МАРС 2014 - Најдобра МК песна за 2014

  • Креатор на темата Креатор на темата Meripav
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
9 ноември 2014
Мислења
11
Поени од реакции
5
Возраст
55
- МАРС 2014 -
ФИНАЛНА РАДИО СЕЛЕКЦИЈА

Гласање за Избор на фановите на Фан страната на МАРС 2014

1. ТАМАРА – Тажна љубов, среќна песна
2. ЛОЗАНО - ВЛАТКО ЛОЗАНОСКИ – Мандарина
3. НОКАУТ – Добро утро, будење
4. ДИМИТАР АНДОНОВСКИ – Само тоа го можеш ти
5. САРА МЕЈС – Врне, врне
6. БЕТА ХАУС – Емили
7. ВИКТОРИЈА ЛОБА & ДЕКСО – Само мој
8. TYZEE – Дома си е дома
9. КРИСТИНА АРНАУДОВА – Земи ме
10. БИБА ДОДЕВА – Врати се

----------------------------------------

Еден лајк - еден глас.
Гласајте за својот фаворит или омилената песна. ↓

( https://m.facebook.com/makedonskiradiskifestival/albums/1562680827277665/ )

Гласањето започнува на 07.11.2014 година во 11.00 часот и трае до 21.11.2014 година до 12.00 часот
 
Attachments

  • uploadfromtaptalk1415560821608.jpg
    uploadfromtaptalk1415560821608.jpg
    87,4 KB · Прегледи: 14
PS Тажна љубов, среќна песна е песна на деценијата, така да не влегува во оваа категорија.
 
Последно уредено од модератор:
Стварно Тажна љубов, среќна песна беше многу вртена и во глобала ми се допаѓа, исто и оваа Земи ме од Арнаудова.
 
Oној Лозаноски треба да се скрие некаде. Мандарина :facepalm: После таква песна не треба во јавност цела наредна година да се појави.

Али од друга страна Сара Мејсссссссс. Koлку е ...музикална. :cuc:
 
Сите овие песни да ги ставам во едно нема да можам да извадам ниту една целосна со сите нишани.
Песниве кои ги имаат направено некако ми изгледа како да ги правеле ради реда колку да се каже дека тие нешто прават но реално не вадат квалитет.
Би сакал да гласам и би гласал но со овие песни не.
 
На Нокаут песната е нешто најдобро што го издале одамна, а онаа на Тамара арно рече некој погоре - песна на деценијата е. Со музика на Билбилов (најдобар мак. продуцент за забавна музика) и текстот од Игор (исто најдобар текстописец, кога сака стварно да напише) секако нема промашај. А и оди напрај песна со тој наслов. И онаа на Бета Хаус е добра.

Сепак се подобри од The Sound Messengers :)
 
Последно уредено:
Бираат радиски хит а дали воопшто некој од овие песни се стварно радиски хит. Колку се овие пуштани по нашиве радио станици ?

Кај нас еднаш во некој термин ќе пуштат македонска песна или е тоа само во некоја емисија со мак топ листа. После тоа цепаат странска музика цел ден.
 
Не си изгледа информиран за законот со кој се обврзани да пуштаат Мак музика не сум сигурен со колкав процент во денот. Меѓутоа мора да пуштаат и да, сите овие песни се вртени на радијата.
 
Не си изгледа информиран за законот со кој се обврзани да пуштаат Мак музика не сум сигурен со колкав процент во денот. Меѓутоа мора да пуштаат и да, сите овие песни се вртени на радијата.
Сум информиран но еве јас ги слушам Метрополис и Антена 5 најчесто. Они пуштаат повеќе странско одколку македонско. Антена 5 во полноќ пушта македонска музика и тоа ретро песни кога ќе се раздени 8 часот тогаш ќе почнат со странски хитови кој ги вртат цел ден едни те исти, има понекогаш нешто македонско колку да не речат нема ништо македонско и ради законот.

Мислам дека најдобро е еден час македонско еден час странско да се пушта.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom