сум масон“?
Не знам кој би бил “неоспорен доказ“
неоспорен би бил да има потврда / уверение од званично пизната и позната масонска ложа со нивен печат и потпис кој е заверен во државни архиви и регистри.
Се друго е рекла - казала.
Во периодот пред 1717-та година има многу малку "архиви", од проста причина што масонството е тајно друштво. Има некакви записи тук и таму, но многу малку. Сепак - за Њутон е доста јасно од неговите текстови дека бил. Дали тоа некој ќе го прифати како доказ или не - не менува ништо, ниту пак значи нешто, ниту пак го менува неговото значење како човек и како научник.
 
Не. Биле до крајот на 19-тиот век, потоа не се, затоа што решаваат да го отстранат првиот критериум за членство и почнуваат да примаат и атеисти.

Ова значи дека во Мakедонија имаме невалидна масонска ложа ?

Цитат:

"Жан Суирис (69), филолог по професија, е пензиониран француски државен службеник и член на француската масонерија повеќе од дваесет години. Заедно со уште двајца свои колеги - односно браќа, како што се нарекуваат слободните ѕидари меѓусебно - Суирис неделава престојуваше во Скопје за официјално да го "запалат огнот" во првата македонска масонска ложа на Големиот Ориент на Франција (Grand Orient de France - G.O.D.F.). Со тоа македонските масони, кои работат повеќе од една година во својата ложа во Скопје, и официјално станаа дел од Големата ложа на ГОДФ. За неколку години, велат упатените, може да се очекува формирање на Големиот Ориент на Македонија, што ќе биде настан од извонредна важност и вон самите масонски кругови.
Што е целта на вашата посета на Скопје?
Целта на слободното ѕидарство е да ги шири своите вредности низ светот. Скопје и Македонија се дел од светот. Веќе две години одржуваме односи со Македонците со цел да организираме наша масонска ложа во Скопје. Меѓу Париз и Скопје во последно време се одвиваше интензивна соработка и денеска сме овде да ја официјализираме нашата прва ложа во Македонија."
 
Ова значи дека во Мakедонија имаме невалидна масонска ложа ?
Во Македонија има само една регуларна Голема Ложа - Големата Ложа на Македонија.
Освен нив, Големиот Ориент на Франција исто така има свои ложи, но тие се непризнати и нерегуларни "масони". Односно - имаат признание само и единствено од Големиот Ориент на Франција, но не и од светски признатата меѓународна масонерија, која работи по старите правила, поставени од Големата Ложа на Англија.
Кога се зборува за масонерија, обично се мисли на признатата и регуларната - која има неколку милиони членови низ целиот свет, и која своите корени јасно може да ги проследи. Но - има и многу само-прогласени ложи, кои делуваат во најразлични земји, и кои себе си се нарекуваат масони - иако ние немаме ништо со нив. Иако таквите реално не се многу на број - обично се многу гласни :toe:.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom