Машински Факултет

  • Креатор на темата Креатор на темата DimceY
  • Време на започнување Време на започнување
аман бре што сте се фатиле сите за механика на цврсти тела тоа е најмал проблем (бар за мене ), заборавивте на механиката на флуиди :P
 
Kos_Prenos.jpgИмам едно прашање до машинците пошто не сум машинец:
Како се рачуна пренос на коси запчаници?
Нормално е број на заби од првиот поделено со број на заби од вториот.
Ама во мојот случај мислам дека и косината на забите(агол бета) има некаква врска со преносот.
Мислам дека што покоси заби толку побрзо вртење на запчаниците?
 
Размислувам да се запишам на Машински,поточно на Енергетика и Екологија.Може ли некој да ми каже како е на тој смер ,и има ли работа по дипломирањето.Фала однапред:salut:
 
Јас мислам дека ако веќе сакаш технички науки да се запишиш на градежен или архитектура.

Размислувам да се запишам на Машински,поточно на Енергетика и Екологија.Може ли некој да ми каже како е на тој смер ,и има ли работа по дипломирањето.Фала однапред:salut:
 
Јас имам завршено машински и тоа е најдобронамерен совет :toe:
 
Мене ми се сите 10ки на Машински, прв и втор семестар, ќе бркам стипендија и ќе и бидам колега на асистентката Бојана :)
 
Мене ми се сите 10ки на Машински, прв и втор семестар, ќе бркам стипендија и ќе и бидам колега на асистентката Бојана :)
каков колега на Бојана бе? за демон-стратор ќе се пријавуваш?
 
Планирам да се запишам на машински и неможам да се одлучам на кој смер да одам.
Бев на отворениот ден на машински и од презентацијата навеќе ми се допадна Термичко Инженерство. Што мислите вие за него? Дали е преспективно и има добри можности за вработување?
Истото така ми се допадна и Моторни Возила. Што мислите е подобро и со поголеми можности за вработување. Исто така да го земете во предвид можноста за работа во странство. Или да бегам на електро ^_^ .
 
  • првиот болд: да, добар смер. Сите се добри, ако завршиш машински факултет.
  • вториот болд: исто така...
  • третиот болд: Можноста за работа во странство? Ќе дојде прилика сама по себе. Да не се фалам, за 2 месеца заминувам на работа во странство.
  • Само не брзај со изборот. Електро е факултет кој користи простории (и плаќа ќирија) на машински факултет. Секоја година се запишуваат се` поголем број на бруцоши кои нема кај да седат на предавања и на вежби. Ако се запишеш таму, треба да бидеш упорен и да ѓи поминеш фазите на филтрирање...
*За Електрашите: Nothing Personal...
 
Jas sum na motorni vozila. Sto i da izberes nema da zgresis od tie dva smera. Barem mene mi se tie 2 smera najbolje na fakultetot i mi licat ko najperspektivni sto ne znaci deka drugite ne se. Ali bilo sto da odberes nema da zgresis :)
 
А што велите за Мехатроника смерот на машиски. Ми фаќа доста око и тој. Има ли добри можности за работа со него?
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom