Ја утнавте поентата на темава,ако беше тема за тоа кој со какви играчки си играл,ќе беше во општи муабети.
Значи,психологијата е битна.А таа,сама по себе,ми даде еден чуден резултат.Детето како такво ги нема оние хормонални импулси кои се добиваат на одредена возраст.Значи,како Табула Раса,прашањето дали традиционализмот е виновен за ваквите преференци или тоа е во природата на половите е многу битно.
Читав за еден тест на научници во институт во Лондон,кој имал за цел да докаже едно постапување одејќи по еволутивната теорија.Земале повеќе видови на играчки стеротипно познати како "машки" или "женски".Ги оставиле расфрлани низ импровизираната играчница,и пуштале по еден млад мајмун(не мислам на човечко дете,туку буквално на мајмун

),и тој одбирал некоја од тие играчки.
За да изборот не биде случаен,собрале 44 машки мајмуни и исто толку женски.Резултатот бил баш оној за кој се разговара на темава.Огромен процент од машките мајмунчиња си играле со колички,бејзбол палки,полициски значки и капи,пиштоли,топки.Исто толкав процент од женските мајмунчиња си играле со барбики,мечиња,пластични бебиња...
Ако ја земеме традиционалистичката теорија,која вели дека е скоро општествено правило родителите да ги "дресираат" своите деца во однос на нивниот пол,па да им купуваат играчки кои се "соодветни" за нивниот пол...тогаш ова биле мајмуни.Ги земале од шумата,ги однеле во лабараторија и тие таму првпат виделе играчки.И сепак,скоро секој од нив ги бирал баш тие "соодветни" играчки.
Дури и начинот на кој им пристапиле бил зачудувачки.Машките мајмунчиња ги буткале количките напред-назад.Женските ги држеле мечињата блиску до себе,покажувајќи неверојатна грижа да не ги испуштат или повредат.
Не сум верувал многу во одредени студии.Ама како теорија е интересна да се сподели.Еволуционо гледано,тоа е вроден код кај сите примати,и најверојатно и кај "предаторите,кои произлегле од нив."