Јас тренирам веќе 3та година џит кун до...тоа е слично на мма,само што има удари во гениталии,бодење очи и слично,нормално на тренинг не се бодеме во очи туку се фаќаме погоре кај аркадата некаде и исто така имаме техники со нож и ескрима...
Тренингот секогаш започнува со 20-25 круга во сала,истегнување,колук напред-назад-во страна,одреденото за тој тренинг(дали БЏЏ,винг чунг,бокс,кик бокс,борба на под и слично) потоа следува повторно трчање со склекови,во просек околу 80 на тренинг,некогаш и 120,ама ги осеќаш како 500 да се,пошто на крај на тренинг се прават
стомачни 8 вида по 10-15 повторувања,трчање шпринтови,скокање препреки,супермен склекови,често правиме вежби за издржливост,како мавање подлакт во подлакт,потколеница во потколеница,исто така се редиме како сардини и прво не газат тренерите па како му доаѓа редот на секој гази по другите на стомак,некогаш тренерите не маваат а некогаш некој од постарите членови додека трчаме,со бокс,отворена дланка,нога во стомак,исто така правиме и по 1 минута да те мава во стомак со голи раце со боксови,па 5 секунди одмор па ти него,така 4-5 минути секој...исто имаме и медицинки од по 2-3 кила,правиме и стомачни па да ти ја фрла на стомак,или правиш склек-те мава со нога во стомак,и така до 25 склекови,правиме чучњави со човек на грб,трчаме со човек на грб,ползиме со човек околу тебе како мајмуни
и да,покрај с томачните и склековите,секогаш правиме и по 100 чучњави одеднаш,и по 50-60 грбни.
За возраста нема граница,ако сакаш да учиш,ќе се вклопиш брзо.Ниту килажата игра улога,доколку сакаш рекреативно да ти е тоа,односно да не вадиш пари од тој спорт(мада не ни можеш во државава ама ај)