џимеј
џимилино
- Член од
- 4 март 2007
- Мислења
- 10.439
- Поени од реакции
- 25.379
Ја имав веќе спуштено ама чим ја отвори @ob1 темава, и поготово кога видов дека @wot коментирал, си реков ќе прокрастинирам со работа денес и ќе ја изгледам. Изгледа немам веќе кондиција за маратонско гледање, иако беа кратки епизодите, ме здоболе главата па морав да правам пауза. Измеѓу епизода 5 и 6 свртив еден круг покрај езеро, пуштив тикет, се исповидов со фиљан љуѓе и назад дома. И некаде до тука ми беше океј денот. За жал, вториов дел од гледањето ми беше досаден и апсолвиран, за разлика од првиот (да речеме до кај епизода 4) кој ми беше свеж, иновативен и креативен.
Нешто од добрите страни на серијава - кратка е и не го чини многу време гледачот, и во најлош случај да не му се допадне некому, не потрошил којзнае колку часа на Вандавижн.
- Има интересен концепт и комбинацијата на стилови, техники или како и да ги наречам е свежа и допадлива, особено во првите три епизоди кога станува збор за класичен ситком.
- Елизабет Олсен. @wot прецизно елаборира на темата и нема што да додадам, се е кажано.
- глумата на девојката што ја играше Агнес.
- глумата на Пол Бетани, иако не можам да му го смислам акцентот
- мистеријата околу првите епизоди
Нешто од не-толку-добрите страни, што според мене ми беа чекор назад на толку добар старт. Се знае дека Марвел има огромна и пред се лојална фан база, и најголем проблем е дека се се преувеличува, па така и референците, истер егс и слични занимации за суперфановите.
- Серијата има ужасни 8 и 9 епизода кои се ослонуваат на ефекти и прераскажување преку дијалог. Една од најслабите точки на буквално сите филмовии и серии од Марвел што сум ги гледал е дијалогот. Тука имаше многу кринџ реченици. Умрев од смеење кога на сред борба, Ванда им вели на децата да си одат в соба. Не било каде, туку в соба. Зошто побогу?
Дијалогот е особено лош кога ти вреѓа интелигенција и ти раскажува се буквално до детаљ. За тоа беше задолжена Агнес, која во една епизода што личеше на A Christmas Carol не однесе на сите места од минатото на Ванда за да си ја постигне целта... А целта беше? Искрено она што најмногу ме збунува е Агнес како антагонист. Разбирам дека сака да ја открие тајната на Ванда и целата оваа креација наречена Вествју. Но прашањето е зошто? Се надевам некој ќе ми одговори и разјасни, ама јас не гледам никаков контекст освен потребата Агнес да биде негативец for the sake of being негативец.
Зошто Агнес би ѝ кажала на Ванда дека е Скарлет Вич, наместо Ванда (а и ние покрај неа) да го откриеме тоа без да ни биде кажано? Јасно ми е дека овие моменти се за широката публика која сака да ѝ биде разџвакано, ама не мора до олку. Се што се градеше во првите епизоди ми пропадна во последните две.
- Џими Чу, тој непотребен азиец-американец ми беше ужасно непотребна дистракција. Неговиот лик немаше никаков arc и само ни потроши време. Сите сцени надвор од Вествју беа веќе видени, и ова ми е најголемата замерка за креаторите - или држи се до свежите елементи, или направи уште еден Марвел филм. Разбирам дека се ова е од еден ист универзум, ама ако е така, зошто тогаш се занимававме со предолгата експозиција, ако на крајот дали со неа дали без неа, приказната ќе тераше по истиот пат што го дефинираа филмовите? Војска, астрофизичарка која е воедно и хакерка, агентка која секако дека е суспендирана од шефот за потоа сама да се избори за правдина, итн итн, се ова ми ја направи серијата делумно комплетна. Не е дека не уживав во неа и ми е мака што ја гледав, напротив, ама не е од оние серии кои ќе ги памтам по нешто wow.