Маслиново масло

  • Креатор на темата Креатор на темата DANTE
  • Време на започнување Време на започнување

DANTE

Gym instructor.
Член од
22 март 2006
Мислења
1.318
Поени од реакции
366
Локација
Аеродром
Здраво, сакав да прашам искуства со какво масло пржите?
Јас користам маслиново масло од ЛИДЛ големо пакување од 5 литри и на него пишува olive oil composed of refined olive oils and virgin olive oils. Прашањето ми беше дали со ова масло може да се пржи? Долго време го користам и стално го мачкам тавчето со ова масло пред да пржам меѓутоа ми спомнаа дека не се пржи со секое масло дека било канцерогено ако било ладно цедено. Има ли некој повеќе информации во врска со ова да ме запознае? Поздрав
 
канцероген е само стравот што ни го влеваат дека се е канцерогено.
 
Здраво, сакав да прашам искуства со какво масло пржите?
Јас користам маслиново масло од ЛИДЛ големо пакување од 5 литри и на него пишува olive oil composed of refined olive oils and virgin olive oils. Прашањето ми беше дали со ова масло може да се пржи? Долго време го користам и стално го мачкам тавчето со ова масло пред да пржам меѓутоа ми спомнаа дека не се пржи со секое масло дека било канцерогено ако било ладно цедено. Има ли некој повеќе информации во врска со ова да ме запознае? Поздрав

Зошто канцерогено? Па ладно цеденото масло е поквалитетно и поскапо од каде ти е информацијава дека може да биде канцерогено?
 
Здраво, сакав да прашам искуства со какво масло пржите?
Јас користам маслиново масло од ЛИДЛ големо пакување од 5 литри и на него пишува olive oil composed of refined olive oils and virgin olive oils. Прашањето ми беше дали со ова масло може да се пржи? Долго време го користам и стално го мачкам тавчето со ова масло пред да пржам меѓутоа ми спомнаа дека не се пржи со секое масло дека било канцерогено ако било ладно цедено. Има ли некој повеќе информации во врска со ова да ме запознае? Поздрав

За канцерогено врска си немаат освен ако не е некое застојано во пластична амбалажа. Затоа гледај секогаш датум на произвидство.
Е сеа за ладно цедено, топло цедено. Препорачливо е за пржење да го користиш топло цеденото, поради тоа што ладно цеденото е 50% до 100% поскапо а ефектот е речиси минорен. Ладно цеденото кога термички ќе го обработиш, малте не го добиваш истиот продукт, затоа повеќе се користи во зачинување на салати.
 
Здраво, сакав да прашам искуства со какво масло пржите?
Јас користам маслиново масло од ЛИДЛ големо пакување од 5 литри и на него пишува olive oil composed of refined olive oils and virgin olive oils. Прашањето ми беше дали со ова масло може да се пржи? Долго време го користам и стално го мачкам тавчето со ова масло пред да пржам меѓутоа ми спомнаа дека не се пржи со секое масло дека било канцерогено ако било ладно цедено. Има ли некој повеќе информации во врска со ова да ме запознае? Поздрав

Ладно цедено секогаш ќе биде помалку канцерогено од обичново. Обичново ем што го цедат на топло, плус вршат екстракција со хексан или некоја друга неполарна хемикалија, после го дестилираат хексанот или како беше.

Пржи си слободно и во ладно цедено ако не те удира по џебот. ;)
 
Пржи во обично сончогледово или од кикирики ако има. Ладно маслиново за салата.
 
Јас секогаш пред да си легнам со една голема лажица маслиново масло Екстра вирџин , а понекогаш со тоа масло шопска салата си правам само за мене се разбира бидејќи сум беќар :D
А кој ви кажа канцерогено или што и да е само ако почесто го користиш истото масло што е останало на тава колку почесто го користиш толку има шанса да биде канцерогено ;)
 
За салата е топ и измислено, веќе години години строго маслиново за салата се користи кај мене дома (y)
 
канцерогено е да,мајка ми ми потврди.Ама канцерогено е ако веќе еднаш испржиш нешто во него и после го чуваш за друго да испржиш наредниот ден.Инаку,најквалитетно масло после рибиното е :)))
 
Има ниска точка на топење, односно кога се загрева на високи температури лесно почнува да чади, со што менува и боја и вкус, а му се уништуваат и главните хранливи вредности. Ако бараш (по)здрава алтернатива за сончогледовото масло, пробај гроздово или кокосово масло. И двете може да се користат на многу високи температури, а имаат и понеутрален шмек, со што не ти се мешаат во вкусот на храната што ја готвиш.
 
Најубаво е да се пржи во свинска маст.
А инаку дали е канцерогено или не, сите масла во кои се пржи стануваат канцерогени, затоа што при висока температура го менуваат својот состав и стануваат транс масти.
Јас си користам домашно ладно цедено масло од Албанија веќе неколку месеци, а истото го продавам.Ми го носи еден старецза 350 денари а јас го продавам за 400 денари за литар ипол, колку да не е без ич.
Мириса на маслинки и е со боја на бензин. Неможе да се спореди со она што го продаваат по продавниците.
 
Aј вака ова ќе им се најде на многу...

Маслото кое се користи за пржење треба да има висока точка на чадење т.е температурата на која маслото може да се загрева без да чади. Путерот и маргаринот имаат ниста точка на чадење, не се добри за пржење, туку само онака за пропршување на варена храна за вкус. Најдобрите масла за пржење на високи температури се рафинираните масла како што се: сончогледовото масло, масло од кикирики и масло од соја. Рафинираните масла од бадем, авокадо и масло од памуково семе се исто така добар избор, али тешко може да се најдат кај нас.
Температурата на маслото е најважна кога се работи за пржена храна. Нормална температура, опсег за пржење е 325 ° F(162° C ) до 375 ° F(190° C). Повеќето храна се готви брзо во овој опсег на температура 325 ° F(162° C ) до 375 ° F(190° C) се добива златна боја, свежа текстура и добар вкус. Висока температура за пржење дава потенка корка и помала апсорпција на масло. Храната пржена на оваа нормална температура, апсорбира 8-25 проценти масло. Пржењето на пониски температури резултира со посветла боја, помалку вкус и зголемена абсорбција на масло.

Еве една табела со smoke point на повеќето масла...

Untitled1.jpg
Untitled2.png

Некои масла можат да трпат високи температури без да создаваат канцерогени компоненти. So people, use them wisely :D
 
Избегавајте да пржите со ладно цедено маслиново масло, се губи квалитетот.
Ладно цеденото масл.масло го користам за салати и за одредени смеси/хумуси за кои е потребно додаток на масло.
Ако сакате масло за пржење што не е канцерогено само кокосово масло, има голема термо-стабилност на висока температура.
 
Генерално има два вида на маслиново. Едното е обично и тоа е за готвење (пржење), а второто е ладно цедено (екстра верџин со зеленкаста боја) и тоа е за салати.
 
Значи вака интересна тема како маслиновото масло а види ова...ТАПА, ништо
Каде се дискутиите за квалитетот, како да се дојде до навистина екстра вирџин масло во Македонија зошто она што овде ни го продаваат како екстра вирџин тоа е она што останува кога во Италија, Грција или Шпанија ги мијат големите инокс цистерни каде се чувало обичното маслиново масло.
Како треба да изгледа едно квалитетно ладно цедено маслиново масло?? Еве еден прилог како е тоа во Хрватска..
https://www.youtube.com/watch?v=OrhCJhhhHFc
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom